3Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
СветСијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи.Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи, но дека Унгарија останува посветена на својата позиција дека се потребни преговори, врз основа на американско-рускиот договор, за да се запре војната. Сијарто рече дека Брисел ја покренал идејата за заобиколување на унгарското вето за да може да обезбеди дополнителна помош за Украина. Тој за РТ изјави дека Унгарија во текот на изминатите три години јасно стави до знаење дека нема решение на бојното поле за украинскиот конфликт, кој може да се запре само преку преговори. „Претходната американска администрација фаворизираше војна, додека претседателот Доналд Трамп сака мир“, рече Сијарто, пренесе агенцијата МТИ. Тој нагласи дека Унгарија високо ги цени тековните преговори меѓу САД и Русија. Сијарто истакна дека добрите односи меѓу Вашингтон и Москва се добри за глобалната безбедност. „Светот стана многу побезбедно место благодарение на Трамп. Ризикот од ескалација е далеку помал отколку за време на администрацијата на Бајден“, оцени Сијарто. Според него, Централна Европа „сега е многу поблиску до мирот отколку кога било во изминатите три години“. Сијарто рече дека лидерите на ЕУ спроведоа „многу лоша стратегија“ од избувнувањето на војната во Украина, нанесувајќи им штета на европската безбедност и економијата. „Секогаш ќе постапуваме во согласност со нашите национални интереси“, рече Сијарто, оценувајќи дека тоа е „непријатно за повеќето европски либерали“, пренесе Телеграф.Тагови: сијарто војната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЕвропаЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за ГренландЕвропската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук. Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДеветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемијаУчениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.Тагови: дигитални учебници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07