Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаСиљановска-Давкова во Баку се сретна со претседателката на Националното Собрание, Гафарова Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари средби со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов.На средбата со претседателката на Националното Собрание беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво. Посочувајќи на нејзиниот претходен ангажман како пратеничка во Собранието, претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна важноста за натамошно зајакнување на меѓупарламентарната соработка, којашто се одвива преку Пратеничката група на Собранието за соработка со Националното Собрание на Азербејџан. Соговорничките разменија мислења и информации за работата на двата парламента, како и за застапеноста на жените пратенички во нив. Претседателката истакна дека официјалната посета на Азербејџан, што се реализира на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе придонесе за унапредување на соработката. Посочи на потенцијалот за зголемување на економската соработка, на трговската размена, реализација на инфраструктурни проекти, како и на посветеноста од македонска страна за диверзификација на изворите на енергија. Посочи и на инвестициските можности што државата ги нуди, со својата географска локација, квалификуваната работна сила и широката мрежа на договори за слободна трговија. Таа, изрази очекување и за реализација на конкретни иницијативи во повеќе сфери, како што се: социјална заштита, образование и наука, животна средина, туризам, сообраќај. Претседателката на Националното Собрание, Гафарова, препознавајќи ги заложбите на претседателката Сиљановска-Давкова за културна дипломатија, истакна дека реализацијата на официјалната посета и можноста за проширување на контактите ќе придонесат за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете држави. Таа изрази очекување за скорешна посета на претседателот на македонското Собрание на Азербејџан. На средбата со премиерот Асадов беше изразено задоволство од реализацијата на официјалната посета. Претседателката оцени дека односите со Азербејџан се на одлично ниво, ослободени од какви било нерешени политички прашања и изрази уверување за нивно дополнително зајакнување со реализацијата на официјалната посета. Во таа насока, премиерот Асадов, оценувајќи ја посетата како успешна, посочи дека програмата и реализираните средби за време на посетата се добар знак за натамошен развој на билатералните односи меѓу двете држави и изрази подготвеност од негова страна на нивно унапредување. На двете средби, претседателката Сиљановска-Давкова беше запознаена со состојбите во кавкаскиот регион и позициите на Азербејџан по овие прашања. Беше разговарано и за состојбите во контекст на војната во Украина. Со средбите со претседателката на Националното Собрание, Гафарова и премиерот Асадов завршува официјалниот дел од посетата на претседателката Сиљановска-Давкова на Азербејџан. Утре, во Баку, претседателката ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ ќе се одржи од 13 до 15 март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter