Силјановска Давкова во Македонски Брод : Граѓаните рекоа НЕ за промена на името

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Македонски Брод.

Силјановска Давкова го започна митингот со прашање има ли повистинско место да говорите за правото и правдата во Македонија од Македонски Брод. За тоа е најголемиот доказ за името на ова прекрасно место дека придавката македонски природно си е врзана и неразделна е од Македонија. Дури и се осврна дека во Норвешка во еден часопис го имало Македонски Брод за неговата волшебна недопрена природа, за пчелите, за медот, за визијата или за желбата еден ден таму да се оди. Тоа е нашата Македонија.

По ова Силјановска Давкова го допре горливото прашање на нашиот народ, а тоа е Уставот кој треба ретко да се менува и тоа со рака што трепери. И тоа не од страв туку од одговорност. Зошто Уставот е најважната правна и политичка книга на една држава. Што значи и на Македонија.

За двесте години Американците само 27 пати го смениле Уставот, а тој има само 7 члена, посочи Силјановска Давкова како споредба.

Додека ние го сменивме Уставот 36 пати од 1991 година ама само 2 пати од внатре, еднаш заради притворот и втор пат заради правосудството. Сите други измени доаѓаа од надвор. На барање од надвор, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потсети дека минатата година Уставот на Република Македонија се менуваше не заради граѓаните, не заради добрата функционална држава, не заради подобар економски, политички, правен живот туку заради промена на името. И во Преамбулата.

Преамбулите е тоа е еден дел што му претходи на Уставот ама тоа не е неважен дел. Таму во нашата Преамбула пишува нешто што го слушаме или кога ја пееме химната. Се кажува за славното минато, за Илинден, за Крушевска Република, за Втората Светска војна, за целите што ни се најважни. Преамбулите во светот ретко се менуваат. Зошто? Зошто Преамбулата го отсликува од кога е донесен Уставот, од 1991 година, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потенцираше дека оваа последнава Преамбула, како да се случила, како да е донесена во 1991, ама како во 1991 на референдумот да сме гласале за Северна Македонија, и како партизаните да се бореле за Северна Македонија, и како Илинденците да сонувале и да се бореле за првиот Илинден односно за Северна Македонија. Ама тоа не е така.

Да потсетам дека граѓаните рекоа НЕ за промена на името. Референдумот не успеа. Ама власта заборави на народот. Ние со молкот испративме порака до власта дека не ги легитимираме ни власта ни референдумот. Туку ги делигитимираме, се осврна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека граѓаните со молкот што го бојкотираа референдумот посилно одекна и овде и надвор отколку во Парламентот. И наместо да си поднесе оставка власта, да си замине бидејќи по неуспешен референдум сите државници би си заминале, би се извиниле. Ама нашата власт си остана и си продолжи да го менува Уставот.

Не гледам јас надеж дека во јуни ќе добиеме датум за преговори. Не дека се лоши кон нас туку затоа што бараат стандарди да се исполнат што се Копенхагешки критериуми, како владеење на право, економија, борба со корупција и криминал, борба со непотизам ама и затоа што ЕУ си има сериозни сопствени проблеми и се разбира дека секој, секогаш, секаде прво треба да се води од сопствените интереси така и ние националните интереси,а потоа да се согласуваме и да потпишуваме. Ама национален интерес не се гради меѓу двајца, меѓу тројца, туку со консензус, со опозиција, со претседател на држава. А, најмногу со народот, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова објасни дека сликата на државата не е блескава, не е европска. Нема владеење на право ама нема дури ни елементарна поделба на власта. Кога власта е на едно место, дома, на работа, во државата тоа е лошо. Може да ја злоупотреби и ќе се прекршат слободи и права на граѓанинот. И економијата е нула. Има само непотизам кој секој ден се повеќе се шири.

Треба да победиме на изборите за да уште веднаш ги делигитимираме. И да ги испратиме на незаслужен одмор, зошто ништо не сработиле, освен што го сменија името. И да ги потсетиме дека треба предвреме да ги распишат парламентарните избори. Само така програмата, само така идеите европски, само така посветеноста и знаењето ќе можеме од сите да ги впрегнеме, од најумните, нагласи Силјановска Давкова.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер