Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
1Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
3Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
2Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
МакедонијаСиљановска-Давкова во Копенхаген: Потребна ни е политика како уметност на можното Поддршката за Украина, безбедносната состојба во Европа и актуелната геополитичка реалност се главните теми на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген. Темата за проширувањето на Европската Унија иако на маргините, сепак очиглено е дека не е во фокусот на европските лидери. Единствено претседателот на ЕС Антонио Кошта на вечерата на лидерите ја покренал темата за укинување на ветото и воведување на квалификувано мнозинство за носење од одлуки. Но, како што пренесува реномираниот бриселски портал „Политико“ повикувајќи се на дипломатски извори било одбиено, пред се, од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој пак поддршка добил од неколку европски земји. Македонија во Копенхаген е претставувана од претседателката Сиљановска Давкова кој пред почетокот на самитот истакна дека потребна е политика на возможното. -Може ли да кажам нешто, доаѓајќи од мала земја? Потребна ни е политика како уметност на возможното наместо политиката со која живееме во која прашањето е кој, кога и како победува. Ни треба повеќе „Кантијанизам“ отколку „Макијавелизам“.- Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија. Од соседството пак, премиерот на Албанија Еди Рама прашан за пристапниот процес на неговата земја истакна дека тие не чекаат туку итаат кон членство. Ги повика големите земји – членки на Унијата да не калкулираат туку да ја примат Албанија час поскоро. -Ние не чекаме, ние трчаме (во пристапниот процес) ние трчаме многу брзо и ние ќе бидеме подготвени многу брзо и останува на големите земји во просторијата да не чекаат повеќе туку да не прифатат и да не примат бидеќи ќе бидеме голема додадена вредност на ЕУ,- - Еди Рама – Премиер на Албанија. Европската политичка заедница која се одржува два пати годишно беше формирана по иницијатива на францускиот претседател Макрон, да служи како неформална платформа за политички и стратешки дијалог со цел унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на континетнот. Самитот во Копенхаген е седми по ред, а следните два предвидено е да се одржат во Ерменија и Ирска. Тагови: Силјановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизГвинет Палтроу се соблече во топлес среде снимање, а потоа продолжи како ништо да не се случилоХоливудската ѕвезда Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи.Гвинет Палтроу повторно најде начин да ги изненади своите следбеници, а овој пат тоа го стори среде едно навидум обично видео посветено на есенската мода. Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи. 53-годишната актерка им порача на своите следбеници на TikTok дека е „време за џемпери“ и сподели видео во кое прикажа различни плетени парчиња облека, вклучувајќи ги и оние од нејзината луксузна модна линија GWYN. @gwynethpaltrow Hope that clears things up ♬ original sound - Gwyneth Paltrow За да го сними видеото, Гвинет го поставила својот мобилен телефон во дизајнерска фрижидер-торба во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија, а потоа ненадејно се појавила без горниот дел од облеката. Интимните делови биле покриени со стратешки поставена црна лента. Додека грицкала јаболко, актерката ја покажала својата витка фигура, облечена само во бели фармерки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот секторДенес, системот на плати во јавниот сектор се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација посветено работи. Во насока на оваа реформа, денеска започна петдневната TAIEX експертска мисија посветена на воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор. Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату, а во нејзини рамки експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го пренесат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, модел кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор. „Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот „еднаква плата за еднаква работа“ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“ порача министерот Минчев. Министерството работи на новата законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година, а неговото постепено и систематско спроведување да започне во 2027 година. „Не сакаме да копираме туѓ модел. Сакаме да го разбереме, да го анализираме и врз основа на нашите институционални, законски и финансиски услови да изградиме решение кое ќе биде функционално и применливо за Македонија“ истакна Минчев. Според него, целта е да се создаде систем што нема само да ги поедностави процесите, туку ќе донесе поголема транспарентност, подобра контрола на јавните средства и поквалитетни податоци за носење јавни политики. За Министерството за јавна администрација, ова е конкретен чекор во реформата за градење на поефикасен и поправеден систем на плати, систем во кој правилата се јасни, одговорноста е прецизно утврдена, а јавните средства се управуваат поефикасно и потранспарентно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе да слави бројка што не се мрднала.2024: BB+ 2026: BB+ Тоа не е напредок. Тоа е исто. А тој тоа го продава како лоша вест за опозицијата и како доказ дека народот живее подобро. Лаже уште додека ја чита оценката. Што значи BB+ на јазик што го разбира секој: Нема инвестициски рејтинг. Инвестицискиот почнува од BBB. Ние сме под тоа. Државата и натаму се смета за ризична. Зошто? Затоа што сè уште не сме дел од ЕУ. Затоа што Мицкоски не ги спроведува потребните реформи. СДСМ го направи првиот чекор и ја обезбеди сигурноста за инвестициите со влезот во НАТО. Сега ни е потребна ЕУ за да продолжиме да напредуваме. Затоа се Мицкоски задолжува поскапо од земјите со BBB. Истиот ризик. Истата цена на долгот. Истата приказна. „Фич“ не му напиша пофалница на Мицкоски за стандардот. Агенцијата со две години ги повторува истите дупки: голем фискален дефицит, ниска продуктивност, демографски проблем. Државата троши повеќе отколку што собира. Работи помалку вредност отколку што треба. Луѓето си одат. Тоа не е економски тигар. Тоа е предупредување во фуснота, а арамијата го чита како химна. И најважно: оваа оценка не зборува за животот на граѓаните. Не ја мери потрошувачката кошничка. Не го мери горивото. Не ја мери киријата. Не ја мери минималната плата што стои. Не го мери фрижидерот. Граѓаните не живеат во извештај на „Фич“. Живеат со цени до плафон во продавница, маркет, пазар. Таму цената оди нагоре. Горивото јаде плата. Поскапувањата не чекаат рејтинг. Минималната плата не расте. А најсилниот показател не е ни БДП ни BB+ туку празни фрижидери и празни паричници на граѓаните. Подобар показател од тоа нема. Кога Мицкоски вели „денес се живее многу подобро отколку пред три години“, не го гледајте „Фич“. Погледнете ја сметката. Ако оценката е иста како во 2024, а кошницата е потешка, лагата е очигледна. Арамија чим ќе зине - лаже. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00