Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка
Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
1Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка
2Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
3Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите
СветСилно невреме со град ја зафати Италија: Сѐ е бело, под вода аеродромот во Милано (ВИДЕО)Огромно невреме ја погоди Италија, поради што аеродромот Малпенса во Милано пренасочи дури 27 летови поради силниот дожд и невремето.Обилните врнежи предизвикаа поплави на Терминалот 2, а подоцна и во Терминалот 1. Исто така, поплави се забележани и на автопатот што води до споменатиот аеродром. 🚨🇮🇹 |Violent hailstorms were observed early this morning near #Coccaglio (BS) in northern #Italy as a powerful storm passed through. (August 26.2024)#hail #storm #Torino #temporale https://t.co/CYPuQ48S7b pic.twitter.com/8pnGvlhgK5 — Weather monitor (@Weathermonitors) August 26, 2024 Според извештајот на метеоролошката служба, Societa Esercizi Aeroportuali (SEA), за 80 минути наврнале 64 милиметри дожд. Ondata di maltempo su Piemonte e Lombardia, con forti temporali e allagamenti. A Brescia caduti chicchi di grandine grandi come palline da golf. Nel resto del Paese ancora caldo e traffico per il contro esodo pic.twitter.com/bAls5MLhFU — Tg3 (@Tg3web) August 26, 2024 Ситуацијата се нормализирала во попладневните часови. Невремето, придружено со град, предизвика големи штети на соларни панели, автомобили и лозја во областа Франчакорта околу Бреша. 🔴 #Erbusco Italy 26.08.2024#rain #flood #storm pic.twitter.com/xNU0xMPltj — WORLD.STORM (@worldstormm) August 26, 2024 Италијанските власти за цивилна заштита издадоа жолто метео предупредување за 10 региони бидејќи се предвидува врнежите од дожд да се движат кон централните и јужните региони на земјата. Предупредувањето за невреме ги опфаќа Умбрија, Абруцо, Молизе, Кампанија и Калабрија и поголемиот дел од Пиемонте, Лацио, Сицилија, Апулија и Базиликата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаШест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство.На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода А.Н.(35) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал неговиот брат. На 16.11.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Џ.Б.(51) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Ноќеска (16.11.2026) во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.Д.(37) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 16.11.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2026 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Бутел, С.Д.(34) физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. На 15.11.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.11.2026 околу 18:30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Д.(52). На 15.11.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.М.(48) од Битола, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал. По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. „Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. Но, за жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува. А, воедно, како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРоберт Патисон е новиот Џејмс Бонд Официјалниот профил на Џејмс Бонд на социјалните мрежи објави фотографија од актерот Роберт Патинсон, со која се потврдува дека тој ќе ја игра улогата на новиот Џејмс Бонд.Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд. Патинсон (40) е официјално најавен како наследник на Даниел Крег и стана седмиот актер што го игра познатиот агент 007 во официјалните филмови за Бонд, објави Би-Би-Си. „Џејмс Бонд се врати“ Патинсон се појавува во промотивно видео по повод објавувањето на агентот 007. Видеото кое потврдува дека Роберт Патинсон ќе го игра Џејмс Бонд го прикажува англискиот актер со пиштол во рака, облечен во елегантно одело и вратоврска. Видеото завршува со пораката: „Џејмс Бонд се врати“. Како што е наведено, неговиот избор ќе го означи „почетокот на нова ера за еден од најпознатите ликови во историјата на киното“. Објавата следеше по долг процес на избор на актерот. Патинсон наводно бил еден од петте кандидати кои влегле во потесен избор, заедно со Џошуа О'Конор и Калум Тарнер. Во петокот беше објавено дека на Патинсон му е понуден попрофитабилен договор од другите кандидати, што дополнително ги разгоре гласините дека тој е фаворит за улогата.Тагови: џејмс бонд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter