Силен земјотрес во Јапонија

Нова катастрофа во Јапонија, по тајфунот сега земјотрес кој предизвика свлечиште.

Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо, земјотресот предизвика свлечишта , зафатени се неколку куќи.

Во земјотресот кој го погоди островот Хокаидо на северот на Јапонија и предизвика одрони и прекина на електричната енергија загинале две лица.

Одроните и свлечиштата повределе десетици лица, а делови околу градот Асума се без струја.

Десетици лица по земјотресот се пренесени во болниците, едно од лицата е потешко повредено.

Инаку потресот се случил 68 километри југоисточно од Сапоро, а Јапонската метеоролошка агенција објави дека по земјотресот нема опасност од цунами

Земјотресот кој удрил на јужната страна од островот Хокаидо во 3 часот и 8 минути по локално време бил на длабочина од 40 километри соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот бил источно од градот Томакомаиа , при потресот се оштетени неколку патишта и домови во главниот град Сапоро кој има 1,9 милиони жители.

Јапонската национална телевизија НХК пренесува дека во земјотресот се повредени 125 лица, а бројот на исчезнати е 40 . Локалната агенција за катастрофи пак информира дека се повредени 48 лица.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер