Силјановска Давкова во Кисела Вода: Единствената промена што ја направија директно не засега сите нас

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати пред граѓаните во Општина Кисела Вода.

Силјановска Давкова на граѓаните од Општина Кисела Вода им посака добровечер, им се заблагодари на нивното присуство.

Денеска целиот свет се наоѓа во тешка криза. Прво ви криза е претставничката демократија уште од 2008 година. Зошто? Зошто тогаш излезе на виделина дека претставниците не секогаш ги претставуваат граѓаните туку си се претставуваат себе. Ние критичарите велиме дека е тоа олигархиски концепт, дека е тоа тиранија на мнозинството парламентарно и дека мора да се работи на негово менување. Што е лекот? Лекот е нови форми на партиципативна демократија, нови форми на кои луѓето ќе можат да бидат вклучени во процесот на одлучување на сите нивоа на локално, на регионално, на национално. Јас овој величествен собир овде го сметам за таква форма на директна демократија, ние сме овде да ве чуеме вас, ви сте овде да ги чуете нашите ветувања, ние сме овде да ве увериме дека се што ќе чуете ќе го запаметиме и ќе го спроведеме, за разлика од оние другите кои се што кажуваат веднаш забораваат, а потоа не се сеќаваат па дури и го негираат, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова објасни дека ги учи студентите дека изборите се начин на кој што се решава прашањето на легитимитетот или делигитиминирање. Тие се одамна веќе делигитимирани оти кршењето на Уставот и законите значи делигитимирање. Како за пример ги образложи референдумот, промена на кривичен законик, одлуката за референдумот, законот за амнестијата кои се акти на кршење на Уставот и на законите.

Она што оваа власт стори, а немаше легитимитет за тоа е промената на името. Единствената промена што ја направија директно не засега сите нас. Тоа е болно, страшно бидејќи се што сме правеле во животот, се што сме читале, се што сме пишувале, се што сме сонувале било врзано за Република Македонија. Значи никој нема право, односно нема мандат, ако на изборите во изборната програма не го нотирал тоа дека ќе го прави потем да го спроведува. Тоа е она што ние го велиме теорија на мандатот, тие се водат на начелото „Фати го моментот. Земи се што ќе можеш. Вработи ги своите. Узурпирај ја економијата. Стави го Уставот в џеб. Биди покорен кон оние за кои што мислиш дека се посилни.“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека има и криза на уставна демократија, бидејќи уставните промени може и треба да произлегуваат само од народот, од суверенот, не однадвор. Бидејќи оние кои нудат или оние кои сугерираат, или оние кои наредуваат уставни промени однадвор немаат демократски легитимитет за тоа. Така се вели во науката за уставното право, така се вели кога се повикува на владеење на правото.

Однадвор велат дека економијата македонска лази по земја, дека е неспособна, дека е импотентна, дека не е либерална, ја оценуваат со нула, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека секој ден македонскиот народ слуша како власта се фали дека е успешна на секое поле, за што ќе добиеле дури и Нобелова награда за мир. Се фалеле со зголемена вработеност, но никој не знае која е бројката на вработените. Никој не знае дали бројката со која власта се фали се однесува на државната и јавна администрација или навистина се однесува на директен ангажман во производниот процес. Но за второто сигурно не е, бидејќи никој нема слушнато за капитални инвестиции во Македонија од којзнае кога. Вработувањата се врз основа на непотизам, врз основа на фамилијарност, а ни малку не врз основа на стручност и компетентност. Од таквите вработени никој нема полза, освен власта бидејќи може да ги користат како гласачка машина. Тоа е армија на луѓе што троши наши пари. Армија на луѓе што не знае како скицира пат кон ЕУ.

За корупцијата и криминалот веќе човек не знае што да каже. Станаа секојдневие. Станаа нешто нормално, а сосема ненормално се. Секој ден се случуваат во неограничени размери. Од друга страна сите укажуваат дека земја со корупција и криминал е земја со загрозен суверенитет. Земја со корупција и криминал е земја со загрозена безбедност. Земја со корупција и криминал може лесно да биде мета на терористички закани, ама тие живеат во нивниот свет, во нивниот богат мирен свет, далеку од вашиот и нашиот. Тој свет набрзо ние ќе го предизвикаме, тој свет ние набрзо ќе го срушиме, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова вети дека ќе почнеме да градиме нов свет, свет на право, правда и правичност.Доаѓаат изборите, а на изборите првиот и последен глас, конечниот глас го имате вие. Граѓаните на Република Македонија, без оглед на етничка, расна, верска и било која друга припадност. Ако нашите цели се неразделни од правото, правдата, етиката тогаш сме ние извонредно добро друштво. И одиме во вистински правец, тој правец е европскиот. Зошто модерна Европа е Европа на владеење на правото, посочи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова повика да се санкционира криминалот и корупцијата, да се санкционира неправдата, и да се докаже на власта дека се изборно делитимирани, а тоа значи заминување. А, заминувањето значи отворање на нова страница наречена предвремени парламентарни избори. А, со тоа ќе завладее правото и правдата во Република Македонија, нова ера во македонската историја.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер