Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа - Канал 5

Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница, што се одржува во Ереван, Ерменија, денеска се обрати на тркалезната маса .

Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница, што се одржува во Ереван, Ерменија, денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“.

Таа оцени дека актуелните глобални конфликти и енергетски турбуленции создаваат сериозни ризици за енергетската стабилност, при што, особено ранливи се малите држави.

За Сиљановска-Давкова, енергетската поврзаност не е само економско прашање, туку и безбедносен национален, регионален и европски приоритет.

Таа смета дека најголемите пречки за енергетската поврзаност на Западниот Балкан немаат технички туку политички карактер.

Според неа, билатералните спорови и (зло)употребата на ветото предизвикуваат поголема штета на регионалната поврзаност отколку каков било недостиг од инфраструктура. „Секој замрзнат процес на интеграција значи замрзната инвестиција и иднина“, рече претседателката.

Сиљановска-Давкова констатираше дека земјите од регионот поединечно имаат ограничени капацитети, но преку заедничко дејствување можат да станат вреден европски партнер. Заедничката инфраструктура создава заемни интереси и меѓузависност на државите, што пак, влијае врз намалувањето на ризикот од конфликти и поголемата отпорност на трети страни.

Наместо концентрирана енергетска зависност, за Сиљановска-Давкова потребна е диверзификација преку нови и алтернативни енергетски коридори и поврзување со различни извори, вклучително и од Западен Балкан и Каспискиот регион.

Во обраќањето, таа укажа дека зелената транзиција и енергетската безбедност се дел од ист стратешки проект и дека обновливите извори на енергија се клучни за поголема независност и стабилност.

Со тркалезната маса претседаваа премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе. Во дискусијата учествуваа заменик-претседателот на Турција, премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка, генералниот секретар на ОБСЕ, како и претседателката на Европската комисија, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.

- За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година.

Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“.

„Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк. Иницијативата е на родителите. Напревен е велат со љубов, за неговата добрина и емоција, која треба да ја почувствуваат и најмалите.

За Тоше се кажани многу приказни, многу допрва ќе се кажуваат и прераскажуваат, но некои тие приказни лично ги доживеаја, со него ја делеа бината и на некој начин и животот.

На настанот, покрај аматерски, имаше и реномирани изведувачи – меѓу нив и пејачот Ламбе Алабакоски. Тоше вели бил еден од главните причини што и тој денеска се занимава со музика.

19та година по ред се одржува и ултрамаратонот за Тоше, кој стартуваше пред два дена од Нова Градишка. 13те маратонци, на кој им се приклучи и еден во Македонија, попладнево пристигнаа во родното Крушево на Проески.

Тоше загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, токму кога одбележуваше 10 години успешна кариера и беше на прагот на меѓу народен пробив. Албумот „ The Hardest thin“, на англиски јазик, беше објавен постхумно.

Некои гласови се слушаат, а некои, остануваат да живеат со нас. Гласот на Тоше е еден од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation).

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството.

Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза.

Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

Оценувајќи ја како исклучително успешна и инспиративна работата на Проект ХОУП, Сиљановска-Давкова се заблагодари за нивната посветеност и присуство во државава.

Соговорниците информираа за нивните досегашни и тековни здравствени и хуманитарни програми и активности.

Тие изразија задоволство од соработката со македонските институции, пред сѐ со здравствените работници и ја нагласија подготвеноста за натамошна помош и поддршка.

Проект ХОУП е глобална организација со 65 годишно искуство, присутна во повеќе од 25 земји, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер