ЗдравјеСимптоми на рак на бели дробови, 90% од пушачите се со најголем ризик!Познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ (63) почина на 15.11.2023 г. како последица од рак на бели дробови. Секоја година во нашата земја, во периодот од 2012-2021г., според Институтот за јавно здравје има по 6.908 нови случаи заболени со рак. Прва причина за смрт кај мажите е ракот на белите дробови, а кај жените е ракот на дојка. Скопскиот регион предничи во абнормални заболувања. По смртност од карцином на белите дробови сме меѓу првите земји во Европа. Пушењето како најголем ризик Најлошо од сè е што ракот на бели дробови е злоќудна болест која практично нема никакви симптоми, сè додека не биде во поодмината фаза кога практично лечењето е невозможно. Според лекарите најважно е да се подигне свеста од опасностите што ги носи ракот на белите дробови. Симптоми Ракот на бели дробови најчесто нема рани симптоми, пациентот може да биде болен, а да не знае за тоа. Првите негови симптоми се појавуваат кога болеста напредувала и тие се: -кашлица што трае подолго од две недели -искашлување крв дури и во помала количина -краток здив -болка во градите -зарипнатост -губење на тежината - болка во коските -главоболка Ризик фактори: Пушење – ризикот од ова заболување расте со бројот на цигарите што ги пушите секојдневно, како и тоа колку години пушите. Престанокот на пушењето значително го намалува ризикот од развој на рак на бели дробови. Изложеност на пасивно пушење – дури и ако не сте пушач, ризикот од оваа болест се зголемува доколку сте изложени на пасивно пушење. Семејна историја на болеста – лицата чии родители, или брат или сестра, имале рак на бели дробови, имаат зголемен ризик од оваа болест. Превенција Не постои начин да се спречи ракот на белите дробови, но ризикот може да се намали. -Не пушете! Ако не сте пушач, не почнувајте да пушите. Разговарајте со децата за тоа колку е опасно да пушат, бидејќи така ќе го избегнат главниот ризик фактор за појавата на оваа болест. Многу е важно уште од рана возраст да разговарате за ова со вашите деца за да знаат како да реагираат доколку нивниот врсник ги притиска. -Оставете ги цигарите! Доколку престанете да пушите, го намалувате ризокот од појавата на оваа болест, иако сте пушеле со години. Поразговарајте со вашиот лекар за стратегиите и средствата околу престанокот на пушењето кои би ви помогнале полесно да се одвикнете од оваа опасна и штетна навика. -Избегнувајте пасивно пушење Ако живеете или работите со пушач, поттикнете го да престане да пуши или нека пуши надвор. -Внесувајте здрава храна богата со овошје и зеленчук -Вежбајте затоа што физичката активност е важна за целокупното здравјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговараПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаниФилипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста. „СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника. Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листаКанал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите.Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите за ставањето на 35 светски организации на листата на терористички организации од страна на Египетскиот кривичен суд. Без никаква намера да се нарушат угледот и репутацијата на здружението, а поради пермутација на зборовите во називот на арапски јазик, Канал 5 ненамерно го употреби името на Исламскиот младински форум Скопје, поради што искрено жали. Канал 5 синоќа го објави демантот на организацијата, а и во денешното издание на вестите пренесува дел од него. „Категорично ги отфрламе сите обвинувања и неосновани наводни поврзувања со нашата организација. Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата. Ги повикуваме сите медиуми и други субјекти да покажат професионална одговорност, да ги проверуваат изворите и да избегнуваат непотврдени поврзувања што можат неправедно да го нарушат угледот на организацијата“, се вели во демантот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБлокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана. Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација. Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата. Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари. Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена. Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација. Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година. Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден. Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември. Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители. Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката. Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter