Силјаноска Давкова: Ќе обезбедиме над 10 милиони евра за стипендии на студентите и услови за вработување на 50.000 млади луѓе

Во пониските степени од 2001 година не сме ги менувале курикулумите. Сега до тоа ќе дојде ми се допаѓа дека ќе се вратат стручните училишта, математичките гиимназии, професионалната ориентација.

Професорката Гордана Силјаноска Давкова носител во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ вчера во центарот на Скопје оствари средба со млади и студенти при што истакна дека одличните студенти ќе бидат ослободени од плаќање за магистерски студии, додека пак тие кои имаат просек 8 ќе бидат ослободени од докторски студии.

- Во пониските степени од 2001 година не сме ги менувале курикулумите. Сега до тоа ќе дојде ми се допаѓа дека ќе се вратат стручните училишта, математичките гиимназии, професионалната ориентација. Ако има исклучително талентирани ученици ќе се пренасочуваат во посебни паралелки, а нема да се упросеќуваат и секој во една област да најде своја перспектива, а не каде до сега како енциклопедии се да учат, изјави Силјаноска Давкова.

Силјаноска Давкова потенцираше дека владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедува работа за најдобрите 500 студенти од државните универзитети, како и ќе издвои 40 милиони евра за подобрување на студентските домови и животот на студентите во нив. Таа посочи дека студентите мора да се чувствуваат како вистински академски граѓаните и затоа со над 10 милиони евра ќе бидат издвоени за стипендирање на студентите.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ исто така се обврзува и на обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за време на целиот мандат, но и ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра како и месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер