Сиљановска Давкова во Кавадарци на четвртата трибината од циклусот „Македонија повторно горда“

Денес во Кавадарци се одржа четвртата трибината од циклусот Македонија повторно горда за претставување на изборната програма на кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

На трибината зедоа учество Сања Божиновска, Маја Кадиевска Војновиќ и Зоран Ставрески.

Гордана Сиљановска-Давкова потенцираше:

Еден амбасадор, мој пријател, често ми вели дека секогаш кога ќе појде во Кавадарци гледа нешто ново што го инспирира. Се сеќавам дека порано економската дипломатија на Македонија беше инспирација за сите соседи. За жал, последниве години не е така. Јас постојано мислам дека ако како мала земја, имате културна и спортска дипломатија, многу е важно да имате и економска дипломатија. Како претседателка, во однос на економските прашања, секогаш ќе се залагам, и кога одам надвор, и кога дочекувам званични лица, прво ќе се консултирам со економски тим. Да не говорам за средбите со стопанските комори. Не мора да влеземе во ЕУ за да ја градиме економијата, можеме и претходно. Еден од моите приоритети како претседателка ќе биде заедно со владата да поднесеме барање за итен влез во единствениот европски пазар. На тој начин, македонската економија, македонските компании, македонските институции ќе ги уживаат сите придобивки на Европскиот економски простор. Се разбира дека како претседателка ќе инсистирам и на економска соработка со дијаспората, ама мислам дека предуслов за тоа е владеењето на правото и правната држава.

Една од најважните функции на претседателот е предлагањето на гувернерот на Народната банка. Во тој дел, истакнувам дека еден одговорен претседател треба првично да се консултира со луѓе од економијата и да го избере најдобриот. Само со вистинските луѓе на вистинските места можеме да одиме напред!, објавија од тимот на Силјановска Давкова.

Нетанјаху: Со гадење ја отфрлам споредбата меѓу демократски Израел и убијците на Хамас

Апсурдно и нов облик на антисемитизам, вака израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени барањето на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на израелскиот премиер и неговиот министер за одбрана.

Апсурдно и нов облик на антисемитизам, вака израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени барањето на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на израелскиот премиер и неговиот министер за одбрана, Јоав Галант за наводни воени злосторства против човештвото во појасот Газа. Натанјаху порача дека не постои меѓународен притисок што може да им ги врзе рацете да се борат против оние кои сакаат уништување на Израел.

-Како премиер, со гадење ја отфрлам споредбата на хашкиот обвинител меѓу демократски Израел и убијците на Хамас. Toa e комплетно искривување на реалноста. Со каква дрскост го споредувате Хамас кој убиваше, палеше, масакрираше, силуваше и ги киднапираше нашите браќа и сестри, со израелските војници кои водат праведна војна. , вели Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Освен за израелските челници, обвинителот Карим Кан побара налози за апсење и за лидерската тројка на Хамас, Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханија. Барање на обвинителот, кој го сомничи Нетанјаху за убиства, прогон, предизвикување глад и истребување во Газа, ги подели западните сојузници. За Франција и Белгија барањето е оправдано и евентуалните злосторства треба да бидат кривично гонети. За САД, Германија и Италија неприфатливо е радикалното движење и израелската влада да се стават во ист кош. Бајден одлуката ја нарече срамна.

-Дозволете ми да бидам јасен, ја отфрламе апликацијата на МКС за налози за апсење на израелските лидери. Што и да имплицираат овие налози, не постои еквивалентност меѓу Израел и Хамас. Она што се случува (во појасот Газа) не е геноцид. , изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Дали ќе има потерници по петтемина лидери на Израел и на Хамас ќе треба да одлучи предистражниот совет на Меѓународниот суд, откако ќе ги испита доказите на обвинителот. Доколку бидат прифатени, налогот за апсење, конкретно за Нетанјаху повеќе би имал симболичен ефект. На пример Израел и САД досега не го признале овој суд, па оттука премиерот не може да биде уапсен на израелска територија, но може да биде приведен ако е во посета на земја членка на судот, кој досега го признале 123 светски држави.

ССМ ја објави минималната синдикална кошничка за мај- 60 090 денари се потребни за да се помине

Втор месец по ред, минималната синдикална кошничка ја надминува психолошката граница од 60 000 денари. 

Иако споредбено со месец април, во мај таа се намалила и тоа за само 122 денари, сепак на едно четири члено семејство за да го преживее месецот му се потребни 60 090 денари. А со изнајмен стан од 60 квадрати, пак на едно семејство месечно трошоците му се зголемуваат за околу 15 илјади денари.

Според пресметките на ССМ намалување на трошоците во мај граѓаните имале кај: хигиенските материјали, транспортот, храната и пијалаците - кои за еден месец според пресметките се намалени за 511 денари. Минимално зголемување на цените има кај трошоците за комуникации, здравје, образование. А исти останале трошиците за вода, струја, греење.

Дел од граѓаните кои ги анектиравме велат се е поскапено, но мора да се преживее, секое пазарење велат е се поскромно. Некој пак сметаат дека ваквите пресметки не се добри и со нив само се созадава паника.

„Какви и да се мора да јадеме. Дигаат паника малце, помалце е... иначе мора да се јаде...“

„Многу тешко многу тешко, јас и сопругот сме пензионери не се малку ама тешко...Еве на пазар бев сега, вчера шатлиџанот беше 80 денес е 70 ако тоа нешто значи, друго нема овошјето е доста скапо.“

„Мали пензии, високи цени.... и стално има покачување, по 5 по 10 денари...

„Тешко за преживување. Нема се да земеме, еве влеговме, не можеме се да земем, нешто земавме, нешто само погледнавме и тоа.. “

Од јануари до сега минималната синдикална кошничка е зголемена за речиси 50 евра. Дел од основните прехрамбени производи откако беше укината мерката замрзнати цени нагло скокнаа.

Изминатиов месец, граѓаните се пожалија и на високи цени на овошјето и зеленчукот, а од пекарската индустрија ја анализираат состојбата на Блискиот Исток и војната во Украина, како причини кои би можеле да влијаат и на цената лебот.

Маринакис: Во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис и во најновото интервју за Тв Скај, упатил критики до Сириза за одлуката да ги донесе меморандумите од Преспанскиот договор во Парламентот.

Тој го повторил ставот дека владата е против носењето на овие меморандуми.

притисни ентер