Силна експлозија одекна во Техеран, над градот се издигнува густ чад (ВИДЕО) - Канал 5

Силна експлозија одекна во Техеран, над градот се издигнува густ чад (ВИДЕО)

Воздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати активно пресретнува ирански ракети и беспилотни летала, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ во објава на мрежата X .

Силна експлозија одекна во Техеран, над градот се издигнува густ чад (ВИДЕО)

Кратко потоа, пристигнаа извештаи дека огромна експлозија се слушнала и во Техеран.

Во објавата се вели дека нападот врз ОАЕ опфатил неколку области во земјата и вклучувал и балистички и крстосувачки ракети.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот, додека Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека земјата го задржува своето „целосно и легитимно право“ да одговори.

Кратко потоа, иранските опозициски медиуми објавија огромна експлозија и облак од чад во западен Техеран, објави „Џерусалем пост“.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.

Потсетете се дека вчера, тројца индиски државјани беа полесно повредени во ирански напад со беспилотни летала врз нафтениот комплекс Фуџаира во ОАЕ, соопшти медиумската канцеларија на Фуџаира.

Подоцна во понеделник, иранската државна телевизија објави, повикувајќи се на воен функционер, дека Иран немал однапред смислена намера да нападне нафтени постројки во Фуџаира.

Она што се случи во пристаништето беше резултат на „авантуризмот на американската војска за создавање премин за нелегален транзит на бродови“ низ Ормутскиот теснец, додаде функционерот, според иранските државни медиуми.

Неколку ирански напади во изминатиот ден

Министерството за одбрана на ОАЕ потврди дека во понеделникот одбило напад од 12 ирански балистички ракети, три крстосувачки ракети и четири беспилотни летала.

Исто така, во понеделник беше нападнат јужнокорејски брод што пловел во близина на Ормутскиот теснец, објави корејскиот медиум „Чосун дејли“, повикувајќи се на владин претставник.

Американскиот претседател Доналд Трамп го потврди нападот подоцна во понеделник, повикувајќи ја Јужна Кореја да се придружи на напорите на САД во теснецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Струмичанец превезувал мигранти со возило со таблички од друго возило и без возачка- уапсен е

Лишен од слобода струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола.

Струмичанец превезувал мигранти со возило со таблички од друго возило и без возачка- уапсен е

На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Арачиново- пронајдена марихуана

Претрес во скопско Арачиново, лишено од слобода едно лице, пронајдени над два килограми марихуана.

Претрес во Арачиново- пронајдена марихуана

На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен, СДС, ДУИ и Таравари го штитат

Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на неколку илјади граѓани, СДС, ДУИ и Таравари го штитат и не бараат одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен, СДС, ДУИ и Таравари го штитат

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните.

Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда.

Така на пример, СДС се занимава со спинување на информации и собирање дневно-политички поени и со ширење на неточни и непрецизни информации, и се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе.

Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет.

Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда.

Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер