Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
2Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
3Влада за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар:Од првиот момент сме во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните.
3Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
СветСилен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинатиСилен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загинаале најмалку пет лица, а неколку други беа повредени, јавува германската агенција ДПА. Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа и во Лима. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 Juli 2026 pukul 21:24:39 waktu setempat (19 Juli 2026 pukul 09:24:39 WIB). Episentrum gempa berada sekitar 14 km barat laut Huancayo dengan kedalaman 22 km. Hingga saat ini, sedikitnya 5 orang dilaporkan meninggal… pic.twitter.com/2pHTFa8uk2 — Info Gempa Dunia (@infogempadunia) July 19, 2026 Според IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција. Според извештаите, земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи и на 500 години стариот историски крст на Лорд Каникруз, а голем број локални жители побарале помош од надлежните служби, пренесува порталот Peru21.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛуксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купецЛуксузната вила што светските ѕвезди, Џенифер Лопез и Бен Афлек ја купија за време на нивниот брак повторно не успеа да најде купувач, иако, според извештаите на американските медиуми, заинтересирано лице веќе имало уплатено капар. Имотот во Беверли Хилс, кој располага со 12 спални соби и 24 бањи, првично беше понуден за 68 милиони долари; подоцна цената беше намалена на 52 милиони долари, а последната барана цена изнесуваше 49,95 милиони долари. Тоа е значително помалку од 60,85 милиони долари што поранешните сопружници ги платија за овој огромен имот во 2023 година. Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално го финализираа својот развод на почетокот на 2025 година, по обновената романса и двегодишниот брак што привлече големо внимание во јавноста. Според извештаите на американските медиуми, Афлек веќе го пренел својот сопственички удел на својата поранешна сопруга, што значи дека приходот од евентуална продажба ќе ѝ припадне нејзе, иако е речиси сигурно дека притоа ќе се претрпи финансиска загуба. Вилата – која меѓу другото располага со базен, терени за кошарка и пиклбол, боксерски ринг, теретана, луксузен пентхаус за гости и паркинг за 80 возила – моментално повторно е повлечена од понудата, па не се знае кога повторно ќе се најде на пазарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Шоу бизКејти Холмс има ново момче, девет години помлад од неаСпоред дел од светските медиуми холивудската актерка Кејти Холмс повторно ја пронашла љубовната среќа. Актерката беше забележана на проекцијата на филмот „The Invitation“ во Ист Хемптон во друштво на уметникот од Њујорк, Боби Вутен Трети – иако во првичните извештаи тој погрешно беше идентификуван како Џејсон Бирд Џармоски. Парот пристигна на настанот држејќи се за раце, со што не оставија многу простор за шпекулации околу природата на нивната врска. „Џејсон ѝ шепотеше на уво, а таа се смееше цела вечер. Изгледаа многу опуштено заедно“, изјави извор за списанието „People“. По проекцијата, Кејти Холмс и нејзиниот придружник се упатија на забава во ресторанот „The Boathouse“, каде што продолжија да се дружат со пријателите. Актерката Кејти Холмс е широко позната по бракот со Том Круз – или поточно, по нивниот скандалозен развод. Еден од најпознатите холивудски парови беше во брак само шест години, а веста за нивниот развод во 2012 година многумина ја дочекаа со изненадување. Холмс ретко зборува за својот поранешен сопруг; се шпекулира дека таа поднела барање за развод поради силното влијание што Скиентологијата го имала врз Круз. Според достапните информации, тој во последниве години ниту еднаш не се видел со својата ќерка Сури. Оттогаш, Холмс беше во врска со актерот Џејми Фокс, а се поврзуваше и со музичарот Боби Вутен, наведува списанието „Hello!“.Тагови: кејти холмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Хамилтон сподели интимни моменти со Ким КардашијанСедумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, сподели нови фотографии на социјалните мрежи на кои позира со својата девојка американската старлета, Ким Кардашијан, со што дополнително го привлече вниманието на јавноста кон нивната врска. Фотографиите се направени за време на заеднички одмор покрај езеро во САД, каде што парот поминувал време со членови на семејството Кардашијан и со нејзините деца. Овие објави следуваат откако Ким во изминатите денови сподели неколку заеднички фотографии на Инстаграм – вклучително и селфи со Хамилтон – додека тие продолжуваат јавно да споделуваат моменти од својата врска. Врската привлекува значително внимание во јавноста. Хамилтон и Кардашијан со месеци се во центарот на вниманието на светските медиуми, а својата врска ја обелоденија претходно оваа година, по неколкумесечни шпекулации. Според извештаите на американските медиуми, двајцата се познаваат со години, но романтична врска започнале на почетокот на 2026 година, по што почнале заедно да се појавуваат на разни јавни настани и патувања. Нивните нови заеднички објави предизвикаа бројни реакции кај следбениците, а фановите и медиумите со голем интерес продолжуваат да го следат развојот на една од најекспонираните врски во светот на спортот и шоу-бизнисот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter