Силвести за италијанската вечер на „Охридско лето“ : Музиката ни нуди засолниште и надеж - Канал 5

Силвести за италијанската вечер на „Охридско лето“ : Музиката ни нуди засолниште и надеж

Со впечатлив драматизам и длабока емоција во изразот, вчеравечер моќно одекна гласот на една од најзначајните вокални уметници во Италија, сопранот Дариа Масиеро која настапи во пијано придружба на нејзиниот сонародник, пијанистот Андреа Кампора.

Силвести за италијанската вечер на „Охридско лето“ : Музиката ни нуди засолниште и надеж

Тие на публиката ѝ овозможија прекрасно музичко патување со сериja арии од класичниот оперски репертоар, од Верди до Пучини и Маскањи, но и со романси и класични камерни канцони компонирани од Франческо Паоло Тости, Ернесто де Куртис, Станислао Гасталдон, како и од славниот Енио Мориконе кој почина пред две години, а во 2009 година го отвори 49-тото издание на „Охридско лето“.

Концертот што ја воодушеви бројната публика во црквата „Света Софија“ се одржа во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што секоја година се организира со поддршка на Амбасадата на Италија во Македонија.

Освен Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, домаќин на вечерта беше и Амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер.

-Некои од вас ќе бидат изненадени што ме гледаат мене, Амбасадор на Франција во Македонија, а не мојот колега Андреа Силвестри, како презентирам вечерва. Меѓутоа постои и причина за тоа, која веднаш ќе ви ја објаснам. Во мај минатата година, Претседателите на Италија и Франција, две сестрински нации, обединети од долговековна историја, економски, општествени и културни размени, го потпишаа во Рим Квириналскиот Договор. Станува збор за историски развој на врските меѓу нашите две земји, обете основачки на Европската Унија, како реакција на потребата да се дадат силни одговори во однос на безбедноста, на економско и социјално ниво, но исто така и на план на животната средина, обезбедувајќи една подобро структурирана рамка на нашата билатерална врска во Унијата. За да дадеме симболичен знак за оваа обновена соработка и братство меѓу двете земји кои ѝ се блиски на Северна Македонија одлучивме да ги размениме презентациите на италијанската и француската вечер, рече Францускиот амбасадор Бомгартнер.

Амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, најавувајќи ги италијанските уметници истакна дека музиката како универзален јазик е храна за душата, и е од особена важност во овие години, и како што рече, ни нуди засолниште и надеж за подобра иднина.

- Дариа Масиеро се смета за една од најзначајните гласови на современата оперска панорама. По дипломата стекната на рана возраст во Конзерваториумот на Алесандрија, со текот на годините се афирмира како изведувачка со многу ретка префинетост, женственост и сензитивност. Благодарение на нејзините технички способности успева умешно да алтернира меѓу оперските и драматичните елементи, со нагласена флексибилност која ѝ дозволува да ги одигра главните улоги во познатите опери на Пучини, Верди, Бизе, Перголези, Росини, Доницети, Белини, Моцарт, Леонкавало, Менделсон и Чајковски. И Маестро Кампора исто така ги започнува студиите на рана возраст стекнувајќи се со диплома по пијано на седумнаесет години и следствено по композиција и оркестарско диригирање, како и диплома по математика. Веќе долги години активно работи како професор на Конзерваториумот Џузепе Верди во Торино, и како пијанист придружник на оперски и хорски пејачи, што го носи да соработува со уметници со светска слава, рече Амбасадорот Силвестри, уверувајќи дека веќе одличните културни врски помеѓу двете земји, а особено со Охрид како град на УНЕСКО, ќе продолжат да се зајакнуваат и во иднина.

Ѕвездите на вечерта, сопранот Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора воодушевени од самиот фестивал и градот.

-Премногу сум среќна. Кога пристигнав не очекував дека ќе се сретнам со нешто толку убаво.Многу добро организирано, сѐ е фантастично овде, црквата, акустиката, организацијата. Многу сум благодарна за поканата, изјави Масиеро.

-Прекрасно е да се настапи во црква со одлична акустика. И пијаното беше извонредно. Ми беше задоволство што бев тука, додаде Кампора.

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со исто така традиционалната Француска вечер на која ќе настапи квартетот „Агат“, се наведеува во соопштението од „Охридско лето“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско.

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско опкружување пропратено со бројни надворешни ризици, геополитички предизвици, нестабилност на енергетските пазари како и неизвесност во глобалните економски текови, додека целта на Владата, во вакви услови, е да обезбеди стабилност, да ги заштити интересите на граѓаните истовремено создавајќи услови и за економски развој на државата.

„Суштинска работа за овој буџет е тоа што е проектиран во насока на одржување на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, зајакнување на фискалната одржливост со јасна определба за фискална консолидација и одговорно управување со јавните финансии“, рече Дрвошанов и додаде:

„Фискалната политика за 2027 година е поставена во согласност со донесената фискална стратегија на Република Македонија за периодот од 2027 до 2031 година. Останува проектираниот буџетски дефицит од 3,5% од БДП и тоа се, во услови на неповолна надворешна клима и висока економска непредвидливост на глобално ниво. Планираниот буџетски дефицит претставува рамка во која ќе се реализираат планираните активности со истовремено водење сметка за динамиката на јавниот долг, одржлива стабилна економија која ќе создаде услови за одржлив релативно висок раст на БДП, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните“.

Дрвошанов истакна дека ваквата проекција на буџетскиот дефицит упатува на негово постепено намалување со намера да се зајакне фискалната дисциплина и да се стабилизира динамиката на јавниот долг.

„Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП. Овие показатели испраќаат важна порака дека државата се движи кон постепено намалување на буџетскиот дефицит со намера да ја зајакне фискалната дисциплина, да ја стабилизира динамиката на јавниот долг. Особено е важно што фискалната консолидација не се спроведува преку запирање на развојните процеси и преку кратење на неопходните средства за граѓаните, туку преку поголема рационалност, подобро планирање и поефикасно користење на јавните ресурси“.

Пратеникот Дрвошанов истакна дека една од побитните улоги на буџетот е обезбедувањето на социјалната сигурност и стабилност на граѓаните и посочи дека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, за социјална заштита за најранливите категории 14,3 милијарди денари, додека за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, при што ваквиот начин на креирање на социјалната политика освен финансиска помош, како што вели Дрвошанов, треба да создаде и можности за вработување и економска независност на граѓаните во општеството.

„Една од најважните улоги на буџетот е исто така да се обезбеди социјална сигурност и стабилност на граѓаните. Во оваа насока за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што претставува зголемување за 4,1%. Од овие средства 123,8 милијарди денари се наменети за исплата на пензии или 4,8% повеќе од минатата година. Нашата обврска е да создадеме услови за достоинствен живот на повозрасните граѓани, но истовремено да обезбедиме и долгорочна одржливост на пензискиот систем“, кажа Дрвошанов и додаде:

„За социјална заштита за најранливите категории се планирани 14,3 милијарди денари, за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, додека за исплата на паричен надомест во случај на невработеност планирани се средства во износ од 1,5 милијарди денари. Ова се средства кои треба да обезбедат поддршка за семејствата со ниски приходи, лицата во социјален ризик и оние на кои им е потребна помош од институциите, но социјалната политика не треба да се сведува само на финансиска помош, таа треба да создаде можност за вработување и економска независност и активно учество на граѓаните во општеството“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)

Ким Кардашијан предизвика бура од реакции на социјалните мрежи откако ги откри импресивните димензии на нејзиниот иден гардеробер. 

Ким Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)

Риалити ѕвездата има простор од приближно 743 квадратни метри, наменет исклучиво за складирање облека и модни додатоци, а снимките од овој простор предизвикаа бројни критики, објави Јаху.

Многу обожаватели ја обвинија дека целосно го изгубила контактот со реалноста на обичните луѓе, оценувајќи дека покажувањето на такво богатство е несоодветно во време кога многумина се соочуваат со финансиски тешкотии.

Ким Кардашијан гради гардеробер од 743 квадратни метри

Оваа тема повторно беше дискутирана во реалното шоу „Кардашијан“, кога Кајли Џенер и Кортни Кардашијан разговараа за реновирање на своите домови. Разговорот набрзо се сврте кон проектот на Ким Кардашијан, откако Кајли ги спомена неверојатните димензии на идната гардероба на нејзината сестра.

„Кортни, ова е всушност најлудата работа што некогаш сум ја видел“, рече Кајли, зборувајќи за просторот наменет за облеката на Ким.

Кога ја прашаа дали мисли дека проектот е претерување, Кајли призна дека го сметала за „малку навредлив“, објаснувајќи дека нејзината сестра има толку многу работи од кои не сака да се откаже.

На снимката прикажана во шоуто на Ким Кардашијан, таа им ја покажа на гледачите работата во нејзината куќа и откри дека целата соба, со површина од приближно 743 квадратни метри, ќе стане нејзин гардеробер.

„Целата оваа соба е мојот гардеробер“, објасни ѕвездата, додавајќи дека ќе има и дополнителен простор за складирање под земја.

Дури и Ким призна дека можеби претерала со своите планови.

„Реков на мајка ми дека мислев дека малку претерав“, призна таа.

Обожавателите ја обвинуваат дека изгубила контакт со реалноста

Откако беше објавена снимката, многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваа големината на гардероберот, доведувајќи во прашање потребата од толку многу простор. Некои веруваат дека ова прикажување на луксуз е нечувствително кон луѓето што се соочуваат со финансиски тешкотии.

„Луѓето низ целиот свет страдаат, особено во моментов. Јас го сметам ова за невкусно и одвратно“, напиша еден корисник на Reddit, додека друг додаде:

„Таа е целосно без контакт со реалноста“.

Друг корисник го истакна растечкиот јаз помеѓу екстремно богатите и оние кои работат напорно за да сврзат крај со крај. Тој го критикуваше она што го опиша како раскошно прикажување на богатство и недостаток на социјална свест.

Некои признаа дека ваквите сцени ги натерале да престанат да го гледаат реалното шоу на семејството Кардашијан. Тие рекоа дека шоуто станало постојан приказ на луксуз, а не на забава.

Ким Кардашијан има колекција од околу 30.000 предмети

Гардероберот од 743 квадратни метри на ријалити ѕвездата не е единствениот импресивен простор посветен на нејзината облека.

Во 2022 година, Ким Кардашијан покажа огромен магацин каде што ја чува својата модна архива, која вклучува приближно 30.000 предмети облека и додатоци собрани низ годините.

Другите сестри не ги избегнаа коментарите од корисниците на интернет.

YouTube video

Некои се потсетија на теретаната на Клое Кардашијан, за која се тврдеше дека има околу 929 квадратни метри, како и обемната работа во куќата на Кортни, која вклучува бројни камини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа, а 16 други се повредени во пожар што зафати бензинска пумпа на тајландскиот остров Пукет, познат како туристички рај, соопштија официјални лица.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Пожарот на патот Фангмуанг Саи Кор избувна околу 3:15 часот наутро кога трансформатор експлодираше покрај патот, зафаќајќи бензинска пумпа на монети пред продавница за изнајмување мотоцикли, објави „Бангкок пост“.

Пожарот прво зафати една продавница, а потоа се прошири на четири соседни продавници во четирикатна зграда. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го стават пожарот под контрола.

Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет соопшти дека бензин и мазива се складирани и во продавницата за мотоцикли и дека работниците живеат на горните катови од зградата. Осум жени и тројца мажи загинаа во пожарот, додека четири мажи и 12 жени беа повредени.

Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, рече дека полицијата има снимки од надзор и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење.

Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, рече дека првичната истрага утврдила дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавница за мотоцикли за време на бурата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер