Силно невреме ја погоди Романија, издаден е црвен аларм- блокирани се патишта поради поплавите - Канал 5

Силно невреме ја погоди Романија, издаден е црвен аларм- блокирани се патишта поради поплавите

Најмалку 21 локација во пет окрузи во Романија денеска беа погодени од обилни дождови, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, објави Инспекторатот за вонредни ситуации (IGSU).

Силно невреме ја погоди Романија, издаден е црвен аларм- блокирани се патишта поради поплавите

Во округот Бузау е издаден хидролошки црвен аларм поради поројни дождови, објави Digi24.

Жителите на Вернешти и Тисау добија предупредувања преку системот RO-ALERT, а комунален пат на овие места е блокиран од остатоци.

Надлежните служби работат на евакуација на водата од куќите и дворовите, додека специјализирани возила се распоредени во областа Миереа, каде што некои домаќинства се привремено изолирани поради зголемувањето на нивото на реката Нишков.

Според податоците на IGSU, од вчера наутро до утрово се извршени 16 интервенции во општините Бузау, Рамнику Сарат, Тисау, Сахатени, Афусац де Хос, Мереи, Костешти, Топличени и Подгорија.

Екипите за итни случаи отстранија вода од пет куќи и околу 50 метри, како и од некои згради.

Сообраќајот е делумно блокиран на неколку патишта: општинскиот пат Грајдане-Барбунчести во општина Тисау, дел од патот DJ 203K во Лопатара поради слегнување на насипот, патот DC 52 помеѓу Сасени пе Вале и Зорешти поради урнат насип и DJ 203G каде што свлечиште блокира една лента.

Властите во Романија го предупредуваат населението да биде претпазливо и да ги следи официјалните упатства за невремето, особено во областите со висок ризик од свлечишта и поплави.

Метеоролозите предупредуваат дека нивото на реките може повторно да се зголеми, вклучувајќи ги и Нишков и притоките на реката Бузау.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. 

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто денес започна во 7 часот утринава.

Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер