3Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати
ТенисСимона Халеп бара правда по четиригодишната суспензија: Верувам дека вистината ќе победиРоманската тенисерка Симона Халеп по суспензијата поднесе жалба и трет ден е пред Судот за спортска арбитража за да се обиде да ја смени казната.Поранешната шампионка на Ролан Гарос и Вимблдон зборуваше за медиумите и истакна дека се надева дека наскоро ќе се врати на теренот. - Имав можност да ја изнесам мојата одбрана и навистина верувам дека вистината на крајот ќе излезе на виделина и дека наскоро ќе се вратам на теренот - изјави Халеп. Симона беше суспендирана во октомври 2022 година, откако беше утврдено дека е позитивна на roxadustat, забранета супстанца која помага во производството на црвени крвни зрнца и со тоа позитивно влијае на перформансите на спортистите. Потоа изјавила дека позитивниот резултат на тестот е вина на контаминираниот лиценциран и дозволен лек и дека таа не е виновна за тоа што се случило. Суспензијата би требало да трае до октомври 2026 година, што може многу да влијае на нејзината кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТурскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПККГолемо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партијаГолемо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава. Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија.. ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава.. Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на миротУкраинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната. Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница. Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПродолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинатиНајмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата. Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините. Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook