ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
1ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
2СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
СветСилен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ги погоди јужните Анди во Перу во неделата, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 66,7 километри. Peru earthquake felt in historic city of Ayacucho Estimated magnitude between 6.6-7.2 https://t.co/CREUqv14UJ pic.twitter.com/odHJGmttTq — RTVisual (@RT_Visual_on_X) August 20, 2026 Земјотресот бил почувствуван во неколку региони Земјотресот бил почувствуван во неколку региони во јужен Перу, вклучувајќи ги Ика и Арекипа. Земјотресите се честа појава во Перу, кој се наоѓа на Тихоокеанскиот огнен прстен, област со интензивна сеизмичка активност. 🚨Magnitude 6.7 earthquake shakes Peru's southern Andes, #USGS says 📌A magnitude 6.7 earthquake shook Peru's southern #Andes_Mountains, according to the US Geological Survey. https://t.co/kUtDdMoZmcpic.twitter.com/kHOJRh9XoKpic.twitter.com/sSeC8VrDSO#Ayacucho #Peru #Earthquake — ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) August 20, 2026 Земјотрес во 2007 година одзеде речиси 600 животи Еден од најсмртоносните земјотреси во поновата историја на Перу се случи во 2007 година. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени ја погоди покраината Ика, при што загинаа речиси 600 луѓе.Тагови: земјотрес Перу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЗабаваНа 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41. издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври. Повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика. Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други. „Годинава имаме навистина интересен избор на автори – докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“ “, вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот. Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОд суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаинРечиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми. Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд. Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита. Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата. Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка. Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд. Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив? Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет? Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор? Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter