Симпозиум: Намален интересот на издавачите за книги за деца и млади

Македонија во последните две децении на полето на литературата за деца и млади го губи чекорот со европските земји, беше речено на 43.

Меѓународна средба на книжевните преведувачи што се одржа денеска во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок.

На симпозиумот учествуваа околу 40 книжевни преведувачи од земјава и странство.

- Издавачките куќи не се многу заинтересирани за издавање книжевни дела за оваа популација. Многу мал е и бројот на книжевни дела од странски автори кои пишуваат за деца и млади преведени на македонски јазик, како и дела од македонски автори преведени на други јазици, истакна претседателот на Средбата Стефан Симоски.

Според него, токму Меѓународната средба треба да овозможи повеќе контакти меѓу книжевните преведувачи, како и соработка за преведување на книжевните дела за деца и млади на и од македонски јазик.

- Улогата на преведувачот е значајна и одговорна зашто тој преку преводот кој е основна алка во синџирот на комуникација, ја презема одговорноста да го овозможи подемот на убаво пишаниот збор од еден јазик на друг, да постави мост меѓу два одвоени света, да пронајде заемна врска меѓу две култури.

Но уште позначајно е да се создаде поволна клима во која децата и младите ќе сакаат да читаат што ќе придонесе за поголема побарувачка на книжевни дела, оцени Симоски.

Во рамки на годинашната средба ќе биде промовиран францускиот превод на книга на истакнатиот македонски сатиричар Тоде Блажевски, а книгата од македонски на француски јазик ја преведе професорката Дореана Христова.

Утре, поради подготовките за манастирската слава „Св. Богородица“, симпозиумот продолжува со работа во Скопје.

Преведувачките награди за 2014 година согласно препораките на Светската федерација на преведувачите и УНЕСКО ќе бидат врачени во Скопје на свечен собир на 30 септември по повод Светскиот ден на преведувачот. /МИА

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

притисни ентер