Стручните лица советуваат максимално да го намалите консумирањето на преработени овошни сокови.
Црниот дроб и панкреасот се од клучна важност за целиот организам, па и мало нарушување на нивната работа може да има големи последици врз здравјето. Овие два органа неуморно работат на одржувањето рамнотежа во организмот. Додека црниот дроб делува како главен филтер за детоксикација и метаболизам, панкреасот го регулира шеќерот во крвта и варењето.
Нутриционистот Дубравка Тишма наведува дека двата органи се изложени на токсичните и штетни влијанија кои во голем дел потекнуваат од храната.
Овие два органа се важни за целокупното здравје, бидејќи од нивната функција зависи нивото на шеќер, масти, витамини во телото.
-Црниот дроб е најголем внатрешен органи кој врши над 500 важни функции. Ја чисти крвта од токсини (алкохол, лекови и штетни материи) ги складира витамините (А и Б-12) и минералите (железо во форма на феритин), го преработува билирубинот од еритроцитите. Ја произведува жолчката која е неопходна за варење на мастите. Го регулира метаболизмот на холестеролот и во метаболизмот на протеините го разградува амонијакот во помалку токсична материја. Со разградување на јаглехидратите ја депонира гликозата во гликоген, кој го одржува стабилно нивото на гликемија – вели Тишма.
За црниот дроб е многу подобро да изедете овошје, отколку да се напиете цеден сок.
-Фруктозата која во големи количини ја има во индустриските сокови, слатките и пченкарниот сируп е едноставен јаглехидрат (монохидрат), кој се нарекува овошен шеќер. Црниот дроб е единствениот орган кој може да ја метаболизира фруктозата, претворајќи ја во триглицериди. Вишокот на триглицериди доведува до неалкохолно замастен црн дроб. Исто така, фруктозата го зголемува нивото на мочна киселина која се таложи во вид на кристали на зглобовите и надвор од зглобните ткива предизвикувајќи гихт. Се препорачува да се ограничи внесувањето на фруктоза, така што ќе јадеме цело овошје, а не преработени овошни сокови кои поради технологијата на преработка содржат поголема концентрација на фруктоза. Освен тоа, во овошјето фруктозата е врзана во сахароза, или во растителни влакна, многубројни витамини и минерали и така потешко доаѓа во крвотокот, отколку кога е слободна, како во соковите и пченкарниот сируп – нагласува Тишма.
Која храна најмногу корисна за црниот дроб?
Природните зачини (лукот, куркумата, магдоносот)
Растителни влакна кои помагаат да се исфрли холестеролот (зелка, јаболка, овес, лен)
Омега- 3 масни киселини (риба, ореви и чиа семки)
Антиоксиданси (куркума, боровинки, зелен чај)
Растителни протеини бидејќи полесно се варат од животинските (соја, грав, леќа)
Панкреасот е регулатор на шеќерот во крвта и има две главни улоги:
Произведува инсулин (го намалува шеќерот во крвта) и глукагон (делува на складирањето на шеќерот во црниот дроб – глукагон кој ја ослободува гликозата во крвта кога е потребно).
Лачи ензими за варење на мастите, протеините и јаглехидратите.
Храна која е добра за панкреасот:
растителни влакна (го забавуваат апсорбирањето на шеќерот)
омега-3 масни киселини (намалуваат воспаление)
антиоксиданси (ги штитат клетките кои лачат инсулин)
бројни протеини (го олеснуваат варењето)
Според нутриционистот, кога користите преработени производи треба да ги читате етикетите и да ги избирате оние со најмалку адитиви.