3Македонскиот КИЦ во Загреб ја заокружи концертната сезона со маестрален концерт на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ
МакедонијаСиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во ТурцијаДенеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – е посилно НАТО“, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Ова утринава го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара,учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на самитот на алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, јашар ѓулер.Тагови: Силјановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаВтор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на буџетотСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на буџетот.На првиот ден беа разгледани десетина амандмани со коишто се бараа повеќе средства за министерството за односи со заедниците и за плати за вработените во одбраната и армијата. Со дел од амандманите се бараше и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади и за изградба на објекти за армијата.поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 87 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од „ВРЕДИ“. Ребалансот, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, не е резултат на недостигот на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните глобални економски услови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Завршна фаза од реконструкцијата на улиците Мишо Шкартов и Фуштани. Изминатиот период се вршеше реконструкција - трета фаза на ул. ,,Мишо Шкартов спој со ул. ,,Фуштани’’, објави на социјалните медиуми првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Во оваа фаза се изгради уште еден потпорен ѕид, се изврши порабување на улицата и за крај целосно се асфалтираше на површина од 1260 метри квадратни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб ја заокружи концертната сезона со маестрален концерт на Дуото Бадивуку-КастратовиќСо концерт посветен на 150-годишнината од раѓањето на големиот шпански композитор Мануел де Фаља, македонскиот КИЦ во Загреб свечено ја заокружи својата концертна сезона.Бројната публика уживаше во извонредната изведба на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ, составено од истакнатите македонски уметници Сихана Бадивуку (виолина) и Маја Кастратовиќ (пијано), кои со својата виртуозност, префинета музикалност и исклучителна сценска комуникација приредија концерт за паметење. Нивните интерпретации беа наградени со долг и срдечен аплауз, а публиката во преполната сала со воодушевување ја следеше секоја композиција, создавајќи атмосфера исполнета со емоции и искрена почит кон врвната музичка уметност. Особено внимание привлече и внимателно осмислената концертна програма. Покрај ремек-делата на Мануел де Фаља и неговите шпански современици, пред загрепската публика беа изведени и композиции од македонскиот композитор Тома Манчев. Со тоа, македонскиот КИЦ во Загреб уште еднаш ја потврди својата заложба, да го промовира и македонското музичко творештво, создавајќи вистински културен дијалог меѓу шпанската, македонската и европската музичка традиција. Во своето поздравно обраќање директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска истакна дека: „За македонскиот КИЦ во Загреб претставува особена чест и привилегија концертната сезона да ја заокружи со настап на две исклучителни македонски уметници – Сихана Бадивуку и Маја Кастратовиќ. Нивните богати меѓународни кариери, врвниот професионализам и долгогодишната посветеност на музичката уметност се вистински пример за највисоките вредности на македонската култура. Дуото Бадивуку-Кастратовиќ успешно соработува од 1994 година и повеќе од три децении со своите настапи остава силен печат на концертните сцени во регионот и пошироко. Со својата уметничка зрелост, беспрекорната техника и исклучителната музичка синергија, двете уметници потврдуваат зошто се вбројуваат меѓу најреномираните македонски музички амбасадори на меѓународната сцена.“ Вечерта помина во извонредна атмосфера, со навистина импозантно присуство – преполна сала и многубројна публика од професионалци од областа на музиката, истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, бројни Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб како и македонскиот Амбасадор во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, што претставува дополнително признание за значењето на ваквите културни настани Со оваа инспиративна музичка вечер македонскиот КИЦ во Загреб уште еднаш ја потврди својата улога како значаен промотор на македонската култура во Република Хрватска. Концертот не само што беше достојно заокружување на успешната концертна сезона, туку и силна потврда дека македонската музичка уметност, претставена од врвни уметници и домашни автори, успешно допира до меѓународната публика, отворајќи нови можности за културен дијалог и продлабочување на пријателските врски меѓу Македонија и Хрватска Сихана Бадивуку е истакната македонска музичка уметница со богата меѓународна кариера. Своето образование го стекнала на реномираниот Државен конзерваториум за музика „Петар Илич Чајковски“, најнапред во Киев, а потоа и во Москва, каде што дипломирала и магистрирала во класата на професорот Евгениј Чугаев. Во текот на својата богата кариера настапувала во Италија, Шпанија, Турција, Германија, Русија, Финска, Белгија и во многу други земји. Од 1992 година е професорка на Факултетот за уметности во Приштина, а од 2000 година концерт-мајстор на Косовската филхармонија, додека од 2011 година и на Албанската филхармонија. Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот Московски државен конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршила во Скопје. Како концертна пијанистка настапувала со Оркестарот на Македонската филхармонија и реализирала бројни солистички и камерни концерти во земјата и во странство. Од 2001 година живее и работи во Словенија, каде што предава пијано и корепетиција. Добитничка е на бројни признанија и награди, меѓу кои се издвојува Бернекеровата плакета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook