„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“ - Канал 5

„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“

„Range Rover“ не се плаши од кинеските конкуренти: Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе.

„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“

„Jaguar Land Rover“ не е загрижен за кинеските теренски возила чиј дизајн наликува на „Range Rover“. Компанијата верува дека новите конкуренти од Кина, без оглед на квалитетот и привлечната цена, сè уште не можат да понудат исто наследство и признание на луксузниот британски бренд.

Меѓу моделите што најчесто се споредуваат со „Range Rover“ се „Jaecoo J5“ и „J7“, кои беа наречени „Range Rover од Тему“ поради нивниот сличен дизајн, пишува „CarScoops“.

Мартин Лимперт, глобален директор на брендот „Range Rover“, вели дека всушност ги гледа таквите споредби како комплимент.

„Ако другите брендови го копираат нашиот дизајн, тоа е сигнал дека нашиот дизајн е инспирација во светот на луксузните автомобили“, рече Лимперт. Тој додава дека е важно „Range Rover“ да остане оригинален и да продолжи да го развива својот дизајн.

Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе

Лимперт верува дека купувачите го избираат „Range Rover“ затоа што го сакаат „најдоброто од најдоброто“ и се подготвени да платат повеќе за него.

Брендот се потпира на повеќе од пет децении развој, британско потекло, искуство во дизајнот и инженерството.

Токму наследството и репутацијата претставуваат голема предност во однос на производителите кои штотуку влегоа на пазарот на луксузни автомобили.

Кинеските производители, сепак, се сè поуспешни во привлекувањето клиенти во попристапни сегменти, првенствено благодарение на односот цена-опрема.

Во луксузната класа, ситуацијата е поинаква бидејќи клиентите честопати се многу полојални на брендовите на кои веќе им веруваат.

Затоа, „Range Rover“ планира дополнително да ги диференцира своите модели од конкуренцијата. Еден пример ќе биде новиот „GT“, петтиот модел во гамата на брендот, кој ќе има значително поинаква, ниска каросерија.

Иако кинеските производители сè повеќе напредуваат, „Range Rover“ верува дека неговото наследство и имиџ ќе продолжат да бидат важни аргументи при купување луксузен „SUV“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер