МакедонијаСиљановска Давкова: Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членство во ЕУПотребен е национален консензус кој мора да се гради околу гаранциите, без нови условувања и без двојни стандарди во евроинтегративните процеси – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното Само Интервју на Канал 5. Според неа, Македонија мора да добие јасни гаранции дека нема повторно да биде условувана со идентитетски прашања и повтори дека до сега земјава направила бројни уставни измени на барање на Унијата, вклучително и промена на името, без притоа да ги започне преговорите. Таа оцени и дека актуелната преговарачка рамка е спротивна на европските принципи и предупреди дека ветото може да остане алатка и во иднина. Унијата како што кажа, има механизми и може да најде решение, а македонскиот случај е важен преседан и за другите земји – кандидатки. -Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членство во ЕУ. Конзунзус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени по барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои консензус, но не добивме дури ни почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи, тие треба да важат за сите. / Мора ЕУ да најде решение да не држи нас во кондиција. Бидејќи не зборуваме само за помоќна ЕУ во нестабилната, неизвесна, мултиполарна сцена. Зборуваме за отпорност кон можни влијанија и на крајот зборуваме за нешто што е многу важно, гаранции. - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија Во интервјуто претседателката се осврна барањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети за избор на влада со двојно мнозинство кое го оцени како неуставно, а најавите на лидерот на интегративците да излезе на улица како крајно проблематични. -Повикот на Ахмети повторно за улиците е крајно проблематичен. Еве јас ќе се држам до правото. Која е логиката вие да победите на избори, ако не можете сами да составите влада и да си го изберете коалициониот партнер? Па тогаш значи да го укинеме изборите и по етнички клуч да бираме. / Неговиот предлог е неуставен бидејќи во уставот пишува кој ја формира владата и како, таман работа да се формира влада со двојно мнозинство. - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија Говорејќи за состојбите во македонските затвори и за предновогодишните помилувања, Сиљановска Давкова откри дека предлозите веќе се доставени и дека комисијата за помилувања веќе одржала седница. Таа појасни дека во традиционалната новогодишна листа нема лица осудени за настаните од 27 април, но дека во посебна, дополнителна листа има предлози поднесени од затворот во кој тие лица ја издржуваат казната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗлатан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајкаЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици. Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра. Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела. Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет. Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг. Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии. По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот. Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook