Силјановска Давкова пред граѓаните на Бутел : Ние ќе им покажеме како се водат евроатланска процеси и интеграции

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Бутел.

Таа потенцираше дека со нејзината победа ќе им покаже како се водат евроатлански процеси и интеграции, додавајќи дека СДСМ и Заев го користат ЕУ и НАТО како алиби за својата егзистенција, додека тие живеат со висок стандард, граѓаните живеат се полошо.

Ние ќе им покажеме како се водат евроатланска процеси и интеграции. Како не се изморија од повторување евроатлански интеграции, ЕУ и НАТО, но тоа се само зборови за нив, реторика, зад овие зборови нема никаква содржина, никаква суштина и тоа наскоро ќе го чујат. Срамота е цели за кои велат дека се највисоки како ЕУ и НАТО да ги употребуваат како алиби за својата егзистенција, а таа егзистенција е различна од вашата егзистенција од егзистенцијата на народот, зошто да тие живеат како во Брисел ако го споредуваме нивниот стандард ама народот живее како оние во Африка, тоа ние ќе го смениме, вели Силјановска Давкова.

Според нејзе владеењето на правото е најважно за функционирање на државата, споменувајќи дека во моментот во Македонија нема право и правда туку владеење на една олигархиска група која не прави ништо добро за граѓаните.

Она што е неопходна за ЕУ е владеењето на право, кое го нема. Ние овде имаме владеење на една мала олигархиска група на луѓе која постојано се повикува на фантастичниот успех наречен Преспански договор, ама во меѓувреме фантастично краде и го осиромашува овој народ. Нема владеење на право, каде што нема поделба на власта, а во Македонија нема поделена власт. Сета власт е на едно место на Илинденска и внатре во Илинденска сета власт е олицетворена во една личност во премиерот, тој е надлежен за се од комуналните работи, па се до судските реформи, затоа нема децентрализација во Република Македонија, затоа нема рамномерен регионален развој во Република Македонија, затоа нема независно судство, кажа Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека во моментот политика која ја водат СДСМ и Заев е лоша, алудирајќи на сите лоши законски решенија кои ги донесе парламентарното мнозинство на СДСМ и Заев. Според нејзе политиката на СДСМ е нелегална а со самото тоа и нелегитимна.

Она што се случуваше од настаните од 27 ми или ако сакате она што се случуваше од чинот на нелегалниот и чуден избор на претседателот на Собранието до денеска се е студија на случај во компаративното уставно право и политички систем. Од чудниот закон за амнестија, преку измените на Кривичниот законик, до одлуката за референдум, до постапувањето на неуспешниот референдум, се е надвор од границите на правото. Тоа е политика која не е врамена во правото. Таквата политика не само што не е легална, туку е нелегитимна. Затоа ние постојано зборуваме за право и правда во Македонија. Зошто правото и правдата ни се врежани во кодот уште во химната, затоа можеби им пречи химната, бидејќи ги потсетува на неправдите кои што ги прават, а и ги потсетува и на името што го наследиле и што наместо да им го остават на наследните забораваат и да го споменат, објасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова заврши дека ќе ги смени работите и дека е најважно за претседател да биде стамен да не го менува ставот и да не предизвикува конфузија, потенцирајќи дека таа секогаш ги нижела ставовите еден на друг и никогаш не се негирала самата себе си прашувајќи каков е тој претседател кој ги менува ставовите.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер