Симулација која покажува што се случува со телото кога не јадете повеќе од 19 часа - Канал 5

Симулација која покажува што се случува со телото кога не јадете повеќе од 19 часа

Брзото темпо, работата и обврските прават постојано да балансирате помеѓу правилната исхрана и вежбањето.

Симулација која покажува што се случува со телото кога не јадете повеќе од 19 часа

Многу луѓе вложуваат сериозен напор во промената на навиките

во исхраната, но и покрај тоа, килограмите не се намалуваат. Експертите предупредуваат дека понекогаш причината не е во храната, туку во времето кога ја јадеме.

Имено, јадењето или грицкањето пред спиење може да му испратат погрешен сигнал на телото. Наместо да согорува масти, телото почнува да ги складира, а доцните оброци можат да имаат уште еден непријатен ефект - да ве направат погладни следниот ден.

Не треба да јадеме по 19 часот

Правилото според кое не треба да јадете по 19 часот за многумина звучи како урбана легенда, но научните истражувања покажуваат дека има вистина во тоа. Ако успеете да ја надминете вашата вечерна желба за храна, телото влегува во поздрав циклус на инсулин, чие ниво останува пониско во текот на ноќта. Ова го забавува варењето и го префрла телото во режим на согорување масти.

Таквиот ритам не само што помага при губење на тежината, туку ја намалува подуеноста, го продолжува чувството на ситост во текот на денот и ја олеснува контролата да не грицкате помеѓу оброците. Покрај тоа, не јадењето навечер практично носи придобивки од таканареченото интермитентно постење, бидејќи поголем дел од 12-часовниот пост едноставно се преспива.

Што покажала студијата на Харвард

Студијата на Медицинскиот факултет на Харвард дополнително потврди дека јадењето доцна навечер може да има сериозни последици. Научниците ги поделиле учесниците во две групи - оние кои јаделе порано и оние кои јаделе доцна навечер, со строго контролирана исхрана.

Резултатите покажале дека групата која јадела подоцна доживеала значителни промени во нивоата на хормоните на гладот, ​​лептин и грелин. Нивото на лептинот, одговорен за чувството на ситост, било намалено дури 24 часа, поради што тешко тие тешко одолевале на грицките. Покрај тоа, телото согорува калории побавно за време на спиењето, а биле забележани и промени во генската експресија поврзани со зголемено складирање на масти.

Професорот Френк Шир, водечки автор на студијата, истакнува дека и поместувањето на оброкот за само четири часа подоцна, може значително да влијае на нивото на глад, начинот на кој вашето тело согорува калории и складира масти.

Доцната вечера, исто така, влијае на квалитетот на сонот

Јадењето доцна навечер значи дека вашето тело сè уште вари храна додека се обидувате да заспиете. Ова го зголемува ризикот од појава на киселини и лошо варење, го зголемува нивото на шеќер во крвта и го отежнува квалитетниот сон. Лошиот сон, пак, ја отежнува контролата на апетитот следниот ден.

Ако успеете да престанете да јадете најмалку три часа пред спиење, може да се разбудите поодморени, со повеќе енергија и постепено да забележите промени во обемот на вашиот струк. Понекогаш, се чини, не е работата во друга диета, туку во часовникот на ѕид

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер