Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
СветСинот на Џо Бајден ги призна обвиненијата за нелегално поседување оружје и даночни малверзацииХантер, синот на американскиот претседател Џо Бајден, постигна договор за признавање на вина за даночни обвиненија и за оружје, завршувајќи ја петгодишната истрага која вклучуваше постојани републикански тврдења дека се прикриваат злосторства.Хантер Бајден (53) се согласи да се изјасни за виновен по две точки од обвинението за неплаќање федерален данок на доход и призна дека нелегално поседувал пиштол и покрај тоа што бил корисник на дрога, објавија обвинителите. Договорот за признавање вина меѓу Хантер Бајден и американското обвинителство во неговата родна држава Делавер ќе треба да биде одобрено од федерален судија. Синот на претседателот најверојатно нема да се соочи со затворска казна. Според „Вашингтон пост“, обвинителите ќе бараат условна казна за обвиненијата за данок и оружје. Претседателот Бајден (80), кој најави дека планира да се кандидира за реизбор следната година, и неговата сопруга Џил (72), издадоа кратка изјава по објавувањето. „Претседателот и првата дама го сакаат својот син и го поддржуваат додека тој продолжува да го обновува својот живот“, соопшти Белата куќа. „Нема да имаме дополнителни коментари.“ Американскиот обвинител Дејвид Вајс, именуван од поранешниот претседател Доналд Трамп, рече дека Хантер Бајден се согласил да се изјасни за виновен по „две точки од обвинението за намерно неплаќање федерален данок на доход“. Според обвиненијата, Бајден, адвокат и лобист образуван на Јеил, навреме не ги поднел своите даночни пријави за заработка од повеќе од 1,5 милиони долари за 2017 и 2018 година. Во двете години тој должел повеќе од 100.000 долари данок на тие приходи. Секоја точка носи до 12 месеци затвор и парична казна до 100.000 долари или двојно повеќе од она што требало да го добие со кршење на законот. Вајс рече дека Хантер Бајден, исто така, се соочува со едно обвинение за „поседување огнено оружје од лице кое е незаконски корисник или зависник од контролирана супстанција“. Хантер Бајден призна дека во минатото се борел со крек, кокаин и други дроги. Тој нема да биде кривично гонет поради обвинението за оружје, туку ќе влезе во она што е познато како „пренасочување пред судење“, кое често вклучува советување или рехабилитација. Во изјавата, Кристофер Кларк, адвокатот на Хантер Бајден, рече „Моето разбирање е дека петгодишната истрага за Хантер е решена. „Хантер ќе ја преземе одговорноста за двата случаи на прекршок со не поднесување даночни плаќања кога требало“, рече Кларк. „Знам дека Хантер верува дека е важно да ја преземе одговорноста за овие грешки што ги направи за време на период на превирања и зависност во неговиот живот“, додаде тој. „Тој со нетрпение очекува да продолжи со опоравувањето и да продолжи напред. Трамп, кој се соочува со обвиненија за кривично дело во Флорида за неправилно постапување со владините тајни и обвиненија во Њујорк за плаќање пари на порно ѕвезда, се обиде да ги спореди своите правни проблеми со оние на синот на претседателот. Трамп остро го критикуваше договорот за признавање вина како обична „сообраќајна казна за прекршок“ за Хантер Бајден и „измама“ за мешање во изборите. „Нашиот систем е распаднат! порача Трамп во објава на неговата платформа Truth Social. Трамп во моментов е фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година и може да се соочи со Бајден следната година во реприза од трката за Белата куќа во 2020 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБез вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаЈанчев: Силно невреме попладнево го зафати КавадарциСилно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти. На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино. Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето. На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите. Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато. Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата. За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 3. септември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 3. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите. Кариера Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција Здравје и совет Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација. Вага 24.9.-23.10 Љубов Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат. Кариера Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други. Здравје и совет Покажете ги своите таленти. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов. Кариера Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат. Кариера Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино. Здравје и совет Вашите пријатели можеби ве шпионираат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред. Кариера Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Нервоза и замор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува. Кариера Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм. Здравје и совет Ништо не може да ве изненади. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање. Кариера Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат. Здравје и совет Немир и несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови. Кариера Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно. Здравје и совет Сетете се на своите приоритети. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат. Кариера На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи. Здравје и совет Клопчето треба да се одмота до крај. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето. Кариера Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи. Здравје и совет Свртете се кон иднината. Лав 23.7-22.8. Љубов Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега. Кариера Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент. Здравје и совет Презентирајте ги своите идеи. Добри се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter