Синот на Мајкл Џордан ја заврши врската со екс сопругата на Пипен!? - Канал 5

Синот на Мајкл Џордан ја заврши врската со екс сопругата на Пипен!?

Според американските медиуми, синот на легендариот кошаркар Мајкл Џордан, Маркус Џордан по повеќе од една година врска раскинал со екс сопругата на Скоти Пипен, провокативната старлета Ларса.

Синот на Мајкл Џордан ја заврши врската со екс сопругата на Пипен!?

– Решиле да се одвојат малку време за да размислат за нивната врска – изјавил за „People“ извор близок на парот.

- Ова нема врска со семејството, туку со нивниот личен развој. Гласините за раскинувањето на 49 годишната Ларса и 16 години помладиот Маркус се појавија пред неколку дена, откако ријалити ѕвездата престана да го следи своето момче на Инстаграм и ги избриша сите нивни заеднички фотографии.

По крајот на оваа контроверзна романса најзадовелен сигурно е таткото на Маркус, можеби најдобриот кошаркар во историјата НБА ѕвездата Мајкл Џордан.

Веста за раскинувањето одекна во американските медиуми бидејќи нивната врска од самиот почеток беше многу контроверзна и предизвика многу проблеми во односите со семејството на Џордан.

Бидејќи Ларса претходно беше во брак со легендарниот кошаркар Скоти Пипен долгогодишниот соиграч и пријател на Мајкл Џордан.

Тие двајца го сочинуваа еден од најдобрите тандеми во историјата на НБА лигата.

Парот привлекуваше внимание на секој чекор. Секако најзаслужна за тоа беше провокативната Ларса која секаде се фалеше со нивниот богат сексуален живот.

- Секогаш имав интимни односи барем четири пати на ден, дури и кога бев во брак со Скоти. Таа бројка сега е поголема. Сега имам секс најмалку пет пати на ден, и тоа со мажот на мојот живот – изјавила еднаш Ларса.

Маркус го потврди тоа и нагласи дека мора да биде во форма, и дека „и на двајцата им се допаѓа тешко и одзади“.

Нивната врска беше особено тешка за таткото на Маркус, познатата НБА суперѕвезда Мајкл Џордан, кој со години се дружеше со Скоти Пипен и беа еден од најдоминантните тандеми во историјата на кошарката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

 Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе.

Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“.

Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“?

„Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци.

Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти.

За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

Македонскиот атлетичар Браја Авиа синоќа на Светското првенство во атлетика за младинци до 20 години постави нов државен рекорд во скок во далечина.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

На шампионатот во Орегон младиот Авиа предводен од тренерот професор Ѓорги Вучков со скок од 7,04 метри што е негов личен рекорд го освои 24 место во конкуренција на 30 скокачи од целиот свет.

Македонската атлетика доби уште едно историско достигнување!

Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер