Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
1Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
2Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
МакедонијаСиљановска-Давкова ги Жерновски и Топузовски пред нивното учество на Биеналето во ВенецијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција.На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност. Уважувајќи ја улогата на уметноста како универзален јазик и моќта на културната дипломатија, Сиљановска-Давкова изрази интерес за севкупниот креативен процес и за пораките што уметникот Жерновски цели да ги пренесе преку проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“. Соговорниците се согласија околу насушната потреба од континуирана институционална поддршка на уметноста и културата, како и за важноста на македонското учество на Биеналето во Венеција, како исклучителна можност за достојно претставување и афирмација на нашиот творечки потенцијал. Претседателката ја нагласи својата цврста поддршка на уметничкото творештво, со посебен акцент на младите уметници. Таа изрази подготвеност дворот на Кабинетот да биде едно од местата каде што ќе се одржуваат културни настани и уметнички претставувања, заради поттикнување на младите уметници, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрбија воведе забрана за влез на државјани од Црна ГораСпоред локалните медиуми ниту еден црногорски државјанин не преминал во соседната земја на граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац.Според извештаите, од 19:30 часот ниту еден црногорски државјанин не бил пропуштен да влезе во Србија, што предизвикало застои и колони на границите. Медиумите наведуваат дека мерката е воведена по протерување на повеќе од 80 српски државјани од Тиват поради безбедносни причини. Засега нема официјална потврда за траењето на мерката, а се очекува ситуацијата да се нормализираКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработкаФорумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји. Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст. Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој. Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности. „Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски. На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос. Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти. Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решениеЕвропската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook