МакедонијаСиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и КосовоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и за Косово, која престојува во прва посета откако стапи на функцијата на почетокот на овој месец.-Изразувајќи благодарност за досегашната три децениска поддршка, Сиљановска-Давкова изрази очекување дека соработката со Светска банка, со новата директорка ќе резултира со поголеми придобивки за македонското општество. Таа посочи дека од 1993-та година досега, се одобрени над 100 проекти во вредност од 2,2 милијарди долари преку коишто се зајакнаа системите за вработување и за социјална заштита, се унапреди одржливиот, зелен раст, со краен бенефит – посилна македонска економија и подобар квалитет на живот на граѓаните, соопшти Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова. За трасирање на патот кон одржлив развој, како што нагласила Сиљановска-Давкова, одлична основа претставува Рамката за партнерство на Светска банка 2024–2028, особено ако се има предвид дека таа е усогласена со националните приоритети и се фокусира на три основни цели: подобрување на испораката на јавни услуги преку подобрен административен капацитет и ефикасно јавно трошење, зголемување на бројот на нови работни места во приватниот сектор преку дигитализација, усогласување со стандардите на ЕУ и зајакнување на основните вештини и механизми за транзиција на работните места, како и зголемување на отпорноста на климатските промени преку поддршка на енергетската ефикасност, почист воздух и подобра инфраструктура. Примарна цел на Светска банка, којашто и самата се трансформира одвнатре, како што истакнала Карол Межеван, е да го поддржи развојот на земјава, преку имплементирање на најдобрите практики и искуства. Потенцирала дека во нејзиниот мандат ќе се залага за инклузивен економски раст на државата, каде секој ќе добие подеднакви можности за домување, образование и вработување, за подобрување на инфраструктурата, како и за дигитализација. Истакнувајќи дека средбата со претседателката Сиљановска-Давкова е нејзина прва средба со претставници на државниот врв во земјава, Межеван изразила очекување приоритетите на Светска банка за земјава да бидат идентични со македонските национални приоритети. Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
БалканВучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомвриВучиќ –кој е носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“ изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ. На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНикарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 годинаМинистерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс. Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар. Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи. Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД. Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата. Политичка криза во Никарагва Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата. Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век. Извор: Б92Тагови: Никарагва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook