Симптом што се појавува наутро и трае цел ден, не треба да се игнорира - може да укажува на канцер - Канал 5

Симптом што се појавува наутро и трае цел ден, не треба да се игнорира - може да укажува на канцер

Овој проблем може да биде последица на животниот стил, како што се лош сон, лоша исхрана и недостаток на физичка активност - но може да биде и знак на малигно заболување.

Симптом што се појавува наутро и трае цел ден, не треба да се игнорира - може да укажува на канцер

Да се чувствувате малку уморно наутро е нешто сосема вообичаено, дури и по добриот сон ноќе, можно е и понатаму да чувствувате потреба за одмор пред да го започнете денот.

Исто така, не е невообичаено во текот на денот да почувствувате извесен умор, особено во текот на зимските месеци, кога студените температури и намаленото изложување на сончева светлина може да доведат во чувство на летаргија.

Меѓутоа, редовниот исцрпувачки утрински умор кој никако не поминува би можел да укажува на нешто многу посериозно. Стручњаците од британскиот Центар за истражување на малигни заболувања предупредуваат дека ваквиот умор, кој не минува и покрај доволното спиење или одмор може да биде показател за канцерогено заболување. Иако погодува 65% од заболените, овој симптом лесно се занемарува и погрешно се толкува како нешто несериозно.

Овие стручни лица наведуваат дека ваквата исцрпеност може да биде предизвикана од самото заболување и неговото лечење, кога пациентите се чувствуваат уморно и без енергија.

Уморот предизвикан од канцер може да влијае на вас емотивно, физички и ментално. Колку време трае, колку е интензивен и колку често се јавува зависи од лицето - велат од Центарот, а пренесува Мирор (Mirror).

Еве кои симптоми, кога чувствувате умор, може да укажуваат на канцер.

Недостаток на енергија, може да посакате цел ден да останете во кревет.

Потреба за одмор дури и кога ништо не сте правеле или сте биле минимално активни.

Едноставно немате волја да правите ништо.

Проблеми со спиењето, несоница или испрекинат сон.

Тешкотии со станувањето наутро.

Чувство на анксиозност, тага или депресија.

Болки во мускулите, тешко се качувате по скали или тешко пешачите кратки растојанија.

Чувство на немање здив по минимална активност, на пример, по туширање или местење на креветот.

Тешкотии со концентрација, дури и при гледање ТВ или разговор со пријател.

Тешкотии со јасно размислување или носење одлуки.

Губење на интерес за секс.

Губење интерес за работи во кои некогаш сте уживале.

Уморот може исклучително да ви го отежне секојдневниот живот.

Уморот може да биде доста фрустрирачки. Вие и вашите најблиски можно е да потцените колку тој може да влијае на секојдневниот живот – наведуваат лекарите од Центарот за истражување на канцер.

Секојдневните задачи може да станат тешки и можеби нема да имате енергија да готвите, чистите, купувате, или да се капете. Може и да немате волја за разговор. Работите кои некогаш ви биле лесни може да делуваат како огромен напор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД .

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот на ноември..

Единствениот услов, според него, е средствата да бидат потрошени во Соединетите американски држави.

Сепак, начинот на спроведување на ваквата мерка, како и нејзината правна оправданост, засега остануваат нејасни..

Според пресметките, ваквата идеја би чинела речиси колку целиот буџет за одбрана на земјата, односно околу 1,35 трилиони долари, имајќи предвид дека во земјава има приближно 270 милиони возрасни жители.. Соперничките Демократи контроверзната понуда го нарекоа тоа празно и неостварливо ветување..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева

340 милиони денари или 5,5 милиони евра изнесува вкупната финансиска конструкција за прославата на 35 години независност, според информациите што ги соопшти Владата. 

Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева

Од нив, 300 милиони денари, или 4,8 милиони евра, биле обезбедени преку Државната лотарија од нераспределената добивка за 2024 година, а дополнителни 40 милиони денари или околу 650.000 евра обезбедиле општествено одговорни компании. На речиси едночасовна прес конференција која ја одржаав владината портпаролка Марија Митева, директорот на АД Државна лотарија Александар Климовски и сопственикот на Авалон продукција беа објаснети деталите околу одлуката и склучувањето на договорот за организирање на прославата.

Митева кажа дека со владин заклучок било предвидено ангажирање на светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија.

„Владата донесе заклучок каде се утврдија конкретните активности за прославата за независноста. Беше предвидено А класа светски артист, со А класа продукција кој гарантира 30.000 посетители, организирање на 12 настани низ Македонија со концепт, настан со светска ѕвезда А класа во придружба на македонски артисти. Ќе ми дозволите да направам важна споредба, Перпарим Бајрами и Артан Груби – 8,2 милиони во воздух. Тоа се средства кои не завршија кај граѓаните, а ова се пари кои завршија за граѓаните.“

Директорот на АД Државна лотарија Климовски вели дека тие 300 милиони денари кои доаѓаат од нераспределената добивка се компаниски пари, а не буџетски иако единствен сопственик на компанијата е државата. Тој објасни дека откако го добиле заклучокот од Владта, објавеиле јавен повик, иако согласно законот за спонзорства и донации немале таква обврска, а не него се јавила само фирмата Стардаст која ги имала правата за трговската марка на Авалон.

„Станува збор за средства од 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата. Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари.“

Лидерот на СДСМ Венко Филипче претходно на прес конференција побара Владата веднаш да ги објави записникот од 167. седница, целата документација за постапката и поединечните исплати на сите учесници во прославата. Според него, лага е дека парите не се државни и праша зошто не биле употребени за друга намена.

„Мицкоски изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту еден денар народни пари. Но, од 167. седница на Владата излезе на виделина дека АД Државна лотарија, која е стопроцентно во сопственост на државата, треба да ја организира прославата со пет милиони евра народни пари, пари на граѓаните. Ниту знаеме кој одлучувал за пет милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми набавката ѝ е доделена на компанијата што го организирала настанот. Само неколку месеци претходно истата компанија добила пари од Државната лотарија и за други активности, а никој не знае за кои и какви. Може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа? Зошто дивидендата од Државната лотарија не се намени за исплата и зголемување на субвенциите на земјоделците, за лековите што недостасуваат, за подобрување на инфраструктурата во училиштата или за зголемување на социјалната помош? “

Инаку, на самиот почеток на денешната пресконференција за отчетот, сопственикот на Авалон Бобан Милошески се извини за неговиот однос кон новинарката на Слободен печат, кога на претходната прес конференција на прашањето за тоа колку чини концертот на Дејвид Гета, одговори со, цитирам, „дали мислите дека сум идиот“...

Според договорот со Авалон, Климовски вели дека до 1 октомври продукцијата ќе треба да достави детален извештај за тоа колку пари за секој настан од прославата поедничено се потрошени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата

Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата.

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата

Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата.

Во рамки на посетата адмиралот Викоф оствари средби со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На средбите се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредување на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата.

Дополнително адмиралот Викоф беше информиран и за можностите кои ги нуди нашата земја, како држава во регионот која претставува географска раскрсница на повеќе транспортни коридори, а Армијата има важна улога во остварувањето на мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата.

Во рамките на посетата адмиралот Викоф ја истакна посветеноста на нашата држава како активен придонесувач во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, нагласувајќи ја професионалноста и придонесот на македонската Армија во активности предводени од НАТО.

На средбите беше потврдена и важноста од заеднички и координиран пристап во рамките на Алијансата во справување со современите безбедносни предизвици, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер