Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
СветСилна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства (ВИДЕО)Силна зимска бура што го зафати Појасот Газа оштети или целосно однесе илјадници шатори во кои се сместени раселени семејства.Силна зимска бура што го зафати Појасот Газа оштети или целосно однесе илјадници шатори во кои се сместени раселени семејства, дополнително влошувајќи ги и онака тешките услови за живот и продлабочувајќи ги стравувањата од нова хуманитарна катастрофа, соопшти денеска Цивилната заштита на Газа. Портпаролот на службата, Махмуд Басал, изјави дека силните ветрови и обилните врнежи предизвикале масовно уништување на привремените засолништа, особено долж крајбрежјето, каде што шаторите биле искинати или однесени од ветер со брзина до 60 километри на час. Тој ја поврза кризата со континуираната израелска блокада на влезот на хуманитарна помош и градежни материјали во Газа. „Ова не е само криза поврзана со временските услови“, наведе Басал во соопштението. „Она што го гледаме е директна последица на блокирањето на градежните материјали и опструкцијата на обновата, што ги принудува луѓето да живеат во искинати шатори и небезбедни, оштетени домови, без достоинство и заштита“. Според палестинските метеоролози, невремето започнало вчера и се очекува да продолжи со нестабилни временски услови, со нови врнежи и силни ветрови во одделни делови на територијата. Басал предупреди дека секое ново влошување на времето се претвора во „вистинска хуманитарна катастрофа“ поради континуираната блокада, додавајќи дека илјадници шатори сѐ уште се изложени на ризик од уривање или поместување. Тој наведе дека многу семејства биле принудени да постават шатори покрај самото море, откако големи урбани подрачја станале ненаселиви по повеќе од две години израелско бомбардирање. За време на слична бура кон крајот на декември, стотици шатори долж брегот кај Кан Јунис беа поплавени откако морската вода навлезе во внатрешноста. Басал предупреди и на илјадници делумно уништени куќи на кои им се заканува уривање, оценувајќи дека напукнатите ѕидови и ослабените конструкции претставуваат смртоносна закана, особено за време на обилни врнежи и силни ветрови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаНема промена кај цените на гориватаНема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР распиша меѓународна потерница по Ива МихаиловаМинистерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава.. Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.. Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Живот„Економист“ за војната со Иран: Досега Америка потроши 265 милијарди долари Војната со Иран, која ужива многу мала поддршка меѓу Американците, сè повеќе го оптоварува буџетот на домаќинствата. Од поскапото гориво и повисоките каматни стапки за станбени кредити до зголемените цени на авионските билети, конфликтот дополнително ги зголемува трошоците за живот на граѓаните кои веќе се соочуваат со инфлација. Сето ова се случува во пресрет на изборите за Конгресот на САД, пренесува Си-Ен-Ен (CNN). Според проценките на Марк Занди, главен економист во фирмата за економска анализа „Мудис аналитикс“ (Moody’s Analytics), војната ги чинела американските потрошувачи приближно 265 милијарди долари (или 236 милијарди евра) од почетокот на конфликтот во февруари. Ова претставува дополнителен трошок од околу 2.000 долари (или 1.785 евра) по просечно американско домаќинство. „Многу Американци со право ја поврзуваат војната со Иран со болно високите трошоци за живот, поради што сакаат таа да заврши“, изјави Занди. Во меѓувреме, растот на платите не го следи растот на цените; во септември, растот на платите забави на најниско ниво во последните пет години. Кога ќе се земе предвид инфлацијата, реалната вредност на платите опаѓа речиси секој месец од почетокот на војната. Како последица на тоа, некои Американци се принудени да посегнат по заштедите или да се потпрат на кредитни картички за да ги покријат секојдневните трошоци. Цените на енергенсите претставуваат најголем проблем. Војната со Иран со месеци го блокираше Ормускиот Теснец – еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта. Ова го запре извозот на големи количества сурова нафта, гориво и течен природен гас од Персискиот Залив. Иако транспортот на нафта низ теснецот е обновен, трошоците за транспорт од регионот значително се зголемија. Ова резултираше со повисоки цени на бензинот, дизелот и горивото за авиони. Поради зголемените трошоци за енергија – вклучително и повисоките сметки за греење – просечното американско семејство потрошило околу 1.100 долари повеќе од почетокот на војната отколку што би потрошило во нормални околности. Занди проценува дека, при сегашните цени, овој дополнителен трошок се зголемува за околу 50 долари (приближно 45 евра) секоја недела. Дизелот, кој се користи во камиони, трактори и возови, и понатаму е на ниво близу до рекордните цени. Иако наглиот раст на цените на бензинот е стабилизиран, цената останува значително повисока од вообичаеното за овој период од годината. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), просечната цена на бензинот изнесува 4,34 долари за галон (приближно 1,02 евра за литар). Пред почетокот на војната, еден галон чинеше 2,98 долари (околу 0,70 евра за литар). Тоа значи дека цената на бензинот во САД е зголемена за речиси 46 проценти од почетокот на конфликтот. Вчера беше забележан 165-тиот ден во годината во кој просечната цена на бензинот во САД изнесуваше најмалку четири долари по галон – или приближно 0,94 евра по литар. Според анализата на CNN врз основа на податоци од AAA, ова претставува рекорд од почетокот на следењето на овие податоци во 2000 година. Претходниот рекорд беше поставен во 2022 година, кога цената на бензинот изнесуваше најмалку четири долари по галон во текот на 158 дена. Цените тогаш нагло пораснаа поради руската инвазија врз Украина. Единствената друга година кога бензинот го достигна тоа ценовно ниво беше 2008 година, кога се задржа на таа висина 48 дена во текот на летото. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека повисоките цени на бензинот и дизелот се мала цена што треба да се плати за да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Зголемените трошоци за авионско гориво особено силно ги погодија авиокомпаниите. За да ги намалат трошоците, некои од нив ги укинаа поевтините и помалку профитабилните линии, ги зголемија надоместоците за багаж и ги покачија цените на билетите. Според податоците на Бирото за статистика на трудот на САД, авионските билети во август биле дури 23 проценти поскапи отколку во истиот месец минатата година. Растат и трошоците за греење. Американската Управа за енергетски информации проценува дека домаќинствата што користат масло за греење ќе плаќаат 21 процент повеќе за греење оваа зима во споредба со минатата. Покрај поскапото гориво и греење, Американците сè повеќе се оптоварени и со кредити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00