Силјановска Давкова во Гостивар:Татковината е неразделна од нациите

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Гостивар, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Силјановска Давкова својата средба со граѓани во Гостивар ја започна со зборовите дека Македонија е се што ние имаме. Не е точно дека сме ние немодерни, заостанати, традиционални. Не е точно дека денеска не е модерно да се зборува за татковината. Велат дека сме ве носеле во 19-тиот век во времето кога сите мислители повикувале или истакнувале дека секоја нација си има право на своја држава.

Татковината е неразделна од нациите. И јас кога сакам да кажам дека не сум само јас таа, и не е само Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е тој што повикува на татковината, честопати се навраќам на зборовите на преумниот, преталентираниот, чувениот Бернард Шо, Ирец. Тој велел дека се може да смените, може да ја смените идеологијата, може да ја смените облеката, поведението ама татковината никогаш, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова на граѓаните во Гостивар рече дека ја чувме химната, ние кога ја слушаме химната се вознемируваме, плачеме, се идентификуваме со неа, се идентификуваме со историјата на нашиот народ, но тие како да се срамат или како да се плашат да ги испеат нејзините зборови па измислуваат пред странците на кои сакаат да им угодат заборавајќи го народот дека имало некаква техничка пречка. Па таа била причината, што не ја чул гостинот ама и премиерот химната. Срамота, бидејќи секој премиер, секој претседател на држава, секој претседател на Собрание па дури и секој претседател на некое здружение научно ли е, стручно ли е, спортско ли е, кога има важен настан во кој што настапува некој што ја претставува државата не го почнува без химната. Но тие и тоа го прават.

Силјановска Давкова потсети дека луѓето од власта користат празна и неразбирлива филозофија составена од три збора кажувам-заборавам-негирам.

Но ние не кажуваме, не забораваме, не негираме. Ние она што го кажуваме, го помниме, го повторуваме и го спроведуваме, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потсети дека власта користи една флоскула едно општество за сите граѓани, но едно општество за сите граѓани би значело едно општество на еднакви и рамноправни индивидуи. Не, тие постојано велат дека во едно општество на сите граѓани, сите етнички заедници требало да бидат еднакви и рамноправни и дека така ќе сме живееле среќно заедно. Но тоа не е точна теза, ова општество е мултикултурно, мултиетничко, мултијазично и тоа е реалност. Ама нивното идно општество за сите граѓани е всушност еден многу опасен феномен на бинационално општество, односно бинационална држава.

Со авторитарна власт не се оди во ЕУ, со авторитарна власт не се почнуваат преговори за ЕУ, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова се обрати и до разочараните луѓе кои верувале на власта, а не добиле ништо. Им се обрати и до оние кои што треба сега првпат да гласаат на овие избори зошто гласот на 21 април, за нејзе ќе значи глас за правдата за Македонија.

После толку кршење на Уставот и законите, после толку многу непочитување на задолжителното меѓународно право не се сомневам дека ќе го сменат Уставот и ќе го изберат претседателот во Собранието. Тоа е лошо решение. Не само за опозицијата туку и за државата, потенцира Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека правна држава не може да вирае во амбиент на корупција, на криминал, и непотизам. Правната држава ја загрозуваат корупцијата, криминалот и непотизмот. Затоа се вели дека во многу извештаи дека дури и суверенитетот на било која држава е под закана во услови на поплава од корупција, криминал и непотизам.

Јас ако бидам избрана за претседателка на државата, ќе се обраќам многу често бидејќи имам право најмалку еднаш во годината, ама ако ги бројам проблемите на граѓаните дали се тоа еколошки, дали се тоа проблемите на лицата со посебни потреби, дали се тоа проблеми на Ромите, за проблемите на здравствените работници, земјоделци. Долга е листата на обраќањата на која јас се разбира подготвена со аргументи и предлози за политики ќе ги предочам најважните проблеми, додаде Силјановска Давкова.

Правото и правдата ќе дојдат со нас, истакна на крајот од средбата Силјановска Давкова.

Кои марки на автомобили се продаваат најбрзо?

Аналитичката компанија „iSeeCars“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето за тоа кои брендови продаваат најбрзо и најбавно нови автомобили, а разликите одат дотаму што некои се двојно подобри од другите во овој сегмент.

Тојота беше најбрзо продаваниот нов автомобилски бренд помеѓу октомври 2023 и март 2024 година, продавајќи нови автомобили во просек за 39,6 дена. На второ место е Alfa Romeo, со просечни 41,8 дена на пазарот.

На другиот крај на листата се Линколн (82,6 дена), INFINITI (79,8 дена), Buick (79 дена) и Audi (75,1 дена).

Топ 10 најбрзо продавани брендови:

Тојота: 39,6 дена на пазарот

Алфа Ромео: 41,8

Кадилак: 43,4

Хонда: 44,2

Јагуар: 44,4

Kia: 47

Хјундаи: 47,1

Субару: 49

BMW: 49,1

Mazda: 53.1

Марките кои најбрзо продаваат нови возила се и брендови кои имаат лојални клиенти.

Извршниот аналитичар на iSeeCars, Карл Брауер, на оваа тема истакнал: „Марките кои брзо продаваат возила, како што се Тојота и Хонда, се оние каде што клиентите бараат да добијат најмногу за својот долар“.

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

притисни ентер