Синдикатот повика на протести по отвореното писмо на Макрон: Да се потсети дека изгуби - Канал 5

Синдикатот повика на протести по отвореното писмо на Макрон: Да се потсети дека изгуби

Железничкиот огранок на Генералната конфедерација на трудот (CGT), најголемиот синдикат во Франција, повика на протести на 18 јули.

Синдикатот повика на протести по отвореното писмо на Макрон: Да се потсети дека изгуби

Железничкиот огранок на Генералната конфедерација на трудот (CGT), најголемиот синдикат во Франција, повика на протести на 18 јули, денот кога треба да се состане новоизбраниот парламент, по вчерашното отворено писмо од францускиот претседател Емануел Макрон, во кое побара од „републиканските сили“ да формираат „цврсто мнозинство“.

Протести треба да се одржат пред седиштето на државните органи низ земјата и пред Националното собрание во Париз со барање левичарската коалиција Нов народен фронт да формира влада.

„Да не дозволиме да ни ја украдат победата!“

Претседателката на CGT, Софи Бине, ги повика сите да учествуваат на протестните собири за да се „држи Националното собрание под лупа“ и да се обезбеди „да се почитуваат гласовите на граѓаните“.

Таа навести дека протестите би можеле да продолжат и за време на Олимпијадата.

Бине го повика Емануел Макрон да „излезе од фазата на негирање“ бидејќи ги „изгубил изборите“.

„Имаме впечаток дека Луј XVI е затворен во Версај. Ако (Макрон) не ги почитува резултатите од анкетите, ризикува повторно да ја втурне земјата во хаос“, рече таа.

Бине предупреди дека Макрон како претседател мора да гарантира почитување на институциите.

„Емануел Макрон мора да го земе предвид фактот дека загуби, мора да назначи премиер што ќе го предложи Новиот народен фронт и да го остави Новиот народен фронт да формира мнозинство во Собранието“, посочи таа.

Во отвореното писмо, Макрон ги повика „политичките сили со републикански вредности“ да формираат владина коалиција и рече дека се надева дека ќе избере премиер од таква група.

„Се надеваме на способноста на нашите политички лидери да покажат разум, хармонија и смиреност во вашиот интерес и интересот на земјата. Во светлината на овие принципи, јас ќе одлучам за назначувањето на премиерот“, рече Макрон.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

притисни ентер