Сиљановска Давкова во Велес: Кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната ?

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Велес, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Во Велес Сиљановска Давкова посочи дека атмосферата која што ја гледа од митинзите и енергијата од граѓаните и се мотив да се бори да победи на претседателските избори и да овозможи правото и правдата да завладеат во земјава. Сиљановска Давкова додаде дека крај нема на листата на славните луѓе во Велес. Дали да се почне од Рацин, дали Брашнаров, дали Џинот, дали браќата Манаскови, луѓе кои инспирираат.

Замислете на денешната утакмица химната била интонирана без зборови. Епа се прашувам дали тогаш е слободна Македонија, ако е иредентизам да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини, ако Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата меѓу кои и химната, покрај грбот и знамето. И се прашувам дали за власта важат законите оти има закон што се носи со 2/3 мнозинство, исто со какво се носи и Уставот за да се каже какво е значењето и јачината на химната, дали важи овој закон за премиерот и за владата. Се разбира сите се под Уставот и законите во слободна земја, ама јас се плашам дали оваа земја се уште е слободна, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова појасни дека во текот на преговорите за Преспанскиот договор рекла дека прво на удар ќе биде химната и одговориле цинично дека не било така и дека во преговорите химната ќе била задржана. Власта треба да знае дека химната е историска слика на Македонија. Химната е историски, национален наратив за граѓаните на Македонија.

Не знам кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната. Оти химната не е само музика. Химната е пишаното, историјата, болните зборови, битката за право и правдини. Но не знаат дека кога забрануваат ние уште посилно и попосветено ќе го правиме тоа. Сами ќе ја пееме химната гласно, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова посочи дека секоја забрана што е врзана за кршење на нашите историски права, нас не охрабрува.

Се ближи денот кога ние мислиме дека ќе блесне слободата, не само во Велес туку нис сета Македонија. Зошто нашата победа ќе значи пораз на нивните немакедонски, ненационални, антимакедонски и антинационални политики ако тоа може воопшто да се нарече политика. На 21 април мислам дека и изборно ќе ги делигитимираме. Се разбира тие се одамна делигитимирани оти нелигитимно е нешто да сторите за што не сте го добиле мандатот од граѓаните на изборите, појасни Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова рече дека на 21 април кога ќе победи, ќе се отвори пат за предвремени парламентарни избори, а новото парламентарно мнозинство, новата влада нема да бара од граѓаните да ги забораат зборовите на химната или во себе да си ги говорат и да тагуваат. Туку новата влада со граѓаните ќе ги пеат зборовите од химната, со нив ќе го вее знамето, со граѓаните ќе го изговара светото име со кое одраснале Македонија. А, северна нека си го изговара оваа власт која ќе изгуби на предвремените парламентарни избори и ќе остане на темните страни од македонската историја.

Станавме непознат феномен, автократски, авторитарен да не речам и тоталитарен. Зошто, целата власт ја грабнаа само онаа претседателската не е во нивни раце, но пак целосно ја игнорираат, ја суспендираат, ја узурпираат бидејќи од почетокот на преговорите за Преспанскиот договор, Претседателот иако е првиот во меѓународната политика, иако е првиот во потпишувањето на меѓународните договори во името на Република Македонија го тргнаа, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова додаде дека власта заборави дека е тука поради народот, а не заради своите кариери и бизниси. Се однесуваат како да живеат во некоја пребогата земја, наместо да се фалат со скромноста, да се скромни, но напротив тие се расфрлаат. Овој народ не заслужува таква власт.

Ви го ветувам мојот респект, ветувам дека пред Собранието ќе се обраќам во вашето име, дека ќе ги нотирам, дека ќе ги адресирам вашите проблеми зошто кога е претседателот во прашање нема ваши и мои проблеми. Сите проблеми се на претседателката, сите проблеми се мои проблеми и јас сум должна, зошто мојот дигнитет е врзан за вашиот, зошто мојот легимитет извира од вашиот, вас да ве застапувам пред пратениците и владата, рече Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова вети отворени денови за средби за да биде поблиску до граѓаните и нивните проблеми. Само така ќе заживее правдата и правдината во Република Македонија. Само на тој начин демократијата пак ќе застане стабилно на нозе.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер