Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЗабаваСидни Свини со жешка сцена во трејлерот за „Еуфорија“ ги залуди фановите (ВИДЕО)Долгоочекуваниот трејлер за третата и последна сезона од популарната серија на HBO „Еуфорија“ е објавен, а според првите снимки, гледачите ја очекуваат најинтензивната сезона досега.Фокусот повторно е на Сидни Свини, или поточно на нејзиниот лик Кеси, која минува низ голема и прилично драматична промена. Трејлерот ја прикажува Кеси во костим на зајаче од Плејбој како провокативно позира пред камерата, па веднаш се прошири приказната на интернет дека таа ќе заработува пари во новата сезона како креатор на содржини за возрасни на платформата OnlyFans, објавува TMZ. Ситуацијата е дополнително комплицирана кога нејзиниот свршеник Нејт, кој го игра Џејкоб Елорди, ја наоѓа на средина од снимањето и е јасно дека воопшто не му се допаѓа. „Само создавав содржина“, му вели Кеси. 18+ сцени во кои таа позира за содржина на OnlyFans станаа хит и предизвикаа жестоки реакции. Сцените го запалија интернетот Овие снимки веднаш ги запалија социјалните мрежи и предизвикаа лавина од коментари. Дел од публиката ја критикува Свини затоа што, како што велат, таа повторно се појавува во улога што вклучува соблекување. „Може ли да направи нешто без да се соблече?“ напиша еден корисник на X. Други застанаа во нејзина одбрана или едноставно се пошегуваа. „Знаејќи ги нејзините силни страни“, коментираше еден, додека друг рече: „Таа ќе се истакне во улогата“. Некои признаа дека ќе ја гледаат серијата токму поради неа. „Одеднаш ми се допаѓа Еуфорија“, се пошегува еден коментатор, додека друг додаде: „Само го гледам ова“. Што носи последната сезона? Третата сезона скокнува пет години нанапред и ја следи Ру, играна од Зендаја, додека таа сè уште се обидува да се собере по сè што ѝ се случи и да го врати својот живот под контрола. Трејлерот, исто така, го потврдува враќањето на остатокот од екипата, вклучувајќи ги Џулс, Лекси и Меди. Последната сезона од серијата на Сем Левинсон пристигнува на HBO на 12 април. Успешна година за Сидни Свини Ова е веќе голема година за 28-годишната Свини, а наскоро има неколку филмски проекти. Меѓу нив се боксерската биографија „Кристи“, се споменува и можна улога во продолжението на „Ѓаволот носи Прада 2“, како и продолжението на „Слугинката“ наречено „Тајната на куќната помошничка“. Во придружното интервју, таа зборуваше и за стравовите од кариерата. „Има многу работи што ме плашат, но тоа не ме спречува“, рече таа. „Обично, кога нешто ме плаши, го правам тоа. Се плашам од висина, но скокнав од авион со падобран. Цел пат врескав, но потоа сакав повторно да го направам тоа“.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАИсториски меч за Виктор Вембањама во НБАЅвездата на Сан Антонио, Французинот Виктор Вембањама испиша историја во НБА во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.Францускиот кошаркар Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс во ноќта меѓу саботата и неделата, при што забележа 50 поени, 18 скока, 4 украдени топки и 5 блокади! Тој стана првиот играч во историјата на НБА со ваква статистика, а ова „чудо“ од Франција е главна вест на речиси сите светски портали. Вембањама им се придружи на Вилт Чемберлен, Ентони Дејвис и Боб Мекаду како четвртиот играч во историјата кој имал повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени, 15 скока и 5 блокади. Како што веќе известивме, ова е првпат по 53 години некој да оствари 4 украдени топки и 5 блокади на еден НБА натпревар, покрај 50 поени и 15 скока. VICTOR WEMBANYAMA BECOMES THE FIRST PLAYER SINCE 1973-74 TO RECORD 50+ PTS, 15+ REB, 4+ STL AND 5+ BLK IN A GAME! 🤯 50 PTS 🤯 18 REB 🤯 5 BLK 🤯 4 STL 🤯 5 3PM 🤯 32 MIN SPURS WIN THEIR 14TH IN 15 GAMES. https://t.co/lPKk3jYNjL — NBA (@NBA) November 22, 2026 Ова е вторпат во ноември Вембањама да постигне 50 поени на еден натпревар, бидејќи на 4 ноември против Далас тој веќе имаше 52 поени и 24 скока! Тогаш тој стана првиот играч по Боб Мекаду кој остварил 50 поени и 20 скока на еден НБА натпревар. Како играч на Бафало Брејвс (претходникот на ЛА Клиперс), Мекаду имаше 52 поени, 22 скока и 7 блокади!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим Јонг Ун поставил услови за средба со Трамп?!Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за време на неговата неодамнешна турнеја низ Азија, сè до последниот момент инсистирала на организирање средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Сепак, тоа не се случи, изјави денес официјален претставник запознаен со преговорите. Според официјални лица, двете земји ја разгледувале можноста за лична средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун, но Северна Кореја поставила услови што биле неприфатливи за САД, пренесува „Волстрит џурнал“. Официјалниот претставник не наведе какви услови побарала Северна Кореја. Од друга страна, претставник на администрацијата на Трамп ги демантираше извештаите дека имало обиди за организирање средба со севернокорејскиот лидер. Белата куќа, исто така, соопшти дека нема промена во нејзиниот постоечки став во однос на денуклеаризацијата на Северна Кореја. Кон средината на ноември, Трамп учествуваше на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, како и на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенжен, Кина, каде што одржа историска трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин. Обидите на администрацијата на Трамп да организира самит меѓу Северна Кореја и САД продолжуваат уште од минатата година, при што Трамп се обидел да стапи во контакт со Ким Џонг Ун преку постоечките телефонски мрежи и комуникациски канали, но никој не одговорил. Потоа, Трамп му напишал писмо на севернокорејскиот лидер, но тоа не му било соодветно врачено. Според официјални лица, претставници на Белата куќа испратиле курир пред мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации во Менхетен, Њујорк, за да му го предаде писмото директно на некој севернокорејски дипломат; сепак, дипломатот подоцна го оставил неотвореното писмо пред американскиот претставник во салата за состаноци на ОН.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотУдар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становитеГрадскиот совет на Њујорк предложи закон според кој поседувањето или користењето батерии за електрични велосипеди и скутери што не ги исполнуваат безбедносните стандарди би се третирало како тешко кривично дело,.Градскиот совет на Њујорк предложи закон според кој поседувањето или користењето батерии за електрични велосипеди и скутери што не ги исполнуваат безбедносните стандарди би се третирало како тешко кривично дело, а исто така би се забранило и чувањето на такви батерии во станови. Градските власти предложија нови мерки поради порастот на бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии во станбените делови на Њујорк. Според „Њујорк тајмс“, од почетокот на годината досега, бројот на вакви пожари е за околу 70 отсто поголем во споредба со истиот период минатата година. Претставници од администрацијата на градоначалникот Зоран Мамдани, како и од Противпожарната служба на Њујорк, упатија критики кон предлозите за построги законски ограничувања. Тие наведуваат дека ваквите мерки би ги казниле луѓето што секојдневно користат електрични велосипеди и скутери за патување, како и доставувачите со ниски примања. Извештај на Комисијата за безбедност на потрошувачки производи на САД, објавен во април, утврди дека во периодот од 2017 до 2024 година, во Соединетите Држави се случиле 45 смртни случаи поврзани со пожари предизвикани од литиум-јонски батерии. Од нив, 19 се поврзани со електрични велосипеди, 15 со електрични тротинети, а 11 со самобалансирачки скутери, познати и како „ховерборди“. Проблемот е особено изразен во Њујорк, каде што бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии оваа година достигна рекордно ниво. Според податоците на противпожарната служба, на кои се повикува Градскиот совет, до почетокот на ноември биле регистрирани 406 вакви пожари, во споредба со 241 пожар во истиот период минатата година.Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook