Сиљановска-Давкова во Љубљана се обрати пред Македонско-словенечкиот бизнис клуб - Канал 5

Сиљановска-Давкова во Љубљана се обрати пред Македонско-словенечкиот бизнис клуб

Во рамки на официјалната посета на Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати пред членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана.

Сиљановска-Давкова во Љубљана се обрати пред Македонско-словенечкиот бизнис клуб

Обновувањето на македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка и поврзување на бизнис-заедниците на двете држави, изјавила претседателката .

Според неа, постои потенцијал за зголемување на трговската размена, со оглед на веќе остварените резултати и стекнатата доверба во градење на заедничката деловна култура. во 2025 година, вкупната трговска размена изнесуваше 279.6 милиони евра, од кои увоз 160.7 милиони и извоз 118.9 милиони евра.

Но, верувам дека можеме подобро. Затоа, треба да поставиме смела, заедничка цел. да достигнеме 500 милиони евра во трговска размена, порачала претседателката во обраќањето.

Во продолжение целото обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова:

Почитувани стопанственици,

Драги пријатели,

Ми претставува задоволство, во рамките на мојата прва официјална посета на пријателска Словенија, да се сретнам со вас денеска, во просториите на обновениот Македонско-словенечки бизнис клуб.

Македонско-словенечките односи можат да послужат како пример за целиот регион. Ако 50 години живеевме во иста држава, изминативе 35 години од независноста нè зближија уште повеќе. Успеавме да изградиме одлични билатерални односи без отворени прашања, втемелени врз традиционално пријателство и длабока соработка во сите полиња, вклучително и во економијата. Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи во евроинтеграцијата.

Исто така, Словенија е наш петти најголем инвеститор, со учество од 7% од вкупните странски директни инвестиции. Она што нѐ прави привлечни за словенечкиот капитал не е само поволната даночна клима, туку и нашите традиционални врски и силната мрежа на лични контакти што вие во оваа просторија ја одржувате.

Го гледаме ова присуство насекаде. Над 40 словенечки компании моментално се активни во нашите стратешки сектори. Вие станавте столбови на нашите банкарски и осигурителни пазари, а сега се пробивате и во енергетиката. Проектите како GEN-I и нивната работа со фотоволтаици покажуваат дека словенечката експертиза ни помага во зелената транзиција.

Во 2025 година, вкупната трговска размена изнесуваше 279.6 милиони евра, од кои увоз 160.7 милиони и извоз 118.9 милиони евра. Но, верувам дека можеме подобро. Затоа, треба да поставиме смела, заедничка цел. Да достигнеме 500 милиони евра во трговска размена.

Веќе имаме услови. Си ги познаваме навиките, преференците и работната етика, а имаме и традиционална доверба. За македонските потрошувачи, словенечките не се странски производи, туку квалитетни брендови со коишто пораснале. Слично на тоа, за словенечките компании, македонските бизнисмени се посакувани партнери. Оваа доверба е нашата најголема предност и е социјален капитал којшто може да ја олесни работата на Македонско-словенечкиот бизнис клуб.

Тука е и македонската дијаспора, којашто може да биде многу важен развоен ресурс којшто ќе помогне во нашиот економски развој, но и ние треба да создаваме добра клима за да може овие луѓе да препознаат поддршка на претприемаштвото, не само преку трансфер на пари, туку и преку знаење и бизнис.

Свесни сме дека живееме во време на геоекономска фрагментација на глобалната економија, со енергетски кризи и ценовни шокови. Во вакво непредвидливо опкружување, за да ја направиме македонската економија поотпорна, нашиот стратешки фокус е насочен кон четири столба.

Прво, енергетско поврзување. Преку изградбата на интерконекторите за природен гас со Грција и со Србија, стануваме транзитна земја за гас и регионален енергетски центар.

Второ, со модернизацијата на коридорите 8 и 10 обезбедуваме евтин транспорт и безбеден синџир за снабдување.

Трето, се фокусираме на дигиталната поврзаност, бидејќи иднината им припаѓа на развојните, дигитални економии коишто се темелат врз знаење, технологија и конкурентност.

Четврто, и најважно, и покрај пречките со коишто се соочуваме, работиме на европските реформи. И вие, бизнис лидерите, ни помагате на нашиот пат кон Европската Унија. Со усвојување на словенечките „најдобри практики“, некои од македонските фирми веќе функционираат како да се дел од ЕУ.

Но, сите овие инвестиции во енергетиката, инфраструктурата и дигитализацијата имаат една крајна цел, а тоа е да создадат средина во којашто вашите компании ќе можат да напредуваат и да создаваат вредности. Вашиот успех е мерката на нашиот напредок. Ве охрабрувам да продолжите со истата енергија, иновативност, грижа за вработените, работна етика и енергија и ви посакувам успешна работа.

Ви благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер