Сиљановска-Давкова: Без Ромите нема успешна демократска македонска приказна - Канал 5

Сиљановска-Давкова: Без Ромите нема успешна демократска македонска приказна

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими ученици, наставници и професори од училиштата од Шуто Оризари, односно основци од училиштата „26 Јули“ и „Браќа Рамиз - Хамид“ и средношколци од училиштето „Шаип Јусуф“,како и студенти Роми.

Сиљановска-Давкова: Без Ромите нема успешна демократска македонска приказна

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими ученици, наставници и професори од училиштата од Шуто Оризари, односно основци од училиштата „26 Јули“ и „Браќа Рамиз - Хамид“ и средношколци од училиштето „Шаип Јусуф“, како и студенти Роми, а по повод „Меѓународниот ден на Ромите“, 8 Април.

Посочувајќи дека овој ден се одбележува од 1971-вата година, кога во Лондон на првиот ромски конгрес 8 Април бил прогласен за Меѓународен ден на Ромите, претседателката истакна дека еден од иницијаторите на конгресот е скопјанецот, професорот Шаип Јусуф, авторот на првата ромска граматика.

Пред присутните, таа подвлече дека Ромите се неразделен дел од нашето државно и општествено ткиво и секогаш ќе останат.

Нивната талкачка природа не случајно нашла мир покрај нас на овие простори. Тука свиле дом и тука припаѓаат. Ни се придружиле во неговата одбрана. Над 200 Роми партизани учествувале во македонската народноослободителна и антифашистичка борба и крв пролеале за слободата, потсети претседателката.

Ромите се една од најранливите заедници, потенцираше таа, но ние сме чекор напред пред сите други во одбраната на ромската рамноправност и еднаквоста. Ние сме единствената држава во која тие имаат заслужен уставен статус, општина со која управуваат и во која ромскиот е службен јазик, свои партии, реална можност за свои пратеници и министри. Но, тоа не е доволно, смета таа. Потребни се вистински, одважни чекори во одбраната на нивните права и подобрувањето на нивниот живот.

„Еден од нашите најголемите уметници, Никола Мартиновски на многу слики насликал прекрасни Ромки со деца, потсетувајќи не на нив, рече претседателката.

Според неа, Ромите се народ со немирен, нескротлив, слободарски дух и силна потреба не само од музика и игра, туку и од докажување. Скромни се и малку им треба за среќа. Мора да добијат поголеми шанси на сите полиња. Во нив се крие многу енергија и креација.

Таа ја спомена мудроста на легендарната Есма Реџепова, која ја прослави ромската, но и македонската култура ширум светот. Ги цитираше нејзините мудри и искрени зборови: „Ромите се космополити, благороден и добар народ, никогаш досега немаат никого окупирано, ниту војувано со некој. Сакаат да живеат заедно, но само доколку им се подаде рака“.

„Ние им ја подадовме едната рака, но треба и другата, ако сакаме да бидеме подобри луѓе и да градиме општество на рамноправни граѓани. Без Ромите, нема успешна демократска македонска приказна", рече таа.

Семејството на Фреди Меркјури во кавга со екс девојката- му ги продала работите (ВИДЕО)

Кашмира Булсара (73), сестра на легендарниот Фреди Меркјури (вистинско име Фарук Булсара), наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин поради продажбата на личните работи на Фреди.

Семејството на Фреди Меркјури во кавга со екс девојката- му ги продала работите (ВИДЕО)

„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба од неговата поранешна девојка“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал ​​Зук и личната асистентка тајно учествувале на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 ​​милиони фунти за некои од предметите, пишува The Sun.

„Одвоија огромен буџет“

„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, рече изворот.

YouTube video

Меѓу предметите што наводно ги купила Кашмира се џубокс, елек со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната These Are The Days Of Our Lives и осум страници работни верзии на текстот на песната Killer Queen.

YouTube video

Врската на Фреди и Мери

Да се ​​потсетиме дека Мери и Фреди се запознале во 1970 година кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди ѝ признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери како негова сопруга. Тие останаа во добри односи до неговата смрт во 1991 година.

Мафијашка егзекуција во Атина: Маж е убиен додека емитувал во живо на Фејсбук (ВИДЕО)

Египќанец (42), познат на полицијата во Грција по случаи поврзани со дрога, е убиен минатата недела во Калитеа, а својата смрт несвесно ја забележал на социјалните мрежи.

Мафијашка егзекуција во Атина: Маж е убиен додека емитувал во живо на Фејсбук (ВИДЕО)

Во моментот кога бил застрелан, мажот емитувалво живо на Фејсбук, а на видеото се гледа шокантниот момент на убиството, објави Прототема.

На местото на настанот се пронајдени пет чаури од пиштол калибар 9 милиметри, а истрагата се уште е во тек. Според достапните информации, властите го идентификувале убиениот, а карактеристично е тоа што имал повеќе имиња - можно е да се викал Абдала, Абт Ала, Абушиам или Усам, додека пронајдените презимиња се Емал, Фирас и Санте.

Имал и неколку различни татковски имиња: Болос, Билел и Хамед, како и различни мајчински имиња: Амира, Емира, Мирна и Мерна. Покрај различните имиња, тој имал и неколку различни датуми на раѓање и места на потекло - освен од Египет, поседувал и документи од Авганистан и Ирак.

Според извештаите, 42-годишниот маж претходно му бил познат на законот за случаи поврзани со дрога, а истражителите веруваат дека убиството најверојатно било нарачано од криминално милје поврзано со наркотици.

Од се уште неразјаснети причини, сторителот или сторителите му нанеле заседа и го убиле додека бил во својот автомобил во гаража од станбена зграда. Тие со возило поминале покрај него и го застрелале во главата и вратот, при што веднаш го убиле.

Во моментот на нападот автомобилот бил вклучен, а прозорецот спуштен. На местото на пукањето биле пронајдени пет чаури од пиштол калибар 9 милиметри, а истрагата се уште е во тек.

Жртвата бил татко на две деца, а според соседите никогаш не правел проблеми и не се однесувал сомнително.

Се известува и дека жителите на населбата ги разбудило врескањето на неговата сопруга, кое следело веднаш по пукањето.

Вознемирувачкото видео од убиството на 42-годишен маж можете да го погледнете ТУКА.

Тешко вооружени специјалци го чуваат автомобилот на Додик, од СИПА сакале да го уапсат

Атмосфера на опсада и целосен хаос владееше вечерва во источно Сараево.

Тешко вооружени специјалци го чуваат автомобилот на Додик, од СИПА сакале да го уапсат

Атмосфера на опсада и целосен хаос владееше вечерва во источно Сараево, каде тешко вооружените специјални сили на Министерството за внатрешни работи на Република Српска и членови на личното обезбедување на Милорад Додик го обезбедуваат претседателот на ентитетот, откако членовите на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) се обидоа да го уапсат.

Како што јавува репортер на порталот Klix.ba од местото на настанот, членовите на СИПА претходно пристигнале во Административниот центар на Владата на РС, каде што се наоѓа Додик, за да го приведат по наредба на Судот на БиХ, кој претходно имаше распишано централна потерница против него.

Портпаролот на СИПА, Јелена Миовчиќ, потврди за РТРС дека инспекторите на СИПА вечерва пристигнале пред Административниот центар на Владата на Република Српска во источно Сараево, со намера да ја спроведат наредбата за апсење на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, која претходно беше издадена од неуставната институција на БиХ.

Како што претходно објави репортерот на РТРС, инспекторите на СИПА разговарале со припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска пред зградата, кои им рекле дека не можат да издржат потерница и побарале од нив да се повлечат.

По разговорот, инспекторите на СИПА си заминале и немало конфронтација, јавува РТРС. Судот на БиХ претходно издаде налог за апсење на Додик, како и на премиерот на РС Радован Вишковиќ и на претседателот на Собранието на РС Ненад Стевандиќ.

Додик претходно денеска пристигна во Административниот центар на Владата на РС во Источно Сараево, каде што е во тек средба со градоначалникот и раководителите на општините кои го сочинуваат градот Источно Сараево.

Додик претходно во текот на денот го посети Шековиќи каде во 16 часот присуствуваше на состанокот за почеток на гасификацијата на источниот дел на Република Српска. Таа средба се одржа во општинската зграда, како што претходно соопштија од Кабинетот на претседателот на РС.

притисни ентер