ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
МакедонијаСиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвициПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља.Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда. Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици коишто ги поткопуваат досегашните достигнувања, изрaзувајќи верба во можноста од подобар и поодржлив свет. Според неа, пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства. Во новиот Пакт за иднината, претседателката препознава обновен глобален општествен договор. Таа укажа на потребата од споделена одговорност на сите засегнати страни. Потенцирајќи дека речиси две третини од Целите за одржлив развој се поврзани со реформите на Европската Унија, претседателката информираше дека нашата Национална стратегија за развој 2024-2044 е усогласена со најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ООН. Сиљановска-Давкова им се заблагодари на ОН, ЕУ и развојните агенции од повеќе земји, како и на меѓународните финансиски институции – ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за суштинската поддршка преку проектите во областите на зелената транзиција, здравството, образованието и инфраструктурата. Во продолжение е интегралниот говор на претседателката Сиљановска-Давкова: Ваши екселенции, Дами и господа, Сакам да изразам искрена благодарност на нашите шпански домаќини за организирањето на оваа Четврта меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља. Пред осумдесет години, Обединетите нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна со цел да се спречат идните војни, да се прекине колонијализмот, да се почитуваат човековите права, да се унапреди правдата и меѓународното право и да се обединат нациите зад глобалните напори, како што се Парискиот договор и Целите за одржлив развој. Осумдесет години подоцна, многу од овие достигнувања, за жал, се поткопани од геополитичкото ривалство, економската фрагментација и системските ризици. Мултилатералните напори за спроведување на ЦОР и справувањето со итните глобални предизвици, какви што се сиромаштијата, нееднаквоста, климатските промени и неправдата, често се сметаат за Донкихотовска мисија. Исто како што Дон Кихот се соочи со неразбирање и отпор, движењето за одржлив развој се соочува со геополитички и геоекономски предизвици. И покрај овие неуспеси, веруваме дека подобар свет е можен, дури и ако патот е тежок. За да ја ревитализираме ООН и да го зајакнеме нејзиниот мултилатерален систем, го усвоивме Пактот за иднината како нов глобален Русоов општествен договор. Во сржта на секој општествен договор лежи фундаментална вистина дека сите страни делат одговорност не само да ги почитуваат своите права, туку и должност да се грижат за системот. Социјалниот договор не е пасивен договор, туку жива обврска. Финансирањето на развојот мора да ги обедини стратегијата, капиталот и мултилатералната поддршка во кохерентен екосистем. Како мала европска земја, посветени сме на интегрирање на Целите за одржлив развој во нашите стратешки документи. Речиси две третини од ЦОР се поврзани со реформите на Европската Унија. Најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ОН е усогласена со нашата Национална стратегија за развој 2024-2044. За да го премостиме јазот меѓу амбицијата и реалноста, потребен ни е пристап до фер финансирање и партнерства за соработка. На нашето патување кон подобра иднина, доверливи партнери како што се агенциите на ОН и агенциите за развој на земји како Австрија, Германија, Јапонија, Словачка, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија и други чекорат со нас. Тие носат искуство, ресурси и поддршка за зајакнување на нашите заедници со тоа што помагаат да се осигура дека секој проект навистина ќе стигне до луѓето. Во исто време, инвестициските банки ни помагаат да ги претвориме идеите во опиплив напредок. Преку Фондот за зелено финансирање, Европската банка за обнова и развој промовира правична енергетска транзиција и нè поддржува да се справиме со загадувањето на воздухот и климатските промени. Светската банка се фокусира на намалување на сиромаштијата, здравствената заштита и образованието. Европската инвестициска банка инвестира во одржлива инфраструктура и климатски иницијативи, придонесувајќи кон иновациите и целите за климатска акција. Инвестицискиот фонд за Западен Балкан ги координира инвестициите од ЕУ, финансиските институции, донаторите и корисниците. Заедно, овие партнери помагаат во усогласувањето на македонскиот развој со глобалните цели за одржливост, зголемувајќи ја отпорноста, економскиот раст и заштитата на животната средина. Постои уште една причина зошто овие партнерства се толку важни. Кога парите владеат, има тенденција да ја запомниме цената на нештата, а ја забораваме нивната вредност, но тоа е опасно. Инвестициските банки, развојните институции и меѓународните донатори ги потсетуваат нашите национални институции за вредноста на секој заем и донација. Дами и господа, Можеби изгледа дека се бориме со ветерниците на нашето време, но, и покрај пречките, мора да продолжиме во нашата потрага по подобар, поодржлив свет. Како одговорна страна на глобалниот општествен договор, го поддржуваме „Договорот од Севиња“ за финансирање на развојот. Како што еднаш рече вториот генерален секретар на Обединетите нации, Даг Хамарскјелд: „Стремежот кон мир и напредок не може да заврши за неколку години ниту со победа ниту со пораз. Стремежот кон мир и напредок, со своите искушенија и грешки, своите успеси и своите неуспеси, никогаш не може да се опушти и напушти.“ Ви благодарам.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Севиља Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНоември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современостаНоемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември. Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата. Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума. За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември. Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца! Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125). Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари. Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар. Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНаставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казнаНаставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава. Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф. Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени. Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена . Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург. Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter