Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава - Канал 5

Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава

-Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент.

Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава

Копенхагенските критериуми се тие кои ќе не направат, стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент, очекувам разбирање, а се разбира ние во меѓувреме мора да ја тераме државната агенда, економски, културно да се развиваме, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција во Вила Водно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Оценувајќи ги како традиционално пријателски односите со Хрватска, за кои кажа дека во сите сфери одат напред, претседателката истакна дека никогаш нема да биде заборавено дека во 2020 година за време на хрватското претседателство во ЕУ го направивме чекорот заедно со Албанија.

-Тоа е знак на разбирање, знак на поддршка. Хрватска и покрај тоа што е членка на ЕУ има разбирање за регионалните потреби, има разбирање за Западен Балкан. Многу пати претседателот повторува дека сме географски, културно, историски дел од Европа. Во однос на нашето чекање за ЕУ повторувам дека верувам оти Копенхангенските критериуми се тие што ќе направат стандардна европска досадна држава, дека ветото не е пријателски инструмент, дека очекувам разбирање. Се разбира ние мора да ја тераме државната агенда, бидејќи легитиметот извира од граѓаните, мислам економски, културно, научно да се развиваме, нагласи Сиљановска Давкова.

Претседателката додаде дека земјава е многу напред во однос на хармонизирањето со акито и напомена дека нашите проблеми имаат поинаква природа.

-Нашите проблеми се од друга природа, нашите проблеми се врзани, што е многу чудно за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за кои не се разговара и преговара. Мислам дека ветото и натаму ќе предизвика проблеми, нема да останеме осамен случај и дека на некој начин треба она што е во рамки на Копенхагеншките критеиуми да си го бараме местото, нагласи таа и додаде дека во целиот тој контекст мошне важни се и добрососедските односи.

Милановиќ, кој како што напомена е во прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата на претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека не е тука за, како што рече, да дели совети, но нагласи дека државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ.

YouTube video

-Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас...вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025

Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025, Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со силна поддршка за земјоделството.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители.

Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година.

Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, посветеноста и макотрпната работа на македонските тутунари се вреднуваат и се почитуваат. Станува збор за една од најголемите исплати досега, која директно придонесува за подобрување на ликвидноста на земјоделските стопанства и зајакнување на руралната економија.

За разлика од Владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години, отколку што СДС и ДУИ исплатиле за 3 години.

Тутунопроизводството е една од најзначајните и најстратешки земјоделски гранки во државата.

Илјадници семејства егзистираат од ова производство, а македонскиот тутун со децении е препознатлив по својот квалитет и претставува важен извозен производ кој придонесува за развојот на националната економија.

За разлика од времињата кога на власт беа СДС и ДУИ и кога земјоделците со месеци чекаа на исплата на заслужените средства, денес субвенциите се исплаќаат навремено и одговорно. Тоа е доказ дека институциите работат во интерес на земјоделците и дека поддршката не останува само ветување, туку се претвора во конкретна реализација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на креирање политики кои ќе обезбедат стабилно и конкурентно земјоделство, повисоки приходи за производителите и сигурна иднина за земјоделците.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции, мерки и програми кои го поттикнуваат развојот на земјоделството и ја зајакнуваат позицијата на македонскиот земјоделец.

Со дела, а не со зборови, покажуваме дека земјоделството е еден највисоки приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за тутунарите продолжува, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.

Македонија забрзува!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку пет лица се загинати во руски напади врз Запорожје и во источна Украина

Во руски напад со беспилотни летала врз градот Запорожје во Украина  во текот на ноќта, едно лице е убиено, а најмалку седум се повредени, објавија регионалните власти.

Најмалку пет лица се загинати во руски напади врз Запорожје и во источна Украина

Русија го нападнала градот на пет локации. Регионалната полиција соопшти дека руските сили насочиле десетици беспилотни летала „Шахед“ кон станбени области.

Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека еден од нападите предизвикал пожар во трикатна зграда, заробувајќи ги станарите внатре.

Поради заканата од постојани напади, спасувачите биле принудени неколку пати да се засолнуваат, а дури наутро успеале да интервенираат на пожарот.властите велат дека во нападот биле оштетени и други цивилни објекти, вклучувајќи домови и дел од зградата на националниот универзитет во Запорожје.

Полицијата информирше дека едно лице било убиено кога дрон го погодил неговиот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еве колку ПАО му нуди на Жељко Обрадовиќ

 Баскетбол Европа повторно пишува за можното враќање на најтрофејните тренери во историјата на Евролигата во атинскиот гигант  Панатинаикос.

Еве колку ПАО му нуди на Жељко Обрадовиќ

Според неколку извори, раководните луѓе на популарниот ПАО се сериозно заинтересирани да го врати Жељко Обрадовиќ на клупата на тимот од Атина, а сега е позната и бројката што му се нуди.

Како што објави „Моцарт Спорт“, раководството на „Зелените“, предводено од контроверзниот соспственик Димитрис Јанакопулос, е подготвено да понуди тригодишен договор вреден околу пет милиони евра со цел да го убеди искусниот стратег да се врати во клубот со кој постигна најголем успех во кариерата.

Ситуацијата стана уште покомплицирана откако Панатинаикос официјално ја прекина соработката со Ергин Атаман, што отвори пат за враќање на легендарниот тренер во Атина.

Грчките медиуми со денови шпекулираат дека враќањето на Обрадовиќ во Панатинаикос е многу блиску до реализација, додека некои извори тврдат дека идејата за негово враќање на местото на успехот станува сè поконкретна.

Сепак, од кругови блиски до српскиот тренер доаѓаат информации дека тој е подготвен да размисли за враќање на клупата, но само под јасно дефинирани услови. Можноста Обрадовиќ да се врати во Партизан додава дополнителна неизвесност во целата приказна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер