3Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
СветСинот (3) на познатата ТикТокерка почина три дена откако беше пронајден како се дави во базенСинот на ѕвездата на „TikTok“, Емили Кисер, почина – неколку дена откако бил изваден од базен во дворот.Триг Кисер, кој имал три години, бил пронајден во базенот на 12 мај и итно бил пренесен во болница во критична состојба. Но, тој им подлегнал на повредите шест дена подоцна, потврди полицијата во Чендлер, Аризона за CBS филијалата KPHO-TV. Телото на Триг било пронајдено откако полицијата реагирала на повик за давење на нивниот имот. Полицајци и пожарникари веднаш стигнале на местото и му давале CPR. View this post on Instagram A post shared by EMILIE KISER (@emiliekiser) Бил пренесен со хеликоптер во детската болница во Феникс, но починал. Полицијата вели дека истрагата сè уште е отворена. Триг почина само неколку недели откако Емили го доби своето второ дете со сопругот Брејди. Инфлуенсерката го роди малиот Теодор и неговото доаѓање го објави на социјалните мрежи на 29 март. Таа сподели слика на која таа и Брејди го држат новороденчето во прегратка. „Те сакаме толку многу и срцата ни се чувствуваат како да ќе пукнат,“ напиша таа. „Бескрајно сум благодарна за лесно породување, здраво бебе и најдобриот сопруг.“ Го опиша Брејди како нејзин „столб“ и додаде: „Љубовта што ја чувствувам за моите момчиња е бесконечна.“Триг наполни три години во јули 2024 година и Емили му оддаде чест со трогателна објава. „Имаме толку среќа што го имаме нашиот Триг,“ напиша таа во описот. „Среќен роденден на нашето омилено момче на целиот свет, не можеме да дочекаме да ја започнеме третата година.“ View this post on Instagram A post shared by EMILIE KISER (@emiliekiser) Таа сподели слика од малото дете како се смее и држи нова колекција Hot Wheels колички. Емили и Брејди поставиле балони со натпис „Happy Birthday“. Емили има три милиони следбеници на „TikTok“ и 1,2 милиони на Инстаграм. Во последниве денови беше тивка на социјалните мрежи. Последен пат објави пред шест дена, со наслов на серија фотографии: „Обожавам добра серија слики и добар ден за фризура.“ Сподели и емотивна фотографија од Брејди и нивните две деца како лежат во кревет, пренесува „Сан“. Емили сè уште не се огласила за смртта на Триг.Тагови: смрт ТикТок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНародната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД БитолаНародната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура .Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура и која спред најавите утре ќе влезе во стечај. Според одлуката на НБРМ грааните во следниот период ќе можат неделно да подигаа само по 10 ооо денари .За само едноноќие од банката се подигнати околу 2 000 000 евра , соопшти на вонредна прес конференција гувернерот Трајко Славевски. Одлуката за преземање на банката ја донел Ивршниот одбор на НБРМ и мерката која е веќе на сила е од привремен карактер, за најмалку т месеции е вонредна заради зачувување на имото на банката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
Шоу бизКралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓетоСлавниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго. Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака! Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто. Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата. Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен. Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело. Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook