Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
1Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
МакедонијаСиљановска-Давкова, покровителка и гостинка на свечената академија по повод 100-годишнината на Планинарскиот клуб „Љуботен“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино покровителство во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.На настанот се обратија и претседателот на ПК „Љуботен“, Јован Божиноски и претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев. Честитајќи го овој значаен јубилеј, таа им изрази особена благодарност на многуте генерации членови на „Љуботен“ за докажаната љубов, почит и грижа за прекрасната Шар Планина и за природата, како и за нивниот личен и колективен придонес во промовирањето и популаризирањето на здравиот живот. За неа, неспорно е дека планинарењето како спортска и рекреативна активност ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот. Оттука, време е да ги следиме инспиративните примери на државите во коишто, рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот. Присутните имаа ретка прилика да ја проследат богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб „Љуботен“ преку презентацијата на документарен филм и мултимедијалната изложба во галеријата на Домот на културата. На претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на неколкумина најзаслужни членови на клубот, како и на неколку домашни и странски институции и програми им беа доделени плакети за трајни вредности. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувани членови на Планинарското друштво „Љуботен“, Почитувани вљубеници во планините, Почитувани претставници на дипломатскиот кор, Почитувани гости, Дами и господа, Најпрвин, честитки за големиот јубилеј, 100 години Планинарско друштво „Љуботен“, еден век љубов кон Шара и кон македонските планини и почит кон спомениците на природата. Благодарност до сите генерации планинари, членови на Љуботенската фамилија, односно клубот. Причина? Благодарение на Планинарскиот клуб „Љуботен“, но и на другите четири тетовски планинарски клубови, но и на останатите, расте популарноста на планинарењето како особено здрава и интриганта спортско-рекреативна дејност. Низ планинарските клубови како престижни училишта за планинарско знаење и вештини, поминаа низа генерации ученици- планинари. Ги научија најголемите тајни на планините, ја почувстуваа неодоливата планинска привлечност, на којашто не и одолеја, воспоставија искрена и трајна врска со планинскиот свет, посегнаа по грижа за шумите, ливадите, билките, животните, птиците, потоците и езерцата, станаа едно битие со природата. Меѓу вас и со вас беа и се и алпинистите, чиј лимит се висовите, чие освојување е човечки натпревар со себе, или себеослободување, трансцендирање во метафизички свет, во друга димензија, онаа на неможното како можно! Вие ја разбудивте детската љубопитност за шаренилото на Шара кај обожавателите на планинините преку сликите што прикажуваат убавина со магична и магнетна привлечност. Вие предизвикавте невидена радост кај зависниците од зимската белина, каде и да се, вие ги вознемиривте талкачите по возбуди со чудните врвови и опасни терени, насочувајќи им ги мислите кон чудото над Тетово, небаре симфонијата на Вивалди за четирите годишни времиња на Шара. Привилегираните кои имале шанса да ја видат и почувствуваат, по љубовта на прв поглед, сами себе си ветуваат дека ќе се вратат, оти доживеале неизлечива благословена зараза ту од апсолутен мир, ту од апсолутна возбуда. Значи, никој чии очи ја здогледале шарената убавица Шара, не останал рамнодушен на неа. Верувам дека планината ги здружува луѓето и во добро и во зло, во планинарењето и во зимските спортови, поттикнувајќи ги солидарноста, натпреварот и хуманоста, како и облагодарувајќи ги натпреварувачкиот дух и желбата за победа. Совршеноста на природата раѓа мирни и мировни вибрации кај луѓето, а не воинствени и уништувачки. Можеби затоа планинарите не се откажуваат од планината и имаат насушна потреба од неа, како сечовечки мелем и лек за среќната или несреќна душа. И јас не сум исклучок. Никогаш, никогаш нема да ја заборавам магијата на Лешница. Можеби затоа е крај мене убавицата Караманка, девојката – планинка! Драги пријатели, Ви посакувам нови, незапирливи и неброени успеси во времето пред нас. Очекувам раст и развој на Планинарскиот клуб „Љуботен“, подобри денови за планинарите и планинарењето, рекреацијата и спортот, со цврста верба дека се незаменливи и најефикасни бранители на нашето, од сите страни атакувано физичко и ментално здравје. Овој голем јубилеј ни овозможува да ги сумираме резултатите не само низ лична, индивидуална, туку и низ социјалната димензија. Благословени сме да живееме во планинска земја. Како такви, имаме посебна обрска да си го заштитиме и штитиме планинското богатство. Должни сме да ги сочуваме ретките и загрозени видови дрвја, животни, билки, птици, инсекти. Природата ќе ни врати со чист и свеж воздух, ќе нè штити од порои и поплави, ќе не лекува, ќе не храни. Почитувани вљубеници, Почитувани љуботенци, Продолжете го другарството со Шара. Привлечете нови пријатели, убедувајќи ги дека планинарењето не е само спорт, туку и здравство, туризам, екологија, економија, безбедност, па и музика, поезија, романса. Да им помогнеме на Министерството за спорт и Министерството за образование во промоцијата на рекреативното планинарење и во негово омасовување. Да му посветиме поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени на образование и да вклучиме во него искачување на планина, оти над речиси секое наше населено место има таква, не случајно. Да изградиме, во соработка со локалната самоуправа соодветна инфраструктура, планински домови, куќички, видиковци, но и поголеми сместувачки капацитети, одморалишта, хостели, хотели. Знам дека имаме скромни капацитети и можности, но може да почнеме со реновирање на планински домови, а потем и со градење нови. Свесна сум дека се работи за големи инвестиции, но со очекувана сигурна добивка и придобивка за сите граѓани. Не ни требаат светски примери од далеку, доволно е да ги видиме и следиме примерите од соседството за односот кон планините и природата, кон планинарењето и спортот. Да ја афирмираме филозофијата на здрав живот. Со рекреативното планинарење се води здрав живот, со намален стрес и анксиозноста. Да направиме култ од планинарењето меѓу младите. Наместо кон коли и алкохол, да ги мотивираме и усмериме кон физичка и спортска активност на планините. Да го омасовиме рекреативното планинарење. На крајот, уште еднаш ви го честитам јубилејот и ви посакувам уште многу рекреативни авантури и спортски дострели на нашите волшебни македонски планини. Ви благодарам.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаСе подготвуваат нови нафтени рути за извоз од Блискиот истокОбединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ја заштитат својата енергетска инфраструктура и ќе инвестираат во нови рути за извоз на нафта, капацитет за складирање во странство и бродски флоти.Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ја заштитат својата енергетска инфраструктура и ќе инвестираат во нови рути за извоз на нафта, капацитет за складирање во странство и бродски флоти за подобро да се подготват за можна војна меѓу САД и Израел против Иран, изјави денеска министерот за енергетика на ОАЕ, Сухаил ал Мазруеи. Ал Мазруеи им рече на новинарите на маргините на Меѓународната изложба и конференција за нафта во Абу Даби (ADIPEC) дека текот на војната не може да се предвиди, но дека ОАЕ ќе бидат подобро подготвени отколку порано, објави Ројтерс. Прилагодување на идните кризи ОАЕ извезува сурова нафта преку пристаништето Фуџаира, кое се наоѓа веднаш надвор од Ормутскиот теснец, до кое е во изградба нов цевковод кој ќе го удвои капацитетот за транспорт на сурова нафта до следната година. „Мислам дека по оваа криза, многу компании ќе го преиспитаат својот бизнис и ќе ги редизајнираат своите капацитети за да бидат поотпорни во иднина“, рече Мазруеи. Тој рече дека „отпорноста е голем збор“ и дека има повеќе слоеви, од производството на секој барел нафта, „сè до неговата крајна дестинација“. Мазруеи претходно изјави дека во одредени периоди извозот на неговата земја бил поголем отколку пред почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на неботоВселенската опсерваторија „Свифт“ на НАСА е пред паѓање. Вселенското летало од 1,5 тони помина речиси 22 години набљудувајќи гама-зраци. Сега се очекува повторно да влезе во атмосферата на Земјата во рок од неколку дена, создавајќи огнена топка што би можела да биде видлива дури и на дневна светлина (привидни магнитуди од -8 до -10), објави SpaceWeather.com. Центарот за развој на оперативната подготвеност за вселенско време на НАСА предвидува повторно влегување на 3 ноември во 16:18 часот по Гринич, со грешка од 12 часа. Аерокосмичката корпорација даде време на повторно влегување на 4 ноември во 09:30 часот по Гринич, со грешка од 26 часа. Неконтролираните повторно влегувања се тешки за одредување, а орбитата брзо се намалува. Дури во последните часови ќе знаеме со сигурност кога и каде точно ќе влезе повторно во атмосферата. Хаваи, Порторико и јужен Мексико се во потенцијалната зона на повторно влегување. Орбитата на Свифт е наклонета за 21 степен од екваторот, па остатоците можат да паднат само помеѓу 21 степен северна и 21 степен јужна географска ширина. Таа зона е претежно океанска, па шансите се уште се во корист на безопасно прскање во водата. Поголемиот дел од Свифт ќе изгори во огнената топка. Сепак, според главниот научник на тимот, Бред Ченко, некои од компонентите на волфрамот и огледалото на опсерваторијата би можеле да го преживеат горењето. НАСА се обиде да го спаси Свифт. Во јули, „Каталист Спејс“ лансираше роботско вселенско летало наречено ЛИНК за да се сретне со Свифт и да го подигне во повисока орбита. Таа мисија не успеа. Во меѓувреме, сончевата активност го „разнесе“ горниот дел од атмосферата на Земјата, влечејќи го Свифт надолу многу побрзо од очекуваното. Сега вселенското летало ги одбројува своите последни денови, а тимот на мисијата Свифт бара помош од јавноста. „Би било одлично да се направат неколку последни слики од Свифт од Земјата“, рече Арон Тохувавоху, член на тимот на опсерваторијата „Нил Герелс Свифт“, како што официјално се нарекува вселенската опсерваторија. Тој собира фотографии и видеа од преостанатите прелетувања на вселенското летало осветлено од сонцето, заедно со проценки на магнитудата и точните времиња на набљудување. Неговиот планер за набљудувања ги прикажува прелетувањата за вашата локација. Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвропа на нозе: Се бара кралот на кокаинот, понудена е огромна наградаОбвинителството на Холандија понуди награда од два милиони евра за информација која би довела до апсење на осудениот шверцер на кокаин Јос Лејдекерс.Властите соопштија дека наградата е објавена во обид да се фати еден од најбараните бегалци во Европа, кој со години успева да ја избегне правдата, пренесе Кликс. Тоа е најголемата награда досега понудена од холандските власти. Парите може да ги добие секој кој ќе даде клучни информации кои би довеле до негово апсење, се наведува во соопштението на обвинителството. Лејдекерс е холандски државјанин, но во последните неколку години живее во Сиера Леоне, соопшти холандското обвинителство. Холандија побарала негова екстрадиција од оваа африканска земја, но властите на Сиера Леоне одбиле да соработуваат и да го предадат, поради што Европската унија одлучила да ја намали помошта за таа земја, пишува The Independent. Лејдекерс, познат и како Боле Џос, се смета за една од клучните фигури во меѓународната трговија со дрога. Тој со години е на листите на најбарани бегалци од Европол и холандските власти. Судот во Ротердам го осуди во отсуство на 24 години затвор во јуни 2024 година за увоз на околу 7.000 килограми кокаин преку пристаништата во Ротердам и Антверпен, како и за нарачување на убиство. Во мај 2026 година, тој беше осуден на осум години затвор за случај поврзан со 11 тони кокаин од Сиера Леоне, чија вредност беше проценета на 550 милиони евра. Во јули 2026 година тој беше осуден на 14 години затвор како дел од големиот случај „Коста“, во кој обвинетите се обвинети за увоз на најмалку 25 тони кокаин.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter