Фото: Во страшна сообраќајка во Романија загинаа седум навивачи на ПАОК - Канал 5

Фото: Во страшна сообраќајка во Романија загинаа седум навивачи на ПАОК

Најмалку седум навивачи на ПАОК ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Романија, во близина на Темишвар, на околу 80 километри од границата со Србија, објавија синоќа романските медиуми. 

Фото: Во страшна сообраќајка во Романија загинаа седум навивачи на ПАОК

Според извештаите, во несреќата се повредени уште три лица објави „Црно и бело“ од Солун.

Комбето со навивачите на ПАОК во обид да претекне друго возило имало директен судид со капион.

Времето запира. Замрзнува. Зборовите пресушуваат. Болката го пробива телото и умот. Солзи течат од очите. Тагата те обзема, те турка на колена, те крши. Уште еден мрачен ден. Уште една неопислива трагедија за семејството ПАОК. Среќно на нашите деца, чија љубов кон четирите букви ги однесе далеку. Оваа љубов кон ПАОК ги донесе таму, ги остави таму и продолжија понатаму, но нивните души секогаш ќе почиваат под крилјата на Двоглавиот орел.

Наше најдлабоко сочувство до семејствата на овие деца. Во нивната неподнослива болка, тие нема да бидат сами. Големото семејство ПАОК секогаш ќе биде со нив за да ја ублажи оваа болка колку што е можно повеќе. Нашите мисли се и со повредените, кои ја водат својата битка. Ќе направиме сè што можеме за да им ја обезбедиме најдобрата можна медицинска нега, ќе се погрижиме брзо да се вратат дома, секогаш ќе бидеме тука за нив. Само една желба... Никогаш повеќе...“, пишува ПАОК на социјалните мрежи.

Инаку, навивачите на клубот од Солин, Грција патувале кон Франција, каде што ПАОК ќе го игра натпревар од Лигата на Европа против Олимпик Лион во четврток.

Во еден момент, возилото со кое патуваа премина на спротивната сообраќајна лента, по што дојде до директен судир со камион. Несреќата се случи на автопатот Е70, кој исто така поминува низ Србија.

Романските медиуми објавија и видео на кое се гледа како минибус со навивачи преминува во спротивна насока и директно удира во камионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брилијантниот Леброн „го „урна“ НБА шампионот

Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата ѕвездата на Филаделфија, Леброн Џејмс дури и на 41-годишна возраст, во својата 24-та НБА сезона, не престанува да воодушевува. 

Видео: Брилијантниот Леброн „го „урна“  НБА шампионот

Легендарниот кошаркар одигра одличен натпревар за својот нов клуб и ги предводеше Филаделфија до победа од 98:93 против актуелните НБА шампиони, Њујорк Никс, во рамките на утринската програма во НБА .

Џејмс го заврши натпреварот со 20 поени, девет скока и осум асистенции, со што беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија.

Тој изгледаше особено импресивно во завршницата на натпреварот, кога ја презеде одговорноста и му помогна на својот тим да го скрши отпорот на домаќините. Го реши натпреварот во завршницата Никс се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и пол пред крајот. Но, тогаш на сцена стапи Џејмс. Тој возврати со кош и ѝ донесе ново водство на Филаделфија.

Џејмс во текот на натпреварот покажа дека сè уште може да доминира на двете страни од теренот. Во првото полувреме, тој моќно го проби Микал Бриџис и поентираше, додека во третата четвртина, во полн трк, го блокираше обидот на Оџи Ануноби.

На тој начин, Филаделфија оствари вредна победа на гостински терен, а најдобар стрелец во тимот беше Тајрис Макси со 27 поени. Во редовите на Никс, најефикасен беше Џејлен Брансон со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис

Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец

Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места.

Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски.

Маченичка смрт на 84-годишна возраст

Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ.

Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер