Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје
1Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје
КошаркаСимоновиќ МВП на 15.коло од АБА лигата Кошаркарот на Црвена звезда Марко Симоновиќ е избран за најкорисен играч во 15.коло од регионалната АБА лига.Тој во 15-тата победа на „црвено-белите“ остварена над Цедевита со 95:91, учествуваше со 27 поени, две асистенции и две украдени топки и вкупен индекс на корисност 30. Со само еден индексен поен помалку (29) второто место го освои кошаркарот на Цедевита, Џамар Рајан. Во ТОП 5 се уште и: Иван Маринковиќ (Задар) со 27 инд. поени, Огњен Кузмиќ (Црвена звезда) со 25 инд. поени и Ентони Болден (ФМП) со 24 инд. поени. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛевица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравјеИнформациите дека преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување. Површинска речна вода не смее непосредно да се вбризгува во мрежа наменета за вода за пиење. Пред воопшто да влезе во системот, таа мора да помине низ соодветен технолошки процес на прочистување, дезинфекција и контрола на нејзината хемиска и микробиолошка исправност. Доколку таков третман не постоел или бил заобиколен, тогаш не станува збор за техничка импровизација, туку за свесно внесување непроверена вода во инфраструктура од која директно зависи здравјето на десетици илјади жители. Последиците не се ограничуваат само на водата што во тој момент истекла од чешмите. Доколку загадена вода навлегла во главниот цевковод, постои сериозен ризик да бидат контаминирани примарната и секундарната мрежа, домашните инсталации, славините, бојлерите, резервоарите и другите делови од системот во кои водата се задржува. Токму затоа не е доволно водоснабдувањето едноставно повторно да се пушти по еден поволен примерок. Потребни се целосно испирање и дезинфекција на мрежата, повеќекратни анализи од различни точки и временски интервали, како и јасни упатства за домаќинствата, училиштата, градинките, угостителските објекти и здравствените установи. Ако загадувањето е од повисок степен, изложеноста не мора да настане само со пиење – ризик може да постои и при миење, капење и друг контакт со водата, особено за кожата и очите. Во такви околности, тврдењето на директорката дека заболувањето потекнувало од храна е неодговорен обид за прејудицирање на истрагата и растоварување на сопственото претпријатие и одговорност. Изјавата дека меѓу заболените имало лица што пиеле флаширана вода не го исклучува водоводниот систем, бидејќи водата од чешма се користи за подготовка и миење храна, миење садови, лична хигиена и голем број други активности. Доколку се потврди дека пумпите биле поставени и дека преку нив без претходен третман била внесувана вода во системот, кривичната одговорност мора да се утврдува по целиот управувачки и команден синџир. Не е доволно да се пронајде работникот што ја вклучил пумпата. Мора да се утврди кој ја донел одлуката, кој ја одобрил, кој го определил местото од кое ќе се црпи водата, кој бил должен да ја провери нејзината исправност, кој знаел дека не постои соодветен третман и кој, и покрај тоа, дозволил водата да стигне до домовите на граѓаните. Во најмала рака, директорот на јавното претпријатие задолжено за водоснабдувањето морал да знае за ваква интервенција во главниот систем или бил должен да знае и да ја спречи. Обвинителството не смее да остане во позиција на пасивно чекање на конечниот лабораториски наод. Резултатите од водата се неопходни за утврдување на причинителот, но доказите за тоа кој поставувал пумпи, кој издавал наредби и под кои услови се внесувала вода можат и мораат веднаш да се обезбедат. Левица бара итно времено отстранување на одговорните лица од ЈП „Комуналец“ Гостивар и од сите позиции преку кои можат да влијаат врз доказите, целосна независна анализа на водата и мрежата, јавно објавување на сите наоди и детална истрага за улогата на раководството на претпријатието и Општина Гостивар. Оваа катастрофа уште еднаш покажа дека корупцијата, неспособноста, импровизацијата и институционалниот фушерај немаат етничка припадност. Кога системот ќе потфрли, законите ќе се заобиколуваат и јавните претпријатија ќе се управуваат без одговорност, последиците не ги избираат своите жртви според тоа дали се Македонци, Албанци, Турци или припадници на која било друга заедница. Загадената вода тече низ истите цевки до секој дом, а институционалната негрижа подеднакво го загрозува здравјето на секој граѓанин. Токму затоа е крајно лицемерно со години да се користи етничката реторика како средство за прикривање на сопствената неспособност и корупција. Додека јавноста се дели по етнички линии, криминалот, неодговорното управување и распадот на институциите несметано ги погодуваат сите. Единствената поделба што денес навистина постои не е меѓу Македонци и Албанци, туку меѓу граѓаните кои ги трпат последиците и политичко-бизнис елитите кои со години управуваат без одговорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар Новиот министер за здравство Сашо Клековски попладнево ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани во последните два дена со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. По извршениот надзор било утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение поставена била пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
ФудбалАстрономски цени за финалето на Светското првенство, се бараат и повеќе од 60.000 евра за билет!Интересот за финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ги подигна цените на билетите до неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.Побарувачката за билети е огромна уште од завршувањето на полуфиналните натпревари, а цените на пазарот растат секојдневно. Според податоците од платформата за продажба и препродажба на билети, моментално најевтиниот достапен билет чини околу 7.400 евра, за место во горните редови на стадионот. За оние што сакаат најдобар поглед на теренот, цената достигнува и до 61.000 евра – сума што се бара за места веднаш до теренот, во најатрактивните сектори. Пред само неколку дена, најевтините билети можеа да се најдат за околу 2.000 евра, но поради огромниот интерес, цената оттогаш е повеќекратно зголемена. Билетите сè уште можат да се купат преку официјалниот систем на ФИФА, со претходна регистрација на веб-страницата на организаторот, а ФИФА нуди и официјална платформа за безбедна препродажба и размена на билети. Покрај стандардните седишта, во понудата се вклучени и луксузни ВИП-пакети. Најпрестижните зони „Pitchside Lounge“ и „Trophy Lounge“ се веќе распродадени, додека понудата „Champions Club“, која вклучува седишта веднаш до теренот, е сè уште достапна по цена од околу 20.000 долари.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30