Силно невреме во Преспа

Големо невреме доцна синоќа го зафати и преспанскиот регион.

Врнежите од дожд, силниот ветер и повременото паѓање на град, предизвикаа големи материјални штети, а оставија десетина села во Преспа без струја.

Силниот ветер половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи, што предизвикало голема материјална штета, сепак нема информации за повредени лица.

Најпогодени од невремето се селата Крани ,Штрбово, Наколец, Љубојно и Долно Дупени како и граничниот премин Маркова Нога.

Силно невреме со силен дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени, соопштија од Центарот за управување со кризи. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции - велат од Центарот. Од невремето зафатени се и Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во с. Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, во с. Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Селата: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без струја. Благодарност за @andrejmihajlovv за видеата

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и Охридското крајбрежје, каде најпогоден е автокампот Љубаништа, кај Свети Наум.

Во невремето уништени се дел од приколките и шаторите во кампот.

Во Турција уапсени 544 лица поради врски со Фетула Ѓулен

Турските власти уапсија 544 лица осомничени за врски со  свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година.

-Во операцијата спроведена во 62 од 81 турски провинции се уапсени 544 лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х.

Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и користеле шифриран комуникациски систем Бајлок. /МИА

Отворен првиот центар за поддршка и советување на момчиња и мажи

Прв центар за поддршка и советување на момчиња и мажи беше отворен денеска во рамки на просториите на Младинскиот центар „Сакам да знам“.

Весна Матевска, програмска координаторка во ХЕРА, на прес-конференцијата на отворањето изјави дека центарот од денеска нуди бесплатни советувања и поддршка со психотерапевти и психолози за момчиња и мажи.

- Советувањата ќе се спроведуваат со физичко присуство или преку виртуелни канали. Центарот ќе биде отворен за услуги вторник, среда и четврток од 10 до 17 часот. Термините треба да се закажат на телефонскиот број 070/299- 026, на електронската пошта [email protected] или на Instagram @man.mind skopje, појасни Матевска.

Според ХЕРА, центарот за советување и поддршка на момчиња и мажи е потребен затоа што родовата еднаквост се однесува поедеднакво на сите полови.

- Овој центар ќе овозможи безбедна и пријатна средина во која момчињата и мажите отворено ќе зборуваат за своите потреби и ќе побараат поддршка без некој притоа да ги етикетира. Тие сега ќе имаат свое место во кое отворено ќе може да побараат решение за предизвици и во кое ќе може момчињата да добијат поддршка за емоционален раст и развој, дополни таа.

Матевска посочи неколку истражувања кои покажуваат дека младите имаат сериозни предизвици со менталното здравје, мажите се најголем дел од жртвите на насилни злосторства и дека мажите имаат поголеми изгледи за самоубиство.

Терапевтите ќе работат по моделот на Австриското Здружение за машки и родови прашања Стирија од Грац, Австрија, а со финансиска поддршка од австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

На отварањето се обрати Кирил Тројачанец кој е психолог и експерт за стрес, и укажа дека општествените очекувања ги притискаат момчињата од најмала возраст да не ги покажуваат своите емоции, што е причина за постојан стрес и ранливо ментално здравје. Тројачанец упати директна порака до момчињата дека молкот не е одговор кога се соочуваат со врсничко насилство.

Ленче Алексовска Величковска – спортски психолог, истакна дека очекувањата што тренерите, соиграчите и навивачите ги поставуваат врз спортистите од една страна може да послужат како мотивирачка сила, поттикнувајќи ги да го постигнат најдоброто од себе, меѓутоа, кога очекувањата се преголеми, тие доведуваат до зголемен стрес и анксиозност и насилно однесување. /МИА

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со евроамбасадорот Гир

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, информираат од кабинетот на македонската претседателка.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изразила подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјава.

-Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за напредок во процесот кон членство во Европската Унија, како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани. Нашата иднина, според претседателката Сиљановска Давкова, несомнено е во Европската Унија, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности, се вели во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Претседателката посочила на нејзината подготвеност да придонесе во градењето единство за прашања од национален и државен интерес и да придонесе кон обезбедувањето на политички и општествен консензус по однос на реформската агенда и усвојувањето на закони за кои е предвидено европско знаменце, со цел, како што нагласила, да се избегне неговата злоупотреба, што било нотирано и од самата ЕУ во изминатиот период.

Сиљановска Давкова истакнала дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји – членки на ЕУ.

Во тој контекст, таа посочила на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхашките критериуми.

притисни ентер