3Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку
3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ТенисСинер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот Светскиот тенисер број 1, Јаник Синер, изјави дека освојувањето на титулата на Вимблдон е остварување на неговиот детски сон и оти научил многу од неодамнешниот пораз во финалето на Ролан Гарос.„Пред натпреварот, разговаравме за тоа како никогаш не можевме да замислиме дека ќе бидеме тука кога бевме деца. Ова беше мојот сон, бидејќи делуваше толку далеку од местото од каде доаѓам. Сега го живеам мојот сон“, рече Синер. Во вчерашното финале, Синер го победи шпанскиот тенисер и второрангиран на АТП листата, Карлос Алкараз, со 4:6, 6:4, 6:4, 6:4, за три часа и три минути игра. Италијанскиот тенисер се осврна на поуките од поразот на неодамнешното финале на Ролан Гарос во кое загуби од Алкараз по пет сетови. „Поразот во Париз беше многу болен. На крајот на краиштата, не е важно како победувате или губите, туку да разберете каде сте погрешиле и да работите на тоа. Се обидовме да го прифатиме тој пораз и продолживме да тренираме. Тоа е една од причините зошто сега го држам овој трофеј“, рече Синер, кој идиот месец ќе го прослави 24. Синер стана првиот Италијанец во историјата со титула, а воедно ова е негов четврти грен слем трофеј кариерата. Алкараз го доживеа својот прв пораз во финалињата на грен слем турнирите и остана на пет трофеи на најголемите турнири. Синер за освоената титула на Вимблдон заработи три милиони фунти, додека Алкараз инкасираше 1.520.000 фунти.Тагови: Јаник Синер тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војнаНа стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенцијаПроектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција. На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција. Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата. „Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски. Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството. Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДесетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194На речиси еден саат по еден колабиран на улица. Од утрово до пладне Брза помош интервенирала за четири колапси, а исто толку имало и во вчерашната дневна смена. Лекарите од службата велат дека деновиве се повеќе граѓани се јавуваат на 194 барајќи совет како да си помогнат за да можат да „го изгураат денот“ поради вртоглавици, болки во пределот на слепоочниците и омалаксаност. Симптоми на метеоропатија чувствуваат и млади и здрави луѓе, вели Д-р Елена Пиловска која појаснува дека топлото и променливо време, особено пред невреме, знае да направи силни промени во општото здравје. Метеоролошките улови не влијаат само на физичкото здравје, туку може да доведат до голем пад на концентрацијата, затоа во кога има високи температурни разлики и промени во атмосферскиот притисок се препорачува зголемена внимателност, особено зад воланот. Освен да се пие голема количина на вода и да се внесува полесна храна, овошје и зеленчук, лекарите препорачуваат да се користи секој слободен миг и да се замине на планина, во природа богата со кислород, односно да се вдише чист и незагаден воздух. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter