По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
1По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
3САД одбележуваат 25 години од терористичките напади, кулите близначки „оживеаја“ со 3.000 дронови (ВИДЕО)
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
РакометСимовски со подмладен состав во квалификациите за ЕП Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, денеска го објави списокот од 19 ракометарки кои се повикани на првиот тренинг на репрезентацијата, закажан за 1 октомври во Скопје.На списокот на Симовски има неколку ракометарки од младинската селекција од кои се очекува во идните квалификациски циклуси да бидат носители на играта. На списокот на Симовски се наоѓаат: Голмани: 1. Антиќ Наташа МЕТАЛУРГ 2. Петковска Драгана ВАРДАР 3. Серафимова Матеа МЕТАЛУРГ 4. Ладева Нина ВАРДАР Крила: 5. Саздовска Јована МЕТАЛУРГ 6. Митова Сара ВАРДАР 7. Нолевска Наташа ВАРДАР 8. Ристовска Сара ВАРДАР Бекови: 9. Јовановска Дајана МЕТАЛУРГ 10. Керамичиева Теодора ВАРДАР 11. Тодоровска Ангела ВАРДАР 12. Белеска Андреа МЕТАЛУРГ 13. Ливриниќ Елена МЕТАЛУРГ 14. Ѓорѓиевска Душица ЗААНОССПОР -ТУРЦИЈА 15. Стојановска Симона ВАРДАР 16. Десподовска Зорица РОЗЕНГАРТЕН - ГЕРМАНИЈА 17. Ѓорѓиевска Елена БАЈА МАРЕ-РОМАНИЈА Пикери: 18. Николиќ Марија МЕТАЛУРГ 19. Гакидова Ивана БАНИК МОСТ – ЧЕШКА. Македонија во квалификациите за Европското првенство 2016 се наоѓа во група со Црна Гора, Словенија и Хрватска. Првиот натпревар го игра на 7 октомври против Црна Гора на гостински терен, додека втората средба ќе се игра во Скопје на 10 октомври кога противник ќе ни биде Хрватска. Првите две пласирани селекции обезбедуваат настап на ЕП што ќе се игра во Шведска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаПо пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијаниеВрз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден во соработка со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше акција во рамки на која од слобода е лишено службено лице – помошник – директор на Секторот за административно – технички работи во Царинската управа. Врз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од април/мај до септември 2026 година, осомничениот, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил парични средства во вкупен износ од 17.500 евра. Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. Пријавата на граѓанинот овозможи ОЈО ГОКК навремено да преземе законски дејствија за проверка на наводите, обезбедување докази и реализација на случајот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. За неполна седмица, ова е втор случај во кој ОЈО ГОКК постапувајќи по пријава од граѓанин, презеде дејствија што резултираа со успешна реализација. Ваквите случаи ја потврдуваат важноста на соработката меѓу граѓаните и надлежните институции во навременото откривање и гонење на коруптивните кривични дела. Обвинителството ги охрабрува граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Секоја основана информација се проверува со должно внимание, а идентитетот и личните податоци на лицата кои пријавуваат се заштитуваат согласно законските можности и потребите на постапката.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната службаПо повод Денот на АНБ, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ По повод Денот на Агенцијата за национална безбедност, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ кој ја раскажува приказната за развојот на безбедносната служба од формирањето на ОЗНА во 1944 година, преку УДБА, СДБ и безбедносните структури во независна Македонија, до формирањето на Агенцијата за национална безбедност во 2019 година. Филмот, преку архивски материјали, сведоштва и визуелни реконструкции, ја отвора и темата за работата на современата безбедносна служба и предизвиците со кои се соочува државата денес. Посебен фокус е ставен на три значајни области од работата на Агенцијата и тоа контратероризмот, контраразузнавањето и борбата против организираниот криминал и високите форми на корупција. „Чувари на тишината“ носи и лични сведоштва од поранешни и актуелни оперативци, кои зборуваат за природата на работата, одговорноста и предизвиците што најчесто остануваат далеку од очите на јавноста. Како што се истакнува во филмот, најголемите резултати на оваа работа честопати се оние што не се гледаат, туку се оние што ја прават разликата. На крај се прикажани изјави од носители на високи државни функции и раководители на институции со кои АНБ соработува, кои зборуваат за важноста на партнерството и заедничките напори во справувањето со предизвиците и ја честитаат годишнината на Агенцијата. Филмот е обид преку досега ретко виден пристап да се доближи работата на безбедносната служба до јавноста и да се прикаже нејзината улога во заштитата на државата и нејзините граѓани. „Чувари на тишината“ е приказна за историјата, работата и луѓето кои стојат зад безбедноста на државата. Документарниот филм можете да го погледнете во продолжение. Тагови: АНБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД одбележуваат 25 години од терористичките напади, кулите близначки „оживеаја“ со 3.000 дронови (ВИДЕО)Соединетите Американски Држави денеска одбележуваат 25 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3 000 луѓе.Според најавите, се очекува американскиот претседател да присуствува на комеморација во Пентагон, зградата на министерството за одбрана на земјата, во која удри еден од киднапираните авиони, кратко време откако два претходно ги погодија кулите близначки на тогашниот Светски трговски центар во Њујорк. Во пресрет на 25-годишнина, беше изведен импозантен холограм со помош на светлосни ефекти, во кој кулите близначки повторно се појавија на местото на кое постоеја, на Менхетн во Њујорк. За светлосното шоу, кое траеше неколку минути, биле искористени 2.977 дронови со светилки, кои ги симболизирале луѓето загинати во нападите. Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook