3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
МакедонијаСиљановска – Давкова ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка.Примајќи го ова високо признание, Мојсов преплавена од емоции и со трепет во гласот, се заблагодари за укажаната чест. „Јас сум без зборови. Многу Ви Благодарам“, рече таа. Говорејќи за импресивната биографија на Мојсов, претседателката истакна дека иако судбината ја однела во САД, со гордост кажуваме дека е Македонка, родена во Скопје. „Нејзиното потекло го потврдува принципот дека судбината и космичката мудрост никого не дискриминираат, па и на малите заедници им подаруваат големи луѓе“, додаде Сиљановска-Давкова. Таа ѝ се заблагодари на Мојсов, искажувајќи наклон за нејзиното грандиозно дело од значење за светската наука. „Денес, со ова највисоко државно одликување – Орденот „8 Септември“ ѝ оддаваме признание и благодарност за нејзиниот фундаментален придонес кон развојот на македонската наука во светски рамки и кон македонската афирмација во највисоките меѓународни интелектуални кругови. Со своето научно дело и меѓународно признание, таа даде непроценлив придонес и нè задолжи како држава“, истакна претседателката на денешната церемонија. Светлана Мојсов е родена на 8 декември 1947 г. во Скопје каде што завршила основно и средно образование. Високото образование го завршува на Природно-математичкиот факултет, насока физичка хемија, на Универзитетот во Белград каде што дипломирала во 1971 г. Во 1972 г. се запишала на докторски студии на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк. Работела под менторство на нобеловецот Брус Мерифилд. Работела на синтеза на пептиди. Методата која ја развивала со нејзиниот ментор придонела во созревањето на биохемијата како наука којашто во тоа време сè уште не е доволно етаблирана. Но, како резултат од нејзината повеќегодишна макотрпна научно-истражувачка работа произлезени се дури 10 значајни патенти. Таа е добитничка на бројни светски награди и признанија. Во земјава, таа ја доби Светската награда на хуманизмот на градот Охрид, прогласена е за почесен професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, а предложена е и за почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и почесен член на Македонската академија на науките и уметностите. Во продолжение е интегралниот говор на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Еден од многуте дарови со кои е благословен човекот е способноста да се биде зачуден пред мистеријата на сопствената егзистенција и пред тајната на животот и на постоењето воопшто. Бидувајќи бескрајно љубопитен, во човекот постои инхерентна потреба за истражување, за разбирање на светот околу себе и во себе. Тој внатрешен порив, пред сè, е од епистемиолошка природа – човекот сака да знае, осознае, разбере, а попатно, тој порив има и телеолошка компонента – тоа знаење е корисно за неговиот опстанок. Оттука, опремен со силата на сопствениот ум, со способност за интуиција, имагинација, логика и креативност, веројатно од самиот почеток на свесното битисување, човекот оформува претстави за стварноста, улогата и смислата на постоењето – мистични, религиозни, филозофски, а во последниве неколку векови, отприлика од ренесансата и од просветителството наваму, неговата свест, користејќи ја главно силата на рационалниот ум и оставајќи ги зад себе и онака нерешливите аспекти на метафизичката природа на стварноста, ја насочи својата енергија кон разбирање на физичкиот свет во нас и околу нас, со што се роди модерната наука. Таа, заедно со уметноста и литературата, денес е една од најкреативните човечки дејности. Денес живееме најдолго и најкомфорно во однос на сите генерации во милениумите зад нас. Тоа се директни плодови на науката. Во ова модерно време на расцут на научниот и на технолошкиот развој, како и од памтивек, повторно е важен митот за херојот, како основен архетип на развојот на индивидуалната и на колективната свест. Така, големите научни откритија се изнедруваат низ работата на поединецот, низ индивидуалната свест, низ делото на „научниот херој“ – на оној кој ги поместува границите, кој прави видливи чекори напред, кој го трасира патот на идниот развој. Денес, ние имаме голема среќа и помалку незаслужена чест да се заблагодариме за големото дело на една научна хероина – Светлана Мојсов, професорка на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк, во САД. Судбината решила таа да биде и „наша“ – Македонка, родена во Скопје, во Македонија. Нејзиното потекло го потврдува принципот дека судбината и космичката мудрост никого не дискриминираат, па и на малите заедници им подаруваат големи луѓе. Нејзините први претстави за стварноста, сензибилитетот за животот, се формирале овде, во овие простори во кои, наспроти сегашната скромна состојба, сè уште трае одекот на една длабока интелектуална, духовна и просветителска традиција. Затоа, ние мислиме дека имаме право да ја наречеме и „наша“, и да ѝ се заблагодариме и да се гордееме со неа и со нејзиното грандиозно дело од значење за светската наука. Светлана Мојсов е хемичарка-биохемичарка – основно училиште завршила овде, во Скопје, а дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Белград, на насоката физичка хемија. Докторирала на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк во биохемиската лабораторија под менторство на Брус Мерифилд, кој развивал методи за синтеза на пептиди на цврста фаза од полимерна подлога (пептидите се едни од основните молекули на животот). И покрај тогашната скепса во научната јавност за ефективноста на синтетичката метода на Мерифилд, Светлана му предложила на својот ментор да работи на синтеза на глукагон, хормон на панкреасот што го регулира метаболизмот на шеќерите во нашиот човечки организам. Како резултат на нејзината луцидност и креативност, самопрегорната и макотрпна работа, во 1981 г. успеала да ја изврши синтезата и да добие доволни количества од овој важен хормон, глукагонот. По нејзината успешна работа, во 1984 г. на Мерифилд, нејзиниот ментор, самостојно (за жал) му била доделена Нобеловата награда за хемија за развојот на методологија за хемиски синтези на биомолекулите. Во 1983 година, Мојсов со сопругот се сели во Бостон и започнува работа во Одделението за ендокринологија на Општата болница на Масачусетс, а наскоро потоа почнува соработка со Лабораторијата за молекуларна ендокринологија на Џоел Хабенер. Треба да се нагласи дека Мојсов, уште пред да ја почне соработката со групата на Хабенер, веќе извршила синтеза на аналози на т.н. „пептид сличен на глукагон“, создала антитела за различните пептиди, оптимизирала радиоимунолошки тестови и хроматографски методи за разделување на пептидите сродни на пептидот сличен на глукагон. Мојсов самостојно ги идентификувала секвенците на аминокиселините, што подоцна се покажало дека се од клучно значење за развојот на биомедицината на овој пептид. Во пресвртен труд којшто го напишала и се темелел на нејзините експерименти, великодушно поканила за коавтори неколкумина од групата на Хабенер. Во 1990 година, Мојсов се враќа на Рокфелеровиот универзитет кадешто е избрана за вонреден професор. Работи со групата на Ралф Стајнман во областа на дендритските клетки, којшто во 2011 г. ја добива Нобеловата награда за физиологија или медицина. Се чини дека оние со кои ќе почне да соработува Светлана, потоа добиваат Нобелова награда. Мојсов веќе била на Рокфелеровиот универзитет кога почнале да се објавуваат клинички трудови за благодатите на пептиди што таа лично ги синтетизирала. Меѓутоа, без да биде информирана, Општата болница во Масачусетс поднела барање за патенти и тоа само на името на Хабенер. Големата корпорација „Ново нордиск“ ги откупува правата, а лековите базирани на нејзините сознанија за дијабетес и слабеење стануваат едни од најпродаваните и најпрофитабилните во поново време. За жал, комерцијалниот аспект на денешната наука ја прави жртва на човечкиот грев, слично како и сите останати човекови дејности. Кога започнаа да се доделуваат признанија за овие фундаментални откритија во областа на синтезата на биомолекулите, и покрај нејзината исклучителна скромност и чесност, таа конечно презеде чекори за исправување на оваа неправда. По објавувањето напис во водечкото научно списание „Science“, постепено започна да ѝ се оддава признание за нејзиниот темелен придонес во оваа област. Следуваа низа врвни научни признанија, какви што во светот на науката им се доделуваат само на малкумина: 2023 – VinFuture, Иноватори со извонредни достигнувања во новите научни области – Јенс Јуул Холст, Џоел Францис Хабенер и Светлана Мојсов; 2023 – Nature, 10 највлијателни научници на годината; 2024 – Pearl Meister Greengard Prize на Рокфелеровиот универзитет; 2024 – Time, 100 највлијателни луѓе, иноватори; 2024 – Princess of Asturias Awards, Технички и научни истражувања – Даниел Џ. Друкер, Џефри М. Фридман, Џоел Ф. Хабенер, Јенс Јуул Холст и Светлана Мојсов; 2024 – Tang Prize, Биофармацевтски науки – Џоел Ф. Хабенер, Светлана Мојсов и Јенс Јуул Холст (оваа награда во Азија добива репутација како Нобеловата награда во Европа); 2024 – Lasker-DeBakey Clinical Medical Research Award – Џоел Хабенер, Светлана Мојсов и Лоте Бјере Кнудсен; 2024 – BBVA Foundation Frontiers of Knowledge Award, Биологија и биомедицина – Даниел Џошуа Друкер, Џоел Хабенер, Јенс Јул Холст и Светлана Мојсов; 2025 – Warren Triennial Prize – Џоел Хабенер, Даниел Џ. Друкер, Јенс Холст и Светлана Мојсов. Затоа македонската научна јавност, во знак на длабока благодарност и на признание за нејзиното научно дело, ѝ ја додели Светската награда на хуманизмот на градот Охрид, ја прогласи за почесен професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, ја предложи за почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите. Денес, со ова највисоко државно одликување – Орденот „8 Септември“ – ѝ оддаваме признание и благодарност за нејзиниот фундаментален придонес кон развојот на македонската наука во светски рамки, но и кон македонската афирмација во највисоките меѓународни интелектуални кругови. Со своето научно дело и меѓународно признание, таа даде непроценлив придонес и нè задолжи засекогаш како држава. Ја чувствувате ли светлината на Светлана во овој простор? Јас ја чувствувам., рече претеседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Муцунски чита некој друг извештајМуцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита? Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување. Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада. Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост. Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“. Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање. Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо. Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока. Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители. Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните. Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагетиВо петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 морков 1 главица кромид 400 мл. доматно пире 400 гр. мелено месо 3 чешниња лук 3 лажици маслиново масло половина чаша црвено вино 100 гр. пармезан сол, бибер и босилок Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОдреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилствоСудијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста. Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена. Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците. Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00