МакедонијаСиљановска - Давкова: Му честитав за победата на Радев, очекувам конструктивен однос и разбирање на потребата од проширувањеПретседателката Гордана Сиљановска Давкова во телефонски разговор му ја честитала победата на парламентарните избори на поранешниот бугарски претседател, сега лидер на Прогресивна Бугарија, Румен Радев.Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во телефонски разговор му ја честитала победата на парламентарните избори на поранешниот бугарски претседател, сега лидер на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, и притоа потенцирала дека од новата бугарска влада очекува конструктивен однос и разбирање на потребата од проширување. -Се разбира. Му честитав, му пратив порака. А потем и ми се јави. Разговаравме. Му посакав успех, изразив уверување дека штом доби вака високо мнозинство тоа е гаранција за стабилност, дека веројатно бугарскиот народ, бугарските граѓани во него препознаа стабилен елемент на државата и нацијата, дека веројатно ќе може лесно да формира влада и да ја оствари својата програма, рече претседателката во изјавата за медиумите денеска во Собранието, на маргините на XX Конференцијана претседатели/спикери на парламенти на Јадранската и Јонската иницијатива. Сиљановска - Давкова посочи дека мнозинството и стабилноста се и за нас важни затоа што, како што нагласи, „ќе имаме со кого да разговараме“. -Потенцирав дека за мене регионалниот пристап е важен, дека очекувам пријателски однос, конструктивен однос, разбирање на потребата од проширување. Очекувам се разбира организирање средба - изјави претседателката Сиљановска - Давкова. Радев на парламентарните избори во неделата во Бугарија освои апсолутно мнозинство пратеници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМДенеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и топло, попладне нестабилноВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДолга колона автомобили забележана утрово на граничниот премин БогородицаДолга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција.Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата. Зголемената фреквенција се очекува во периодот на продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите. Возачите кои денеска патуваат кон Грција се советуваат да имаат трпение и, пред поаѓање, да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter