Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
2Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
Шоу бизСилвестер Сталоне откри кои му се омилени филмови со Арнолд Шварценегер Не е тајна дека Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се впуштија во едно од најнезаборавните ривалства во Холивуд.Од крајот на 1970-тите, двајцата постојано се натпреваруваат за посакуваната титула на водечка филмска акциона ѕвезда. Ривалството доведе до одредено несоодветно однесување, како на пример кога Сталоне наводно им кажал на новинарите дека Шварценегер бил таен нацистички симпатизер. Од друга страна, Шварценегер го убедил Сталоне да глуми во „Стоп! Или мајка ми ќе пука“. "Го прочитав сценариото и мислев дека е смешно. Искрено, не би глумел во таков филм. Потоа писателите го посетија Слај, по што тој ми се јави и ме праша дали ми е понудена улога во тој филм. Реков да и размислував да прифатам. Кога го слушна тоа, реши да направи сѐ што можеше за да го сними филмот. И, се разбира, филмот се покажа како глупост“, се сеќава Шварценегер. Независно од тоа, славните актери повеќе не се непријатели и во 2010-тите неколку пати го делеле екранот, па Сталоне решил да зборува за омилените филмови на своите колеги. Неговиот прв избор е Терминатор 2: Судниот ден на Џејмсон Камерон. Тој беше филм со најголема заработка во 1991 година и освои четири награди Оскар, вклучувајќи ги и најдобрите визуелни ефекти и најдобра шминка. Сталоне издвои уште еден филм на Камерон со Шварценегер во главната улога. Му се допаднала акционата комедија Вистински лаги од 1994 година, во која глумеа и Џејми Ли Кертис, Бил Пакстон и Том Арнолд и стана еден од најуспешните филмови таа година. „Тоа е филм во кој има сѐ – духовитост, романса, шарм, одлична акција и одличен режисер“, рече Сталоне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ТенисСабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата. Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот. Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата. „Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз. Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос. Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАДончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф... Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи. Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27. Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности. Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија. Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави. Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскањеДенеска и утре се реализира авионска дезинсекција против комраци, а од 23 до 26 август ќе се реализира теристична дезинсекција на подрачјето на градот, соопштија од Град Скопје.Како што се наведува во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението.Тагови: Град Скопје комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19