МакедонијаСилјановска Давкова: Оставките на министрите на ДУИ се само политички маневарПрофесорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова гостува во првата емисија „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија. Со неа зборува Александар Видиновски.Се работи за тн. оставки или симулација на оставки, бидејќи Уставот е јасен секој министер може да поднесе оставка и преку премиерот истата се дсотавува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставките, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Вести плус што се емитува на телевизија Канал 5, а коментирајќи ги како што велат од ДУИ условените оставки на нивните министри, кои би се ефектуирале доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот. Според неа нивниот чекор е само „политички маневар“. Силјановска се осврна и на тоа што значи Бугарија да има нови барања по промената на Уставот на Македонија. „Преговорите во рамки на тн. историска комисјиа се непресушен извор на барања истото е и во рамки на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија“, кажа Силјановска. Прво ќе се прашаат граѓаните дали да се менува Уставот и да се внесат Бугарите, вели Силјановска и додава „јасно е дека ги претставуваме граѓаните, на изборите ќе побараме да кажат што мислат за овие уставни измени, преамбулата не е место каде се гарантираат правата нашиот Устав им гарантира права на сите во член од истиот.“ Според професорката во Македонија не треба да се зборува за дискриминација по етничка основа. „Дискриминари се оние кои плаќаат или не плаќаат струја. Во Македонија се дикриминари граѓаните како поединци. Крајно време е да го ставиме акцентот на стручнот и компетентност и сите ќе останат тука никој нема да си оди од Македонија“, вели Силјановска. На Македонија, укажува таа, најмногу и е важно владеењето на правото. „Во сите устави има други во смисла на народи, и кај нас во Уставот има дел кој вели и правата на други и тука се сите и правата им се заштитени со член 48 и амандман 8 од Уставот“, кажа Силјановска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter