Златното крзно на малата лавица има остатоци од кал, но е неоштетено. Нејзините заби, кожа, мекото ткиво и органите се мумифицирани, но недопрени. Иако последен пат ги затворила очите пред 28.000 години, канџите и понатаму се доволно остри за да ги искасаат научниците кои ја проучуваат.
Сибирската лавица Симба, наречена Спарта, е едно од двете младенчиња од пештерски лавови - изумрени големи мачки што шетале по северната хемисфера - пронајдени во 2017 и 2018 година од ловци на мамути, на брегот на раката Самуелјак, на крајниот исток на Русија.
Научниците првично мислеле дека младенчињата се поврзани затоа што се пронајдени на 15 метри едно од друго, но новата студија сега покажала дека не се, односно дека разликата меѓу нив е 15.000 години. Борис, второто младенче, има 43.448 години.
"Спарта е веројатно најдобро зачуваното животно од леденото доба некогаш пронајдено. Тоа е повеќе или помалку недопрено, освен што неговото крзно е малку смачкано. Дури и мустаќите му се исправени. Борис е малку повеќе оштетен, но исто така е во добра состојба". рече Лов Дален, професор по еволутивна генетика во Центарот за палеогенетика во Стокхолм и автор на новата студија за младенчињата.
И Борис и Спарта имале еден месец или два кога починале. Се уште не е позната причината за смртта. Истражувачкиот тим на руски и јапонски научници вели дека немало знаци дека биле убиени од предатор.
Снимките покажале дека и двете младенчиња имале оштетување на черепот, изместени ребра и други оштетувања на скелетот.
"Со оглед на тоа колку беа добро сочувани, тие биле брзо закопани. Можеби се убиени при свлечиште или паднати во пукнатина на вечен мраз", вели Дален. "Големи пукнатини се формираат во вечниот мраз за време на сезонското одмрзнување и замрзнување".
Во последното ледено доба, Сибир не бил толку пуст како што е денес. Мамути, волци од тундрата, мечки, волнени носорози, бизони и антилопи шетале низ областа, како и пештерските лавови - нешто поголеми роднини на денешните африкански лавови.
Не е познато како пештерските лавови се прилагодиле на суровите височини, брзите климатски промени, силните ветрови и ледените ноќи.
Студијата, објавена во списанието Quaternary, покажа дека крзното на планинските лавови е слично, но не е идентично со крзното на младенчињата од африканскиот лав. Младенчињата од леденото време имаат дебело подвлакно што ги чувало од студ.